Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    619
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.677
Поени од реакции
11.771
за почеток мислам треба да ги кастрираат или на женките спирала да им стават :P бар да се намали бројот
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Кога е во прашање таква тема,најчесто сум во дилема, т.е двостран сум.
Зашто сум за успивање? како прво,претставуваат пречка за здравата урбана средина.Не е нормално позади секоја куќа да има цела глутница кучиња.Не е демократски да се шетаат по улиците,а некоја стара баба да излезе по леб и да биде касната а недај боже изедена.Имаше таков случај кај нас,некој беше фрлил трудна крава мртва на отпад.Отпадот се наоѓаше меѓу градот и едно село.Околу кравата се навртиле околу 28-30 кучиња рекоја од шарпланинци до секакви мешани раси па дури и мали сорти...една девојка со велосипед мунувала, и одеднаш цела глутница тргнала по неа.Паднала наземи,и си ја затрупала главата во земја а телото и го јадеа.Зборувам за девојка од 13 години,која не издржа и не ја дочека својата 16 година.Лично јас сум бил каснат од куче скитник,кое ми ја вртеше опашката и скокаше околу мене јас го погалив само мирно беше и одеднаш оооп ете ми ја раката у уста негова.
а зашто сум против? како прво,ние сме причината да бидат тие кучиња такви.Ние не сакаме да превземеме никаква одговорност...кој е крив ако некој деген неможе веќе да го чува кучето,го земал првин па го пуштил...веднаш непосредно прави тоа да биде закана за целата заедница.Но,јас никогаш не би можел да повредам куче,а камоли да го успијам,во очите кога погледнеш веднаш знаеш дека е невино суштество кое бара само грижа...и многу сум за тие стационери и здруженија кои на некој начин успеваат да спасат барем мал дел од тие кучиња, и секогаш би бил волонтер кај нив.Имав куче,се работеше за дворско куче а во исто време имав и ротвајлер која ја чував дома.Надворешното куче ми се викаше Шипи и беше мешавина од леси и пудлица.имаше и каишка со ланче и ознака дека е вакцинирана и дека има сопственици.Сепак,комуналиите ја виделе и во самиот наш двор фрлиле ќофте со кревозан...и после тоа шок за очи! а млада беше,само 3 години! срамота!
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
погоре во темава напишав. а да ги тргнеме и луѓето бездомници од улиците? мислам онака фино да ги убиеме....
исто и со кучињата. Јас имам прибрано куче од улица. Тоа само не заминало од некаде, туку било пуштено од некој.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
163
Поени од реакции
323
Не е бидејќи ова се случи пред некој ден.Зарем и оваа случка треба да се објави на телевизија за да добие на тежина.Сигурно има стотина вакви случки кој се случиле на многу луѓе...на жени,деца,мажи,стари...дури и тие што си ги шетаат кучињата често се напаѓани од скитници...кучкар против куче :)
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 23:39 ---

Може да ги праќаме на Марс па таму да изградат своја самостојна империја :)
Градот е урбана средина и таму нема место за диви животни.Тој што си го сака кучето нека си го прибере дома и нека го чува,а не на улица да ги хранат.Ако кучињата не се ништат тогаш Скопје ќе има повеќе кучиња од луѓе.
Дивото куче во урбаната средина е штетник,па ако се залагате да ги спасувате кучињата,тогаш залагајте се и за правата на глувците и стаорците.Бидејќи и тие се живи суштества,топлокрвни цицачи...
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 23:42 ---

Аха...и незаборавај на кучињата да им стегнеме казни зошто имаат незаштитен секс на јавни места и се котат како глувци.Е тогаш дефинитивно ќе се реши проблемот.
Значи, според тебе вистинското решение е да се " успиваат" кучињата скитници, без да се размисли за некое друго, сигурно подобро решение?? Ако е така, тогаш нека ги убијат и бездомните луѓе, бидејќи сигурно и меѓу нив има такви кои крадат, силуваат и се опасни за општеството... Воопшто не се согласувам со тебе! Сметам дека подобро е да се згиржат кучињата скитници на едно место и за нив да водат грижа ветеринари.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Значи, според тебе вистинското решение е да се " успиваат" кучињата скитници, без да се размисли за некое друго, сигурно подобро решение?? Ако е така, тогаш нека ги убијат и бездомните луѓе, бидејќи сигурно и меѓу нив има такви кои крадат, силуваат и се опасни за општеството... Воопшто не се согласувам со тебе! Сметам дека подобро е да се згиржат кучињата скитници на едно место и за нив да водат грижа ветеринари.
Е ајде де, јас исто сум да се згрижат. Ај згрижете ги, средете го проблемот.
Едно е теоретски да гледаме, а друго е практично. Дека ќе се згрижат и за нив ќе водат грижа ветеринари е само сон, кој некако ви дава мир да спиете навечер и да не се грижите за нив.
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
не сум за да се успијат, но сум за да ги кастрираат...
се што шета на улица, се да е кастрирано...
на подолг период, ќе ги снема
 
B

Black Guard

Гостин
Абе само стрелба организирано-градот да дозволи а ловџиите да ичистат.

Нема да ги убиваме бездомниците кога од заостаната земја ќе бидеме високоразвиена земја.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
не сум за да се успијат, но сум за да ги кастрираат...
се што шета на улица, се да е кастрирано...
на подолг период, ќе ги снема
И тоа да видиш, како еволуцијата замешува прсти, обележани кучки имаат кутриња, така да кај нас за да се помине ефтино изгледа се кастрацијата ја вршат некои ефтини методи и лекарства, па имаме чуда по улиците, кастрирани кучки може да раѓаат.
Мислам дека треба да се соберат и исчистат улиците од нив и втора работа треба да се воведе систем т.е регистрација на сите оние кои имаат кучиња. Системот ќе овозможи да институциите го следат кучето, ако е кучка колку кучиња родила, колку се дадени/продадени, ако ти се изгуби куче, го пријавуваш таму, ако ти досади од кучето, не го пушташ надвор туку го носиш во институцијата, каде може да го решат или дадат на друг некој кој сака да чува куче и да не редам + нормално ќе плаќаш казни ако не се придржуваш до некој до работите. И на крај сите оние кој сакаат да чуваат куче ќе мора да си платат некоја месечна членарина за да нормално институцијата опстои, бидејќи сепак да чуваш куче е мал луксуз.
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Сум за да се „успијат“ кучињата скитници, бидејќи неможам веќе да ги „обезбедувам“ децата кои одат на училиште и жените на работа од сабајле, а мораат да поминат по таа улица каде што има 5-8 кучиња и тоа салам кучиња, се вртат како хиени, јас може имам среќа, само лаат по мене, ама после директен поглед очи во очи одстапуваат. Секое утро кога одам на работа се таму, а како што реков деца поминуваат, улицата е веднаш над училишниот двор. Проблемот е соодветно пријавен, а нема никаква реакција...

Покрај ова и сум за да се кастрираат оние луѓе што ќе земат мало кученце, па кога ќе им здосади го носат 2-3км од нивната куќа и го прават бездомник - потенцијална опасност за минувачите, што од болести, што од каснувања.

Да не се разбереме погрешно, сакам кучиња, меѓутоа, кучињата скитници реално представуваат проблем.

Што ако еве некој си шета со своето куче, врзано на ланец и по него тргнат сите скитници - страв во коски и верба во Бог +1000% тоа не е баш решение.

Знам дека ќе предизвикам гнев кај љубителите на животните, но помили ми се луѓето.
 
L

Lu

Гостин
Абе само стрелба организирано-градот да дозволи а ловџиите да ичистат.

Нема да ги убиваме бездомниците кога од заостаната земја ќе бидеме високоразвиена земја.
Луѓе, чујте и почујте ...
Еве ви чист пример како некои членови на форумов кои што се залагаат за истребување и убивање на кучињата скитници, самите си ги пуштаат своите кучиња да им скитаат по улици.
Се е кажано во цитатов:

Користете кратки зборови(мневмоник) бидејќи кучињата можат да ги научат-на пример удрете со раката на креветот и речете ајде опа Џина и ќе се качи на креветот,полека се учат само оваа е бесна прерипува метроипол ограда и не можам да ја научам да биде дома(дневно по 2-4 часа лута) а неќам да ја врзувам многу ми е слејверски има некое чаре??
Значи членов Valkyrie на оваа тема пишува дека кучињата скитници требале да се стрелаат, а всушност токму неговото куче лута по улици.
Зарем твоето куче што лута по улици не претставува потенцијална опасност за луѓето ?
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Јас сум за усмртување на кучињата скитници. Откога ме касна мене куче пред 13 години што можеше да ми ја скини артеријата одтогаш ги има замрзено в крај.
Се имаат запрашано тие што мислат дека не треба да се усмртуваат кучињата скитници дека може да искасапат некое дете Особено кога ќе се соберат 5-6.
Порано во СФРЈ имаше служба за отепување на кучиња скитници, а лошо е сега што ја нема.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Значи, според тебе вистинското решение е да се " успиваат" кучињата скитници, без да се размисли за некое друго, сигурно подобро решение?? Ако е така, тогаш нека ги убијат и бездомните луѓе, бидејќи сигурно и меѓу нив има такви кои крадат, силуваат и се опасни за општеството... Воопшто не се согласувам со тебе! Сметам дека подобро е да се згиржат кучињата скитници на едно место и за нив да водат грижа ветеринари.
Луѓето се со поголемо ниво на свесност па поради тоа и се наоѓаат повисоко на листата за помош.Ако толку се чуствуваш добра,почни да помагаш.Јас лично неверувам во помош и се залагам проблемите да се решаваат а не да се кријат под “чергиче“,сигурно нема да го намалиме бројот на кучињата ако почнеме да ги негуваме и храниме.
Со елиминирање на кучињата проблемот би се решил брзо а потоа вие нема да се растажувате поради лошата судбина на кучињата бидејќи повеќе и нема да постојат кучиња скитници.
Проблемите треба да се решаваат разумно а не со пристрасност и симпатии.
 
B

Black Guard

Гостин
Ќе се стрела навечер од 00 до 03 часот на пример така да нема да ми ја убијат.

Понатаму не станува збор за куче скитник,гладно збрлавено....ја пити и купувам и маџарски сендвичи...нахранета е подобро од мене и затоа не верувам да направи беља,но доколку некој реагира јас ќе ја врзам дома без проблем но сите мои комшии ги пуштаат кучињата па затоа и беснава излева.

Кажи ми ти што имаш против стрелањето???

Успивањето е прескапо,понатаму немаме капацитет за да ги сместиме значи ловџиите нека се спремаат.

Можеби во 2025 кога ќе бидеме поразвиена држава тогаш не би бил за стрелање но сега мора дефинитивно да се преземе нешто.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Да, голема штеточина се, иако не по нивна вина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom