Коронавирус (COVID-19)

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Да ве потсетам уште еднаш (не бројам веќе кој пат) дека вулгарности во овој подфорум не се толерираат. И ок, се разбравме за жената што се поставила како краљица Јелисавета а не требало, исто и за Ветерова, доволно беа такви коментари.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
А барем да прочиташ што напишала пред да коментираш.Девојката не живее во странство, на службено патување била, а и да живее , кое оправдување за гнасава што ја гледаме на сликиве..
Таа слика е од такви како неа, а ништо чудно ѓубрето да е направено истиот ден додека биле таму, па оваа сликала.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.739
И мене ми се врти ова во глава,пред месец месец и нешто јас ги имав скоро сите симптоми,сува кашлица, мускулите страшно ме болес, омалаксаност, трески и висока температура и изгубив сетила за вкус и мирис, нешто шо во последно викаат дека е еден од симптомите, ама баш ништо не осеќав, гадно чувство, добри две недели ме држеше грипот, таман мислев ми помина ме кутна в кревет два дена не станав,никогаш така се немав осетено,дома бевме болница, татко ми има проблем со астма па тој помина најлошо,буквално се давеше, внуците беа со температура 38.5 никако подолу, ни антибиотици ни ништо не помагаа.Кој знае можо и го прележавме :)
НЕ... еве снаата беше полна од грип, уште од декември мислам, перманентна температура, и утврдија СО БРИС мислам и пиеше Тамифлу.... Б.Т.В. еве гледам во рекламите имаат и крвни ( серолошки) анализа и на грипови и на некој други вирусни и бактериски патогени..http://avicena.com.mk/doc/Pneumoslide.pdf
ТУКУ друго е работата, 37000 се водат од Грип а уште колку има што не биле на доктор туку на нога ?? Па еден во фамилија ако има Грип сите ги заразува
Затоа кажува во текстот дека нема да се занимаваат со тие случки од Грип, не се актуелни, актуелни се само случките од Ковид 19, внесен од странство, тој го сметаат за најопасен..
и постари типови корони не се сега од интерес....
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
А барем да прочиташ што напишала пред да коментираш.Девојката не живее во странство, на службено патување била, а и да живее , кое оправдување за гнасава што ја гледаме на сликиве..
Го прочитав уште пред @Stefan-kobe да ја постира и имав формирано мислење.
Најголем впечаток ми остави тоа како јасно е потенцирано дека се срами од цела држава, и дека е јако школована,а ставила три слики од два пикавци од некој напуштен бар таму кај што се сместени.


Не видела она гнаса и тешко што е, а најверојатно и ти со ваков став.
Ја оваа школованава за дрво би ја врзал,ко кучка да лае,пишав погоре!
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.505
Поени од реакции
1.726
Не користам ФБ, инста или некој други апликации, искрено повеќето инфо за збивањата со вирусот во МКД ми се од форумот така да може грешам ама до сега се што прочитав овде и се што видов прикачено јас сеуште не знам за некој од „дијаспората“ да се жали или да се вратил (единствен таков спомнат случај е другарката на @Saber Rider која имала резервирано карта неколку месеци пред пандемијата).

До сега ако добро читам овде имавме случајот со Цаца, со брачниот пар од Дебар што живее во Дебар а бил на гости нај децата во Италија, со фамилијата од Тафталиџе, со типката докторант заглавена во Барселона што добила црн печат во Гер, со скијачите (сите од мкд, сеедно дали биле во Италија, Копаоник, Банско) со дечкото авантурист од Штип заглавен во факен Перу, таму се спомнуваат и 15тина други наши, со типкава од Скопје тргната на концерт, со циганите музичари од БТ што биле на турнеа во Аустрија па се жалеа за смештајот во Криволак, сега со оваа што живее во СК претпоставувам а била на службен пат во Америка...

Од форумската „дијаспора“ ко што гледам сите сме во државите каде што бевме затекнати. Имаше кукање на почеток од нашите во Шведска ама ко што гледам сеуште известуваат од Шведска. Во италија имаме 2ца ченови на форумот што се заглавени ама се во Италија. Шефот прележа корона во Русија и си е во Русија. Цел куп што сме „дијаспора“ и што сме надвор сме уствари надвор. Цел овој хејт е тотално безпотребен.

Тие што се враќаат во МКД се во принцип луѓе што се со постојано живеалиште во МКД или што се тазе отселетени на некаква работна виза па ги затекна ситуацијата. Тие во никој случај не се дијаспора.

Тоа дека доста иселеници идат во МКД и може да донесат вирус ДА, ама тоа традиционално се случува од Велигден до крај на Септември (зборам во 90% од случаевите). Тоа оваа година нема да се случи, затворени се границите. Пак безпотребен хејт.



Окулу последното лелекање на дотичната... Нема врска образованите ниту зашто била на патување.

Типкава со право се буни кога вика дека после 12 часовна одисеја да се врати од Америка или кај била глупаво е да пројде уште 12 часа (како што прошла) на МКД граница. Јас разбирам дека е вонредна ситуација и дека ќе има процедури и застој ама ова е премногу. На крај крајева нели не се достигнати 100% капацитетите на здраството не дека здраството има врска со чекањето на граница. Овде некој не си ја врши работата како треба. Значи имаме ЗАТВОРЕНИ граници. Стигаат група. Ги сместуваш и пријавуваш каде треба. Треба да си веќе спремен со транспорт да ги преземеш а ако не си еве организирај од најблискиот град да дојде некој бус... Па колку е тоа тешко бе луѓе? Ги носиш во хотел или ординација на преглед и тестови и ги сместуваш. Тука не треба да се бара и чека согласност од политичари или доктори или што ти знам. Треба да има процедура и протокол и некој што ќе биде поставен да го спроведе тоа ефикасно. Не гледам зошто ги држат затворени на граница или аутобус. Нема никаква логика и човечност. Ова е само уште една потврда дека незнаат што прават и дека се е импровизирано и централизирано, чекаат некој да им каже случај по случај наместо веќе да имаат стратегија за ова.
И јас сакав да се вратам да не биде дедо ми сам ама не го направив тоа бидејќи би можел јас да му донесам нешто од Франција, така да сега си седам овде, сам, семејството ми е во Англија, ама исто, не заминав кај нив поради истата причина... дури и девојка ми е во друг град, и дремеме на телефон баш бидејќи сме свесни дека ако патуваме се ставаме автоматски двајцата во ризик.

И после некој ќе пише еве излегов да рашетам, ме фаќа јанза дома, не се седи веќе... овде треба да има мал милион пцофки напишано, ама пусти бан... поентата ми е дека тие што навистина мора да се вратат поради х причини, нека се вратат во мкд, ама тие што сакаат да си одат поради х небитни причини и прават напори да си одат во мкд, ставајќи многу луѓе во опасност, сите нека одат упм
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
не знам дали објавава за Велигден е од некој legit aкаунт на ФБ ама поповиве и оџиве што си тераат по старо треба заедно со Кондратенко и Цаца ликовиве за уши и во Идризово.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Девојката што е постирана претходно е во врска со Мичич или како и да беше онај што тетовира.

Имаа слики пред недела дена, ми изгледаше како Америка и не изгледаше како службено патување.
Повеќе како шетна, мислев дека таму живеат поради сите рестрикции за патување.

Условите како услови се такви поради самите кои престојуваат или поминуваат низ собите, ѓубрето само не дошло, и чистачката што е мизерно платена неможе да исчисти колку што образованава раја може да изгнаси.

Ко ги јебе, требаше само по касарни и магацини да се носат во карантин а не хотели со 3-4 звезди.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Девојката што е постирана претходно е во врска со Мичич или како и да беше онај што тетовира.

Имаа слики пред недела дена, ми изгледаше како Америка и не изгледаше како службено патување.
Повеќе како шетна, мислев дека таму живеат поради сите рестрикции за патување.

Условите како услови се такви поради самите кои престојуваат или поминуваат низ собите, ѓубрето само не дошло, и чистачката што е мизерно платена неможе да исчисти колку што образованава раја може да изгнаси.

Ко ги јебе, требаше само по касарни и магацини да се носат во карантин а не хотели со 3-4 звезди.
и на крај она ќе испадне позитивна!
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.628
Поени од реакции
14.404
Чекајте малце другари, немаше мерка од пред 2 недели секој кој ќе излезе од државава (освен за мед. потреби и за професионалните возачи) да не смее да се врати во земјава три месеци? Од каде оваа на службено патување, па се вратила? Колку и траело, 1 месец? 2?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.924
Поени од реакции
12.417
Сеа и го отворив профилот на таа Ања, во потпис и стои what Ania wants, Ania gets :D Шо се очекува од вакви ликови не знам, потешко од торбата за шминки не кренала во живот.
Многу работи излегуваат на виделина во кризава, читав по коментарите на таа високо образованата дека немале ни вода во просториите и дека не биле исчистени. За жал таква е состојбата константно, мајка ми работи на Ќафасан па немаат ни техничка вода, значи нема ни вода за да пуштиш во вц не па вода за пиење. Цело време ги користат приватните простории на шпедициите.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Чекајте малце другари, немаше мерка од пред 2 недели секој кој ќе излезе од државава (освен за мед. потреби и за професионалните возачи) да не смее да се врати во земјава три месеци? Од каде оваа на службено патување, па се вратила? Колку и траело, 1 месец? 2?
и мене тоа ми е чудно, службено патување on site повеќе од 2 недели немам чуено да трае :D не им идеш на апсолвентска. Значи мадамава безмалку месец е таму.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
347
Поени од реакции
429
Да таа е позната фаца, се омажи за тој Микиќ, сепак за кариерата секоја чест.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom