Коронавирус (COVID-19)

Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Има еден феномен со овие луѓе што се враќаат од надвор. Се хејтаат и оние кои со наведната глава, без никаква помезност, сакаат да се вратат дома. Во ист ќош се ставени и оние што со Бугарски пасоши работат надвор, и оние што биле некаде на гости, и привремени работници, и оние што мора 2 месеци пред да почне кризата да излезат од државата заради било која причина. Сите на куп.
Поради игнорантноста на одреден, сите го јадат во оваа ситуација. Поради оние кои што извадиле бугарски пасош за да купат ауди го јадат и оние кои извадиле за да можат да преживеат затоа што тука неговата држава освен да го храни со патриотизам, со друго не знае/може.

Така си е, за жал.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.606
Поени од реакции
17.440
Алал да му е сите српски "експерти" ги интервјуира. :facepalm:
Абе гарант вонземјани се слетани некаде и диверзија е ковидов :pos::pos:
Чеј сеа некни не шеруваше видеа кај шо повикува дома да се седи и дека не е мајтап вирусот да мислиме на старите овај истиот......

Абе ваквите сите без заштита црвен крст или по болници пошто измислен е деми и то е.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.187
Поени од реакции
16.325
Можно е коронавирусот да бил присутен во земјава од порано - лани 20 илјади со грип, сега 37 илјади - ќе се проверува дали дел од нив имале Ковид-19
...Ова ќе биде анализирано понатаму, бидејќи во моментов не може да се направи ваква анализа со оглед на тоа што сите капацитети се во функција на актуелните случаи и пандемијата. ...
Ова ЛЕСНО се проверува, со тестирање на антитела....
а зошто овие од јануари и фебруари не се актуелни ???
Па нели може да се зарази од ковид 19 повторно ???
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.578
Поени од реакции
66.263
абе уште конкурираат за блгарски пасош, има на форумот тема... само не знам како одат на интервјуа во Софија ????
Секој има право да прави што сака со својот живот. Не знам зашто треба да му судат за истото. Да не треба да седи тука, и да му ветуваат редовна плата како дел од оглас за вработување?

И оние со коли ги оправдувам, со оглед на тоа дека нашиве лупаат екстра давачки за понови увезени коли.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.187
Поени од реакции
16.325
Секој има право да прави што сака со својот живот. Не знам зашто треба да му судат за истото. Да не треба да седи тука, и да му ветуваат редовна плата како дел од оглас за вработување?

И оние со коли ги оправдувам, со оглед на тоа дека нашиве лупаат екстра давачки за понови увезени коли.
не тоа, туку нели Блгарија ( цела ЕУ) ги затвори границите за НОНеУ граѓани ???
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Нормално дека нема да им услови на некои места, ќе има хаос, ние како држава и како народ сме ептен утепани ама земи бе среди си го малце местото, напрај нешо, помогни, цел свет е у тотален хаос поради пандемијава, нема потреба од вакви статуси и стварање тензии.

Не знам, можда ја лошо размислувам...
 
Член од
25 април 2009
Мислења
367
Поени од реакции
135
Масовна сахрана.

мислам дека и во србија имаше нешто сличен повик, али кој знае, таму поке некако се контрат со вучич, на политичка база де, али не е ни место ни време ваљда ама ај o_O
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Изгледа очекуваат секој патник посебен шофер и автобус да го вози, еве не знам...

Прегледај го приврзокот 243266
Оваа е пејачка, нели? Мислам колку што може да се нарече со оној глас. :D
Оваа нема стапнато во бус луѓе, во цел живот, може кога има одено на екскурзии во школо ете, па да очекуваш дека нема да искоментира. Чудно ми е како не пратиле такси за госпоѓицата.

Од цел овој хаос може да се заклучи дека покундурената средна класа и оние што се сметаат за повисока, почнуваат да осеќаат како ни е на нас обичните смртници, без разлика на нашето образование, секојдневно. Возење во бус настеган ко сардина, живеење во студентски домови (сликите од образованата се топ во споредба), лечење во болници пред распаѓање, третирање ко граѓани од трет ред зш немаме врски кај да ги фатиме и кому да се жалиме, итн, итн.

Ич не ми е гајле искрено.
Има луѓе што помизерно живеат од нивниот мочан карантин.
Никој што знае како е реално функционира државава нема јавно вака да земе уште толку да гњави по медиуми и да прави галама. Истрпи пичка му матер, вонредна ситуација, една на фестивал, друга на бизниси терање, раскурцано сето, па ај сега жалете ме дека вака ме третираат.
Овие повеќе ме живцираат неголи самиот вирус.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.527
Поени од реакции
18.788
Можно е коронавирусот да бил присутен во земјава од порано - лани 20 илјади со грип, сега 37 илјади - ќе се проверува дали дел од нив имале Ковид-19
...Ова ќе биде анализирано понатаму, бидејќи во моментов не може да се направи ваква анализа со оглед на тоа што сите капацитети се во функција на актуелните случаи и пандемијата. ...
Ова ЛЕСНО се проверува, со тестирање на антитела....
а зошто овие од јануари и фебруари не се актуелни ???
Па нели може да се зарази од ковид 19 повторно ???
И мене ми се врти ова во глава,пред месец месец и нешто јас ги имав скоро сите симптоми,сува кашлица, мускулите страшно ме болес, омалаксаност, трески и висока температура и изгубив сетила за вкус и мирис, нешто шо во последно викаат дека е еден од симптомите, ама баш ништо не осеќав, гадно чувство, добри две недели ме држеше грипот, таман мислев ми помина ме кутна в кревет два дена не станав,никогаш така се немав осетено,дома бевме болница, татко ми има проблем со астма па тој помина најлошо,буквално се давеше, внуците беа со температура 38.5 никако подолу, ни антибиотици ни ништо не помагаа.Кој знае можо и го прележавме :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Изгледа очекуваат секој патник посебен шофер и автобус да го вози, еве не знам...

Прегледај го приврзокот 243266
Затоа мајка и била на граница со кола и полицаецот дозволил да биде во колата додека чека. :)))
Имаше ваков коментар, ама го избришала. Не и одговара тоа да се дознае.

Овие двете ми се ликови кои од мали се научени се да им е мед и млеко, некој да ги чека со црвен тепих и да ги држи во раце.

Имаат видено ѓубре и двете не дека немаат, ама истите никогаш нема фатено со рака да зачистат, го шутираат со нога и се кладам дека и по нив ќе оставиле исто.

Но им се исполни онаа цел и сите прочитаа каде учат, во што живеат и дека они се образовани, паметни и прошетани, а другите прости со средно.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.479
Поени од реакции
24.717
Не користам ФБ, инста или некој други апликации, искрено повеќето инфо за збивањата со вирусот во МКД ми се од форумот така да може грешам ама до сега се што прочитав овде и се што видов прикачено јас сеуште не знам за некој од „дијаспората“ да се жали или да се вратил (единствен таков спомнат случај е другарката на @Saber Rider која имала резервирано карта неколку месеци пред пандемијата).

До сега ако добро читам овде имавме случајот со Цаца, со брачниот пар од Дебар што живее во Дебар а бил на гости нај децата во Италија, со фамилијата од Тафталиџе, со типката докторант заглавена во Барселона што добила црн печат во Гер, со скијачите (сите од мкд, сеедно дали биле во Италија, Копаоник, Банско) со дечкото авантурист од Штип заглавен во факен Перу, таму се спомнуваат и 15тина други наши, со типкава од Скопје тргната на концерт, со циганите музичари од БТ што биле на турнеа во Аустрија па се жалеа за смештајот во Криволак, сега со оваа што живее во СК претпоставувам а била на службен пат во Америка...

Од форумската „дијаспора“ ко што гледам сите сме во државите каде што бевме затекнати. Имаше кукање на почеток од нашите во Шведска ама ко што гледам сеуште известуваат од Шведска. Во италија имаме 2ца ченови на форумот што се заглавени ама се во Италија. Шефот прележа корона во Русија и си е во Русија. Цел куп што сме „дијаспора“ и што сме надвор сме уствари надвор. Цел овој хејт е тотално безпотребен.

Тие што се враќаат во МКД се во принцип луѓе што се со постојано живеалиште во МКД или што се тазе отселетени на некаква работна виза па ги затекна ситуацијата. Тие во никој случај не се дијаспора.

Тоа дека доста иселеници идат во МКД и може да донесат вирус ДА, ама тоа традиционално се случува од Велигден до крај на Септември (зборам во 90% од случаевите). Тоа оваа година нема да се случи, затворени се границите. Пак безпотребен хејт.



Окулу последното лелекање на дотичната... Нема врска образованите ниту зашто била на патување.

Типкава со право се буни кога вика дека после 12 часовна одисеја да се врати од Америка или кај била глупаво е да пројде уште 12 часа (како што прошла) на МКД граница. Јас разбирам дека е вонредна ситуација и дека ќе има процедури и застој ама ова е премногу. На крај крајева нели не се достигнати 100% капацитетите на здраството не дека здраството има врска со чекањето на граница. Овде некој не си ја врши работата како треба. Значи имаме ЗАТВОРЕНИ граници. Стигаат група. Ги сместуваш и пријавуваш каде треба. Треба да си веќе спремен со транспорт да ги преземеш а ако не си еве организирај од најблискиот град да дојде некој бус... Па колку е тоа тешко бе луѓе? Ги носиш во хотел или ординација на преглед и тестови и ги сместуваш. Тука не треба да се бара и чека согласност од политичари или доктори или што ти знам. Треба да има процедура и протокол и некој што ќе биде поставен да го спроведе тоа ефикасно. Не гледам зошто ги држат затворени на граница или аутобус. Нема никаква логика и човечност. Ова е само уште една потврда дека незнаат што прават и дека се е импровизирано и централизирано, чекаат некој да им каже случај по случај наместо веќе да имаат стратегија за ова.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
не оправдувам,ако не ти годи седи кај што си! Или у странство се кријат без осигурање ко мишеви,нормално не сите,и се тепаат да се вратат за недај боже,па ајде пљукак,ркај.Сите сереме а никој нема гз да се врати,и да се бори за подобро утре.
А барем да прочиташ што напишала пред да коментираш.Девојката не живее во странство, на службено патување била, а и да живее , кое оправдување за гнасава што ја гледаме на сликиве..
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom