Лига на Шампиони 2016/17

Ќе ИДЕ ли Вардар у Келн бе пеер?


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Интересна екипа биле Брага.Доста брзи се,имаат добар проток на топката и се доста воиграни.Играат на гол повеќе,исто како Бешикташ. Доне од Бешикташ си гази,а и пикерот растура.Исто десниот бек на Брага е солиден.
Овој Доне втора сезона растура со голови. Интересно е што на Брага сите им се Португалци во тимот, лани Бенфика освои Челенџ ако не се лажам, а репрезентативно уште играат претквалификации шо се вика. Ма да ни Челенџ купот ни слабиве групи у ЛШ не се прави мерило.

28-24 40мин:pos:,кошарка:uzi:
Некни Мешков и Веспрем у СЕХА одиграле 16-19, појма неам од кога неам видено толку неефикасен резултат, ко пред 10 години утакмица. :D
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.376
Поени од реакции
6.911
Интересно е што на Брага сите им се Португалци во тимот, лани Бенфика освои Челенџ ако не се лажам, а репрезентативно уште играат претквалификации шо се вика. Ма да ни Челенџ купот ни слабиве групи у ЛШ не се прави мерило.
Брага го освоија Челинџ лани со победа во финалето против Бенфика на Николче Митревски. Послеа тоа си ја освоија титулата и годинава преку квалификации во ЛШ. Екипа во подем се.

Општо ракометот во Португалија во последниве години оди во нагорна линија. Не е само на клупски план има напредок и на репрезентативен ама за да биде опиплив треба време. Засега е повеќе во младинска конкуренција каде на пример се во А дивизија заради подобри резултати, а нас не ставија во Б дивизија. А во сениорска не се имаат пробиено до првенство сеуште во поново време бидејќи е голема конкуренцијата има 20-25 квалитетни екипи во Европа веќе (што имаат шанси какви такви за пласман на првенство) и ако се падниш во тешка квалификациска група, тешко до пласман. Блиску се последниве години до пласман не се наивни воопшто. Пример квалификациите за европското 2016 завршија 3ти во групата со порази од по 1 разлика 2 пати од Унгарија и 2 разлика и 5 разлика од Русија. За светското во Франција го тепаа дома Исланд 1 разлика во баражот ама на гости загубија 3.

Се на се тука се некаде, наскоро ништо чудно и да се пласираат на првенство.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Нант бетер и од Бешикташ и Брага.Од овие (би рекол просеци) примија 20 парчиња во 36 минути.:eek::eek::eek::eek: За минута и пол од 17-16 17-20.

Мотор ниедно исклучување,балет играат. Нант две исклучувања и 5 гола примија.Мизерни се,Клајн е само добар.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Нант бетер и од Бешикташ и Брага.Од овие (би рекол просеци) примија 20 парчиња во 36 минути.:eek::eek::eek::eek: За минута и пол од 17-16 17-20.

Мотор ниедно исклучување,балет играат. Нант две исклучувања и 5 гола примија.Мизерни се,Клајн е само добар.
Не се нешто посебно Нант, немаат којзнае каква игра. Играат јака одбрана, претежно на домашен терен, ја умртвуваат играта како Металург во минатото. На гости се многу поразличен тим, знаат и со многу послаби тимови да губат.

Сепак за во оваа група што се, треба да се прошетаат до првите две места. Димулин/Сифер голмани, Клајн и Гурбиндо (мада денес повеќе бек го играат) се топ крила за ваков клуб, тука се и Дерот, Клер, и има уште по некое бекче кое знае да распуца. Ќе се прошетаат во групава, ама понатаму ќе јадат попара.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.376
Поени од реакции
6.911
Не се нешто посебно Нант, немаат којзнае каква игра. Играат јака одбрана, претежно на домашен терен, ја умртвуваат играта како Металург во минатото. На гости се многу поразличен тим, знаат и со многу послаби тимови да губат.

Сепак за во оваа група што се, треба да се прошетаат до првите две места. Димулин/Сифер голмани, Клајн и Гурбиндо (мада денес повеќе бек го играат) се топ крила за ваков клуб, тука се и Дерот, Клер, и има уште по некое бекче кое знае да распуца. Ќе се прошетаат во групава, ама понатаму ќе јадат попара.
Гурбиндо е бек нема ништо чудно што игра како десен бек. Барселона го играа како крило во тие нивни експерименти ала Митков на десно крило кај Обрван, со цел да го чуваат Кире.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Гурбиндо е бек нема ништо чудно што игра како десен бек. Барселона го играа како крило во тие нивни експерименти ала Митков на десно крило кај Обрван, со цел да го чуваат Кире.
Знам тоа, и одбрана играше на позицијата на Кире. Многупати и кога не беше Кире на терен, знаеше Гурбиндо да игра како крило. Него некни Нант кога играше со Сент Рафаел полуфинале во купот на шампионите во Франција, Гурбиндо играше како крило, затоа и мислев ќе го играат повеќе како крило.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Криминално судеа судиите последните 5 минути.Дали им беше страв од војската или ... :uzi: И деца под 10 години во војничко облечени втф.:чда:

25-24 водство Нант,Клер дава гол и го поништија поради пробивање,а двајцата играчи на Мотор еден од друг разделени минимум метар и + двајцата во голманскиот простор.Мизерна одлука. После тоа Гурбиндо изнудува седмерец,а 2-3 играчи жестоко го оборија доле и никому ништо.Чисти две минути беа во прашање.Го промашуваат пеналот и после тоа се одби топката и по нецели 2-3 секунди пробивање од пикерот.:pos::facepalm:

Играч на натпреварот Јерко Матулич :popce:.Еј слепецот стигнал до Нант и игра ЛШ.:eek: Овој ни за во Извиѓач не е .Во последните 3 минути пенал и зицер од крило промаши,при нерешен резултат. Го имаш Клајн,Гурбиндо,Клер а го ставаш Матулич да изведува седмерци ..

Киреев прво полувреме муви бркаше(сигурен сум дека не одбрани ниеднаш),второ стандард бранење строго еден на еден.Можда 10 одбрани имаше.На Клајн 4-5 пати му одбрани.:shook:

Тешки дудуци испаднаа Нант,од 17-20 натаму ги газеа,ама играа без ум.Го форсираа претерано Клајн,никаква игра за пикер или влез на седум.Шут од далеку или Клајн тоа беше.

Клајн 8/15 ..Второ се откина од промашување.. Бутино од олку шутеви минимум 13 гола ќе дадеше.:kuracc:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Почело је.
Првите 4 текми,3 во лузерските групи и една во богататата конкуренција(иако Кадетен не се за таму сигурно)донесоа претежно израмнет ракомет,горе долу тука се повеќето екипи.
Бешикташ во средата одигра ревијален меч,и благодарение на криминалната одбрана на Брага во првиот дел успеа да добие,во второ беше друга песна и примија само 12 гола,пола од нив ги закуца Прибак со солопробиви.
Брага е опасна екипа,ќе имаат што да кажат на домашен терен во Португалија,ако ја поправат играта во одбрана и на гости ќе бидат многу опасни,
Малку фалеше сите вчерашните мечеви да завршат нерешено,ако успееше на крај Кадетен да направи нешто повеќе во тие последни напади,но само со еден играч,Габор Часар не ја прај есента(во случајот).
Нант на прв поглед ми се гледаат како послаби од лани,сепак Шкоф,Брадата беа долгодишни заштитни знаци на клубот и нема да биде лесно да се заменат,сепак зедоа солидни играчи,Сирил Димула и Сиферт на гол,Доминик Клајн како замена за Брадата,треба да се средат,сепак Мотор не е слаб тим,во никој случај,Пуковски,Шелменко и компанија,опасна екипа,плус цела Украинска армија зад себе.:uzi:
Викендов се поинтересните утакмици
Мешков-Киелце
За почеток на денот,бранителот на Титулата ќе си ја проба силата со една многу сериозна екипа,тешка пара фрла тој газдата на Мешков,секоја година се поголем и поголем е буџетот.
Сезонава се чини се најсилни од постоењето,чкрипеа на лев бек,пополнуваа со Никола Манојловиќ,па експериментираа со Камишик:pos:,сеа се далеку поконкретни,Џамали е топ лев бек,кој е многу потценет и не знам зошто нема место во Веспрем за еден ваков пуцач,а има за Слишковиќ,ама сигурно има некои бубачки Арапот:pos:,плус Острушко како бекап,сериозна двојка шутери.
На центар Атман и Николенкау+Татаринцев,опасен играч,сериозна постава е ова,на десен суртукот Кристопанс кој од година во година се делка,за таа ненормална киклопска висина страшна техника има лудакот+Шилович како бекап,страшна постава бекови,пикер мечето Растко Стојковиќ,не треба да се трошат зборови за него,крила добри,сјачаа со Растко Продановиќ на десно крило,покрај Рутенка Џуниор,лево Разгор и Вукиќ,на гол се поопасниот и постабилен Иван Пешиќ,опасен голман,школовам,добро се поставува,затвора агол,прилично крупен е,и добро затвора агол,некоја мини верзија на Штербик,а и физички личат по малце:pos:,замена орелот Раде Мијатовиќ кој смени 5милиони тимови,и Чарапенка,дрим тим за Источно Европски услови,овие ти се замена за Медведи на времето.
Киелце од друга страна на Супер Глоуб турнирот во Доха имаше проблеми,посебно беа Јурецки кој а аут губат на свежина во пуцачката линија,само со Карол не оди толку лесно,исто и Бомбач беше аут,па се виде разликата,Зорман за годините е петка играч,ама мора да одмара,Јуркевиќ полека се враќа во ритам,по ОИ,ама и тој е ровит и му треба време,иначе е опасен играч,засега од новајлиите најдобро се снајде Ивиќ,се навикна добро и има перспектива во детето.
Тежок меч,иако Киелце е фаворит сепак треба да има борба,и лани Мешков го изнамачи Талант,дури во последните 15ина минути ги скршија,денес се е можно.типувам на тесен резултат овде.
Фленсбург-Веспрем
Шлагерот на денот,можеби и на колото,Фленсбург е во страшна форма,парче прават се пред себе,немаат пораз од финалето на купот на 1ви мај(кога ме заебаа мене нормално):kuracc:.
Минатата недела го размонтираа РНЛ среде Манхајм,
Од друга страна Веспрем се бара на почеток на сезона,не им цветаат рози,го сркнаа машки од Вардар,а загубија и сензационално во домашната лига од Ѓунеш,како да се влезени премногу несериозно на почеток,ама со овие нема играње,и лани Фленсбург беше во форма,па за едно полувреме среде Кампус Хале успеа Веспрем да ги размонтира.
Нема заебанција со овие,како стара пушка се,ако се распукаат нема бегање,според мене го имаа убедливо најскоцканиот ростер во Европа,само изгледа Сабате е како Индијанец во екипата и нема авторитет врз оние главни МАНГУПИ во тимот како Ласло,Илиќ,Ренато итн,па се случуваат триста глупости,како ланскиот пораз од Киелце,кога поебаа водство од 9 разлика за само 15ина мин.
Треба да е отворен меч,Фленсбург е фаворит,домашен терен,добра форма,но според мене Веспрем е посилен тим(барем на хартија),ќе видиме дали кај старците ќе проработи инаетот,сепак се зависи од Илиќ,Ласло,овие ако не играат џабе е се.
Како и да е,вистински дерби меч,како за почеток
Металург-Елверум
Античките се подобри овде,нема дилема,изгледа Стариот конечно ја пронајде екипата,Арсиќ се покажа засега како топ голман,опасен,секоја чест,се гледа зошто е земен за српска репка,ДупјачанецОН нека си го пакува куферите за Прилеп МОРЕ ЧОЕК:D,,Орката полека фаќа ритам,се делка,и Нелоски добива минутажа,Младеновиќ е многу интелегентен играч,добро движење,може да покрие на повеќе позиции,се гледа дека има примено од Швабите,сепак 5 години да играш таму не е заебанција,Обрадовиќ брка работа за одбрана,долги раце,висок,за напад малку повеќе глуми,ама се подобрува,единствено штета(засега)шо минутажата на Кузмановски е минимална,а баш сега требаше детето да испука и да се изделка,ама во ваква конкуренција не знам како ќе оди.
Десно Велковски доста ветува,да поработи малку на скок шутот се прај добар бек од детево.
Се на се добра екипа,треба да се подобри од лани,уште еден пикер да довлечкаа шо ќе игра два правци и ќе се движи подобро околу линијата ,а не да ја ГАЗИ НА СЕКОЕ :pos: како Жарета ќе беа опасни,:icon_mrgr:
Елверум без Лука Митровиќ не се ништо посебно,не знам дали остана Стегавик,дечкото на Хурем шо игра за Вардар,се шушкаше дека и тој ќе идел со неа во Скопје,гледам го нема во состав,левото крило Линдбое е играч кој вреди да се спомни,се друго тежок просек,треба Чиката лесно да прокнижи 3 бода.
ЦЕЛЕ-ППД ЗАГРЕБ
Балканското ОЛД ФИРМ дерби,ривалство шо трае децении наназад,не е како на времето кога ептен беа закасани,ама и сеа се одржува.
Се очекува полна Златород Арена во Цеље,двете екипи имаат претежно млади состави,со по некој старец да ги држи работите под контрола.
Цеље има многу опасна млада екипа,Блаж Јанц е играчиште,уште сега на 19,20 години,Маргуч Џуниор на десно крило,Миха Заребец на плеј,лев бек Мачковшек,десен Жига ,Млакар,опасна бековска линија,пикер Вид Потеко,касап во одбрана,заедно со Бабаршкаш,иако не можат да се пофалат со некоја гранитна одбрана,лево крило,добро познат Лука Жвижеј,кога го видов се зачудив,објавија дека потпишал за ПСЖ,ама изгледа ништо.
Загреб од друга страна,со речиси истата екипа од лани,засилени со Вори на пивот,и словенската тројка Миклавчич,Скок и Цингесар,ќе фали Павловиќ во секој случај,со Јосип Валчиќ нема да одат така лесно нападите.
Се очекува тежок меч,израмнет,најверојатно со многу малку голови,познавајќи го Вујо и неговиот стил на игра,и пред се немањето доволна ротација на бек заради повредите на Павловиќ и Шебетиќ.

Шансите се 50-50% со мала предност за Загреб според мене,пред се заради подобрата игра во одбрана,знаат да ја убијат играта на противникот,Цеље е брз тим,кој негува отворен,напаѓачки ракомет,Загреб е спротивно од ова,па во меч со многу технички грешки повеќе шанси би имал Загреб,навикнати се на ова.
Како и да е,вистинско дерби е ова,и треба да е меч за уживање.
Недела
Кристианстад-Вардар

Ќе ги уништи Вардар Швеѓаните,нема збор тука,од онај лански состав на Ола Линдгрен не остана речиси ништо конкретно,треба да е лесна победа за Вардар.
Холстебро-Динамо
Меч на два дебитанти,овде се е отворено,иако Данците се фаворити,сепак се домаќини:icon_mrgr:
Монпеље-Прешов
Монпеље е непознаница сезонава за мене,како ќе се покажат сеа ќе видиме,без Гајиќ нема да е исто,но се врати Гребиј,го зедоа БИНГО:pos:,Ѓупакот шо го изрешета Металург пред 6,7 години:uzi:,на голот на местото на Сиферт дојде младиот Никола Портнер,син на прославениот Златко Портнер,соиграчот на Вујо од славната Металопстика,добро голманче,се покажа во Кадетен/
Треба да е чист кец оваа,со солидна разлика,Татран се дупка сезонава.
Сегед-РНЛ
Уште едно дерби,на два стари познаници,досега Сегед редовно ги шлакаше Швабите дома,како ќе е утре ќе видиме,сепак Сегед претрпи целосен ремонт и сеуште не се конкретни.
За разлика од нив РНЛ речиси со истиот состав напаѓа,иста игра,со освежување на лево крило во Гудјон и Декица +Паличка наместо Борко,
Го примија машки од Фленсбург,за грев беа,кога ќе се затвори средината и ќе се остави индивидуално да решава Енди се губат.
Ако играат така и во Сегедин ќе го примат,без разлика на тоа шо Сегед сеуште се бара,сепак домашен терен,не е заебанција,а немаа курташак тим Унгарците,ќе искористат грешка сигурно,треба да е поблиску Сегед до победа.
Висла-Барса
Уште еден навидум неизвесен дуел,иако Барса е апла фаворит,ама некако не играат на почеток сериозно,со Ла Риоха се мачеа,иако Асобал лигата и сериозност се два различни поими,сеуште се во фаза на уигрување на тимот,многу нови фаци во бековска линија,ќе треба време.
Висла е солидна екипа,сеа со нов тренер.ќе видиме како ќе изгледа сето тоа,сепак дома се опасен тим,треба да покажат заби.
КИЛ-ПЕ СЕ ЖЕ
Второто дерби на колото
Овде типувам на победа на ПСЖ,иако и тие некако се бараат,посебно по тој пораз од Фуше која поебаа разлика од +7 во финалето во Доха,ќе треба време и за нив,доста нови играчи,сеуште има некои повредени играчи како Бараше,Абало,новите фаци на тие позиции Степанчиќ,Ремили не се влезени во шема.
Сепак поквалитетен тим е Париз,нема дилема овде,иако во Шпаркасе арена,против Кил никој не е фаворит,
Сепак,Хансен,Карабатакот ако се во шема,плус лудакот Тити на голот,.тука треба да е разликата,сеа со Јеспер Нилсен добија и на цврстина во одбраната,плус можат да го одмараат Карабатокот ,да не игра цело време и одбрана,плус како бекап тука е ЕРФРАНС,а и Уве полека се вклопува.
Кил по повредата на Дисинџер остана без многу избор на лев бек,останаа на децата Билик и Нилсен,добри деца се ова,нема дилема,квалитетни,надежни,ама сеуште се зелени за еден ваков тим,посебно не за прва постава,но ќе напредуваат сигурно,во ова нема дилема.
Како и Псж и Кил доживеа еден непланиран пораз во лигата,од Вецлар,а и со Штутгарт се мачеа долго време,ќе треба време да се уиграат,силата на Кил е во голманите,сеа со Волф го имаат можеби најдобриот тандем голмани во светот.
Фали една замена за Кркмата,но има сила за 60 минути кркмата,не е за жалење:icon_mrgr:.
Треба да е добар меч,интересен,до самиот крај,типувам на победа на ПСЖ,тесна,ама заслужена.:icon_mrgr:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.656
Поени од реакции
4.298
@Tomasino На Стегавик му бараат клуб низ Скопјево. За Вардар е преслаб, Металург глумат „гордост“ и не сакаат да земат играч што би играл за нив затоа што женската му е кај нас, последна шпекулација беше дека ќе иде во Тинекс Пролет, ако е така секоја му чест колку е заљубен и на што би се спуштил ради девојката. :ROFLMAO:
Ма да не знам зошто нашиве не би му излегле во пресрет и му понудат место во Јуниор и онака екипата нема многу врска со името Јуниор.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.376
Поени од реакции
6.911
@Tomasino На Стегавик му бараат клуб низ Скопјево. За Вардар е преслаб, Металург глумат „гордост“ и не сакаат да земат играч што би играл за нив затоа што женската му е кај нас, последна шпекулација беше дека ќе иде во Тинекс Пролет, ако е така секоја му чест колку е заљубен и на што би се спуштил ради девојката. :ROFLMAO:
Ма да не знам зошто нашиве не би му излегле во пресрет и му понудат место во Јуниор и онака екипата нема многу врска со името Јуниор.
Тинекс Пролет со засилување од тим од ЛШ!!!!!

Инаку нема што да бара Стегавик во Вардар и Металург. Не е доволно квалитетен за Вардар, а тотоално непотребен е на милион бекови со сличен или поголем квалитет во Металург.

Јуниор е можна опција, ништо чудно така и да испадни, а не би ме изненадило и на печалба во Катар на неколку месеци да оди па останатото време ќе си седи Скопје...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.656
Поени од реакции
4.298
Тинекс Пролет со засилување од тим од ЛШ!!!!!

Инаку нема што да бара Стегавик во Вардар и Металург. Не е доволно квалитетен за Вардар, а тотоално непотребен е на милион бекови со сличен или поголем квалитет во Металург.

Јуниор е можна опција, ништо чудно така и да испадни, а не би ме изненадило и на печалба во Катар на неколку месеци да оди па останатото време ќе си седи Скопје...
Златна папуча :D
Инаку Металург го спомнав затоа што можеа да го соберат уште во мај кога се знаеше дека Херем доаѓа кај нас, сега се согласувам дека со Младеновиќ го добија тоа што им требаше.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Мешков води 14-11 на полувреме. Пешиќ скина неколку топки, исто и на другата страна Ивиќ беше солиден. Се мачи Киелце, без Јурецки и Бомбач. Лијевски е добар денес, 4 гола има досега, ама нема подршка. Јурецки ајде мислам се повреде со Полска на ОИ, ама Бомбач кога се повреде? @Tomasino

Ако биде подолго време без овие, ќе си има тешкотии Киелце, вака се премногу лимитирани на бековските позиции.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
8:7 за Металург на полувреме, првпат го гледам ова. Или голманиве се ептен добри или играчиве се за никаде. :)
Добро уствари овој на Металург добро брани, фати два пенали мислам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom