- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.159
- Поени од реакции
- 25.650
Не, робот би измерил дали повеќе вреди 10000 мртви или економски пад. Човек тешко може да измери тоа.Не можеш така, ако не си емотивен си робот а робот е стрикно разум, никогаш човечност. Да е стрикно разум и роботско размислување, тоа е само и само полициски час и целосен локдаун на неодредено ама каде е тогаш човечноста по која секогаш трагаме во ситуацијава? Нели зборувавме уште пред месеци за менталното здравје на луѓето, за бизнисите, за економија? Тогаш кога се носеа одлуки на штета на се' ова, беше безчовечно и неарно.
Јас не викам да биде робот. Ама тој има јавен настап. И наместо јавниот настап да го искористи за да прокламира зошто е битно народот да ги почитува мерките, да е разумен и одмерен, тој од прва минута го користи медиумското време да збори за тоа дали имал или немал џип.
После се караше за работи кои не се негова надлежност. Го прашуваат зошто маска на отворено во парк, тој се кара со новинарот. Наместо да објасни зошто тој како доктор сака во услови на високо загадување, зголемен студ и вирус надвор од контрола повеќе луѓе да носат маски, и да рече за законската дефиниција да разговараат со правници, тој прави конфликт.
Да сум на местото на Заев би му забранил да се појавува на ТВ. Ако не слуша, би го разрешил. Со јавните настапи повеќе штета од корист направи.