дали е обавезен форумуларот да се пополни на интернет?
Апсолутно задолжителен е, минута работа е да го пополниш и добиеш.
На
www.travel.gov.gr креирај си акаунт (потврди на меил негова верификација), потоа логирај се и пополни го ПЛФ-от.
Го пополнува еден за сите во кола.
Порано стигаше образецот на меил ден пред поаѓање околу полноќ по грчко време, од август па наваму стасува истата секунда по пополнувањето.
Така да сега ако ти текне да појдеш, пополни го ПЛФ-от, од меил симни си го образецот во телефон (или принт) и патувај.
Јас на телефон им го покажувам, преку прозор на една секунда. Никогаш до сега не земале да го читаат. Но најверојатно кога ги ставаат на скенер пасошите го гледаат и ПЛФ-от на компјутер. Најверојатно затоа и така лабаво, не го ни погледнуваат кога им го приложуваш.
Инаку по календарски изминат месец, не можеш повеќе да се логираш со акаунтот што си го направил за да пополниш нов ПЛФ, системот те брише автоматски, па од ново правиш регистрација и пополнуваш.