Претпоставувам копнено ќе патуваш.
На Евзони, јас секогаш поминувам ноќе (не заради друго, нема гужва, не сум врзан со време бидејќи си одам на свое таму), екипа за тестирање има 24/7, но лично со остварени околу 20 влезови летово ниту еднаш не ме тестирале, ниту пак сум видел некого да тестираат. Да напоменам само дека патувам со вакцинален сертификат и сите во кола ми се вакцинирани, можеби тоа нешто им значи.
Како што читам тие кои патуваат со тест, со последните измени ги тестирале речиси сите. Но пак ќе речам, не сум видел некого да тестираат.
На Дојран и Меџитлија повеќе замараат со папирологија, на Евзони се е брзо, реда ради.
Инаку од што имам слушнато (роднини, пријатели) тестирани на ГП, за најмногу 30 мин им стигнува СМС дека се негативни и тоа е тоа. Ако евентуално те тестираат, почекај после граница да ти стигне СМС и доколку евентуално да речеме тестот е позитивен, се враќаш назад. Јас барем така би направил.
Авионски ако стигнеш во Грција, 99% те тестираат, пример искачаш позитивен, одиш во карантин тоест нема назад. Тоа е тоа.