Не можам да ја поднесам ЦСИ, мразам серии каде што во секоја епизода правдата победува а детективите/форензирачи се по дефолт карактери со високи морални и етички вредности.
Досадни се и немаат благе везе со реалноста.
Прво, голем број од убиствата во вистинскиот живот остануваат нерешени, а ЦСИ сака да не убеди дека нема шанси да се извлечеш зошто тука се суперпаметните генијалци со сај-фај технологија да те доведат пред лицето на правдата. А прост пример, само во Њујорк од 1985 па навака има 9,082 нерешени убиства.
Гласам за Закон и Ред зошто е нешто пореална од ЦСИ, ама откако ја изгледав The Wire станав голем хејтер на обичниве детективски серии (освен Монк) шо се движат по ист шаблон, убиство-истрага-апсење.