Летување во Грција

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Прво мислев дека човекот е јалнаш мислел на ПДФ, гуглам вистина било:mad: Како не онадат значи не е можно:facepalm: Ова уште малку полесно ќе биде оружје да купиш, отколку граница да поминеш!
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
дали е обавезен форумуларот да се пополни на интернет?
Апсолутно задолжителен е, минута работа е да го пополниш и добиеш.
На www.travel.gov.gr креирај си акаунт (потврди на меил негова верификација), потоа логирај се и пополни го ПЛФ-от.
Го пополнува еден за сите во кола.
Порано стигаше образецот на меил ден пред поаѓање околу полноќ по грчко време, од август па наваму стасува истата секунда по пополнувањето.
Така да сега ако ти текне да појдеш, пополни го ПЛФ-от, од меил симни си го образецот во телефон (или принт) и патувај.
Јас на телефон им го покажувам, преку прозор на една секунда. Никогаш до сега не земале да го читаат. Но најверојатно кога ги ставаат на скенер пасошите го гледаат и ПЛФ-от на компјутер. Најверојатно затоа и така лабаво, не го ни погледнуваат кога им го приложуваш.

Инаку по календарски изминат месец, не можеш повеќе да се логираш со акаунтот што си го направил за да пополниш нов ПЛФ, системот те брише автоматски, па од ново правиш регистрација и пополнуваш.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.517
Едно пет пати бев годинава и два пати убаво го разгледаа ПЛФ то ама безразлика на се мора да го имаш а богами и не е една минута работа посебно прв пат ако го пополнуваш


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Дали бил некој на местава пред Кавала што се, Неа Ираклитса, Неа Перамос и слично? Плажата и водата, сатурација со бугари, дали е за со фамилија со мали деца.
 

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Препорака за мирно местенце што би било соодветно и за мало дете (1 год.)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Сарти. Да не претерам, 500 пати подобра опција од било што на прв крак.

Нормално, зависи и од буџет, има и многу други...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.517
Сарти. Да не претерам, 500 пати подобра опција од било што на прв крак.

Нормално, зависи и од буџет, има и многу други...
Никако Сарти, константно дува и бранови има, не дека на дете од 1год ке му направи разлика ако е било каде ама Торони каде каде подобра опција е


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
3 пати имам одено за Сарти, врие од фамилии со деца и бебиња и не се сеќавам дека дуваше да носи чадори низ плажа.
Ако таму дува толку страшно - тогаш воопшто да не фаќаме подолу од Волос по островите.
Сарти има некои гадни струи во подлабокото, ама на дете од 1 година му треба само малку вода, песок и сенка.

Торони е како Долно Дупени во споредба со Сарти, зборам за дестинација за летен одмор, да се сместиш со жена и дете.
Мислам дека таму не би седел ни на 85 години, импотентен и со штаки.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Препорака за мирно местенце што би било соодветно и за мало дете (1 год.)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас би играл со Неи Пори, и тебе ќе ти биде мирна главата, песок колку сакаш, и голема плажа, плус споредено со втор крак е поефтино и подобар е патот до таму.

Еве да добиеш претстава за плажата. Пријатели со мали дечиња одат таму со години, наутро си фаќаш лежалка до морето, фрижидер со пиво за тебе, кофички за играње за малите и кулирај :D


Или втор крак, Торони што ти го пишаа е баш пензионерско за со мали деца.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Дали летувал некој на Паксос? Да сподели искуства, цени и дали вреди да се тепа патот (~600км, 10 саати, кола, фериброд, итн.) за 4-5 дена?

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.107
Поени од реакции
10.407
Торони е како Долно Дупени во споредба со Сарти, зборам за дестинација за летен одмор, да се сместиш со жена и дете.
Мислам дека таму не би седел ни на 85 години, импотентен и со штаки.
Веројатно е само прашање на вкус.
Ако сакаш одмор во буквална смисла на зборот, да се тргнеш на страна од гужвите и хаосот и да го пуштиш мозокот на пасење, тогаш Торони е идеално место за тоа.

Таму се иде буквално за на плажа да си поголем дел од денот. Плажата песочна, водата стаклено чиста, прекрасни зајдисонца. Има само една улица, нема многу кафани, ресторани и продавници, али све е некако фино, убаво, компактно скоцкано.

Мене ми е едно од поубавите местенца во Грција. Мислам дека е сосема океј за фамилија со мали деца, али повеќе од 7/8 дена може да ви стане монотоно и досадно.
 

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Како би хо дпоредиле Торони и Неа Пори?
Како што го опишувате Торони премногу пензионерски ми изгледа.

Важно ми е да има ресторанчиња во околина, да има кај да се прошета, и да има песочни плажи. Да не биде монотоно


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom