Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    619

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.490
Поени од реакции
24.264
лицемерности до бескрај.
едно е домашна џукела, друго е куче кое го знае само законот на улицата.
не се тие оние слатки кутренца кои ги чува некој, тоа се диви животни или полудиви како сакате земите. нема врска дали е расно или не, ако нема стопан кој ке го научи на ред тоа е диво куче.
и ако зборуваме реално кој ке обезбеди храна и услови за тие кучиња за да не бидат успиени. да не ги чуваме за крзното или дека млеко даваат.
се чуваат една недела во случај да се најди стопан или да го посвои некој, и после се знае.
не е хумано ама тоа што мора мора. не сме богата држава , за луѓето немаме , не пак ке чуваме кучиња скитници до бескрај.
овие организации кои се борат за правата на кучињата, ако се толку загрижени нека основаат центар за да ги згрижат и нека ги чуваат.
ако некого каснат или направат беља нека си одговараат како да се нивни. тогаш да видам дали ке ги бранат толку или никаде ке ги нема. лесно е вака да збораш кога не ти се во дворот.
значи чим организацијата го згрижила кучето, тоа се обележува дека е згрижено и ако се фати пак на улица некој од таа организација која го згрижила ке си одговара кривично. па сега чувајте ги ранете ги, а не вака греота се. кога ке ве ропнат по џепот тогаш да ве видам.
ако можам јас да одговарам за моето куче ако касни некој, тогаш нека одговараат и тие.
мислам дека е фер
 
G

galaxy

Гостин
А за што се бунат анима мунди? Според мене најдобро е уличните кучиња да се земаат од улиците на одредени временски интервали и да се заспиваат. Ако некоја ваква организација има подобро решение кое похумано ќе го реши проблемот нека направи план, ако не е успешен, како што ова сега не е успешно, а е такаречи нивен предлог можат само да бараат подобри решенија кои ќе даваат резултати, а не да ја трујат јавноста со нивни мислења, исти како и ова мислење, со кои спречуваат акции кои би придонесле за превенција од вакви настани како со каснувањето во првиот пост и најважно би им ги скратиле маките на кутрите животни кои без храна се мачат и борат едни со други по улиците.

Сепак ова се животни, а има толку луѓе кои, ако ги гледаат, ќе видат дека имаат поголеми проблеми и поголемо право за помош отколку кучињата.
 
L

Lu

Гостин
Ја споив новата тема со оваа тема бидејќи истите муабети ги правите.

Проблемот не се наоѓа во кучињата скитници, туку главниот извор на проблемот е токму ЧОВЕКОТ.
Проблемот нема никогаш да се реши доколку кучињата се убиваат.
Проблемот ќе се реши само доколку има високи казни за луѓето кои што ги пуштаат кучињата на улица, бидејќи токму тие луѓе ја имаат створено ваквата состојба.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
163
Поени од реакции
323
Тоа ти е исто како да се "успиваат" бездомниците, кои скитаат по улиците немајќи свое огниште. Затоа, не се согласувам со успивањето на здравите кучиња во ниту еден случај. Сигурно постои друг начин да се реши проблемот со уличните кучиња, но овој со успивањето сигурно не е вистинскиот.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Мене како мал ме имаат каснато повеќе кучиња,али после тоа ептен ги засакав,сите се чудеа :D

Он: Дека има улични кои што се агресивни,има,али се многу малце...кај мене у маало има 2 кучиња,ги храни еден старец,и период во годината се агресивни,период не,односно кога им е сезона за парење...доаѓале да ги соберат,се тепа старецот со тие :D

Незнам решение,од една страна ги сакам и ми е жал,од друга страна кога ќе размислам дека има повеќе луѓе кои што не размислуваат како мене,сфаќам дека ќе мора да се најде решение...
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 11:30 ---

Малце ќе забегам од темава,сите кажуваа дека биле питови,а стварно незнам како може едно дете или жена да процени дека биле питови,ако збориме за истата случка...скитници беа,или питови ?
Скитници беа,окулу 5-6 кучиња,и можеш сеуште да ги најдеш на ул. Бојмија во паркчето.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Скитници беа,окулу 5-6 кучиња,и можеш сеуште да ги најдеш на ул. Бојмија во паркчето.
А истата случка ли е,за таа што кажуваа како демек пит булл искасал 2 девојчиња во школо или надвор од школо незнам точно како ?
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
А истата случка ли е,за таа што кажуваа како демек пит булл искасал 2 девојчиња во школо или надвор од школо незнам точно како ?
Не е бидејќи ова се случи пред некој ден.Зарем и оваа случка треба да се објави на телевизија за да добие на тежина.Сигурно има стотина вакви случки кој се случиле на многу луѓе...на жени,деца,мажи,стари...дури и тие што си ги шетаат кучињата често се напаѓани од скитници...кучкар против куче :)
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 23:39 ---
Тоа ти е исто како да се "успиваат" бездомниците, кои скитаат по улиците немајќи свое огниште. Затоа, не се согласувам со успивањето на здравите кучиња во ниту еден случај. Сигурно постои друг начин да се реши проблемот со уличните кучиња, но овој со успивањето сигурно не е вистинскиот.
Може да ги праќаме на Марс па таму да изградат своја самостојна империја :)
Градот е урбана средина и таму нема место за диви животни.Тој што си го сака кучето нека си го прибере дома и нека го чува,а не на улица да ги хранат.Ако кучињата не се ништат тогаш Скопје ќе има повеќе кучиња од луѓе.
Дивото куче во урбаната средина е штетник,па ако се залагате да ги спасувате кучињата,тогаш залагајте се и за правата на глувците и стаорците.Бидејќи и тие се живи суштества,топлокрвни цицачи...
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 23:42 ---
Ја споив новата тема со оваа тема бидејќи истите муабети ги правите.

Проблемот не се наоѓа во кучињата скитници, туку главниот извор на проблемот е токму ЧОВЕКОТ.
Проблемот нема никогаш да се реши доколку кучињата се убиваат.
Проблемот ќе се реши само доколку има високи казни за луѓето кои што ги пуштаат кучињата на улица, бидејќи токму тие луѓе ја имаат створено ваквата состојба.
Аха...и незаборавај на кучињата да им стегнеме казни зошто имаат незаштитен секс на јавни места и се котат како глувци.Е тогаш дефинитивно ќе се реши проблемот.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Добро де, кажа што мислиш, земи пушка и иди рекреативно тепај кучиња. Откако си ги премеривте силите на зборови, земи и убиј куче да те видам, толку ладнокрвно како што ги пишуваш постовите. Проблемот од секогаш бил во човекот, знам организациите се за никаде, но кога ќе видиш целата организација на државата е за никаде.

Аха...и незаборавај на кучињата да им стегнеме казни зошто имаат незаштитен секс на јавни места и се котат како глувци.Е тогаш дефинитивно ќе се реши проблемот.

Куче е животно без свест, живее на инстикт што очекуваш да угаси светло кога ќе се пари, да се скрие некаде, да се контролира, нема да го направи тоа. Затоа треба да се стерилизираат, соберат или еутанизираат со метода која е пропишана секаде во светот и мршите соодветно да се отстранат.
А не како кај нас што прават ги трујат со различни отрови, мршите скапуваат по паркови, по тревници, незнаеш какви зарази шират - ќе отрујат 10тина кучиња потенцијално ќе заразат еден куп луѓе.
 
Точно,тоа треба некоја институција да го работи професионално.
 
L

Lu

Гостин
Аха...и незаборавај на кучињата да им стегнеме казни зошто имаат незаштитен секс на јавни места и се котат како глувци.Е тогаш дефинитивно ќе се реши проблемот.
Те молам следен пат кога ќе пишуваш ваква глупост да не ме цитираш мене.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Темата што ја отворив нема врска со оваа ,вака само модераторот иначе докажан активист на анима мунди само се обидува да ја разводени темава и да ја пренасочи во друг правец ?
 
L

Lu

Гостин
Темата што ја отворив нема врска со оваа ,вака само модераторот иначе докажан активист на анима мунди само се обидува да ја разводени темава и да ја пренасочи во друг правец ?
Во двете теми се води дискусија за истите работи, и јас како Модератор сметам дека нема потреба од 2 теми во кои се води истата дискусија и затоа ги споив.

Од каде ти е идејата дека јас сум активист на Анима Мунди ???
Јас сум прва што ги критикувам тие здружениа за заштита на животни, они знаат само пред камери да искочат и да се прават големи заштитници и љубители на животните, а во пракса ништо не спроведуваат.

Затоа прво прочитај ги моите мислења и ставови, пред да истресеш некоја глупост.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.505
Поени од реакции
8.086
Пракса на форумов е кога се води ист муабет на 2 теми да се спојат.

Лошото е што како што темава се врти у круг, така и одговорните лица се вртат во круг. Ќе направат некоја стихијна акција, па после пола година ги нема никаде.

Ова што спомнувате со мрши по паркови и слично. Ако видите такво нешто пријавете во комунална хигиена. И тие луѓе што трујат кучиња, си имаат мака луѓето па решиле да ја истераат работата сами, бидејќи ако чекаат од Вардариште.... ојде УПМ работата.

И престанете со двојните аршини. Ако некој труе глувци тогаш прави добро, а ако труе кучиња не. Убаво си пиша DirectX дека кучињата во урбана средина се штетници.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Скопје има едно чудо љ'нгури ама да видите Струга што чудовишта од по селава ни пуштаат низ град ..... јас немам страв од кучиња ама на некој да му излезит онолкаво теле во ниедна доба па срцето ќе го стегнит. Преполн е градов со некој мелези

Порано од ловечкото на 2-3 години ги убиваја и немаше многу ама сеа демек не било чоечки да ги убиваат и навечер појќе кучиња од луѓе има низ град

Тој што мислеше дека е добра идеа да не се убиваат дома нека си ги земат сеа !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom