Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Како се сплетка официр Краџовски....се згазив од смеење. :pos:
Маска на отворено зошто? Сме претале со нозете кога пешачиме сами низ парк и сме ја разбуфтувале короната од земјата. Симулацијата со рацете беше јака....да си замислиме како дигаме прашина полна со корона која потоа ја вдишуваме и се заразуваме.
Ама во кафана никако маска....таму вентилацијата решавала работа.

Др. Кунгуловски убаво објасни околу оваа работа
 
C

CoolIris

Гостин
Сето тоа е во ред, но има тестови од различни производители со различен процент на грешка. А грешката кај некој е многу поголема.

Се сомневам дека ние имаме од најдобрите германски и јужно корејски тестови.
Едно е лажно позитивен и лажно негативен резултат, а друго е твоето тврдење дека и другите корона вируси се детектираат како Ковид-19.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.982
Поени од реакции
14.769
Еве јас лично сум за носење на маски на отворено!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!:angel:

Не се заебавам....бидејќи досега моето искуство е дека најсериозните случаеви каде сум можел да се заразам е кога по улица ќе се сретнам со некој познаник, и нормално ќе застаниме да помуабетиме за нешто. И неможиш тогаш да ваѓаш маска....вече си го започнал разговорот. Веќе сум имал неколку сомнителни контакти(после контактот...после неколку денови сум разбрал дека соговорникот е позитивен)


НО...ова е за мал град како Кичево каде повеќето луѓе се познаваат меѓусебно се познаваат и многу често разговараат на улица.

Сега во моментов некој да го провери ова...суигурно во 5 минути ќе види како двајца пролазници застанале на кратко да помуабетат

Големите градови како Скопје се друга приказна....обично на постојките и влезовите е гужва...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Прво, да кажеш дека јавното здравство сега не постои е блам, кога доктори и медицински персонал воглавно вработен во државни институции не знаат глава кај им е.

Во врска со прегледот кој го спореди со преглед, консултации, оперативен зафат и контрола во времетраење од два месеци, не знам што да ти кажам.

Ако убаво го прочиташ мислењето, јас се пожалив од постоперативната нега на мајка ми и односот на вработените (не на докторот кој за воља на вистината беше маестрален).
И што има врска дали е само преглед или операција, кога пола година не можеш преглед да добиеш. Може сум бил за операција, може не, во секој случај немаше да дознаам ако не беа приватните болници.
И кој доктори не знаат кај им главата? Не сите работат со ковид пациенти. Останатите буквално дремеа пола година, работеа само со итни случаи и жив човек немаше по клиниките.
Како стигна од организација за што ме цитираше до пост оперативна грижа? Ете објасни ти зашто немаше прегледи на државно туку само на приватно толку време, ако не организација?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Болниците се во хибернација за се друго сем Ковид веќе седум месеци. Термини нема, ниту ќе има.
Едноставно кажано немој да ти притреба преглед за X работа. Се друго е стопирано, редовни терапии луѓе примаат препишани од февруари, без извршена редовна контрола од специјалист.....телефонски во консултаија со матичен лекар.....дива лига.
Работава е немој од ништо друго сем од Ковид да се разболиш ако немаш пари за на приватно.
После голема смртност поради коморбилитети.....па да ако една хронична болест не се следи редовно, излегува од контрола и веќе си во доста ризична група. А реално мал процент на граѓани во Македонија можат да си дозволат лекување во приватно здравство.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
И што има врска дали е само преглед или операција, кога пола година не можеш преглед да добиеш. Може сум бил за операција, може не, во секој случај немаше да дознаам ако не беа приватните болници.
И кој доктори не знаат кај им главата? Не сите работат со ковид пациенти. Останатите буквално дремеа пола година, работеа само со итни случаи и жив човек немаше по клиниките.
Како стигна од организација за што ме цитираше до пост оперативна грижа? Ете објасни ти зашто немаше прегледи на државно туку само на приватно толку време, ако не организација?
Има врска, како нема. Едно е да бидеш на пола саат друго е два месеци повеќекратно со лежење. Уствари добро ако тебе ти нема разлика.

Организацијата на болницата се состои од моментот кога ќе стапнеш во неа до излез, не само она што ти/ми одговара.

Не знам зошто нема, веројатно зошто не можат да постигнат затоа што персоналот е во најголем дел ангажиран во врска со пандемијава и мн други луѓе страдаат поради тоа. Ти што мислиш, зошто?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Има врска, како нема. Едно е да бидеш на пола саат друго е два месеци повеќекратно со лежење. Уствари добро ако тебе ти нема разлика.

Организацијата на болницата се состои од моментот кога ќе стапнеш во неа до излез, не само она што ти/ми одговара.

Не знам зошто нема, веројатно зошто не можат да постигнат затоа што персоналот е во најголем дел ангажиран во врска со пандемијава и мн други луѓе страдаат поради тоа. Ти што мислиш, зошто?
Како би стигнал до тие 2 месеци ако не ме прегледаат.Како е немањето преглед полошо од тоа чистачката што ви се развикала? Зашто туркаш инает не ми е јасно.
Сите знаеме дека останатите клиники одеа на работа со редуциран кадар, кое црно ангажирање. Зарем мислиш дека некој нефролог отишол да помага на инфективно и затоа немало прегледи :D? Свесен си дека луѓе идеа на црно да ги прегледуваат без официјален термин?
Едноставно е, неспособни се тие што ги организираат, плата ќе земат секако, за разлика од приватниве кој ќе пропаднат ако не работат.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.322
Јас ако одам на повеќе места не ја тргам маската, сигурно нема од маркет до банка на пет минути пеш да вадам маска.
Проблемот е кога пешачиш. Јас кажав, скоро секој ден гледам да испешачам, значи целта на излегувањето ми е таа, не влегувам никаде, нити одам по полни улици, буквално одбегнувам луѓе. Не гледам поента да се гушам сама, ти ја гледаш ли во таков случај? Ете така терам со месеци, па нити сум била болна, нити тие во мое опкружување се пожалиле.
Е ова. Ради ова се буниме повеќето дека меркава е нонсенс. Ко што пишаа поназад, секој ваљда е свесен дека треба да си стави маска доколку се најде во ситуација каде има голема концентрација на народ, на пример постојки, ред пред банка, маркет и слично.

Ај оди ти објасни му на рандом џандар дека спортска активност е пешачење. Него од станица му е кажано да пишува казни и сигурно нема да те разбере ако му кажеш дека спортуваш со тоа што си искочила сама да пешачиш. Чест на исклучоци секако.

И јас иам навика да пешачам скоро секоја вечер, да се шетам. Порано во текот на денот искачам на трчање ама трчам во шума така да неам контакт со народ иако има луѓе што си шеткараат и таму. Ама да трчам на улица и да ме застане џандар да ми попува зашто не носам маска, не верувам дека ќе му застанам.

Ќе има проблеми и со ова ќе видите, како се дефинира спортска активност. Возење на точак на пример, како ќе му докажеш на џандар дека и тоа е спортска активност? Дали треба да си облечен во хеланки, со кацига, за да личиш на велосипедист или можеш во рандом облека да си на точак и да му кажеш еве бе спортувам? :D Истотака пешачење, дали мора да си облечен во хеланки, шорцеви, дрес, шушкавец, да шпарташ со рацете извадени од џебови за да личиш на брзоодач или моеш у рандом облека да му кажеш еве бе спортувам, брзо одење, пешачење. :D
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Како би стигнал до тие 2 месеци ако не ме прегледаат.Како е немањето преглед полошо од тоа чистачката што ви се развикала? Зашто туркаш инает не ми е јасно.
Сите знаеме дека останатите клиники одеа на работа со редуциран кадар, кое црно ангажирање. Зарем мислиш дека некој нефролог отишол да помага на инфективно и затоа немало прегледи :D? Свесен си дека луѓе идеа на црно да ги прегледуваат без официјален термин?
Едноставно е, неспособни се тие што ги организираат, плата ќе земат секако, за разлика од приватниве кој ќе пропаднат ако не работат.
Јас колку што разбрав, ти си бил на преглед поради бубрезите. Јас ти објаснувам за цел третман и прегледи врзани со карцином.

Ако според тебе се неспособни, според мене не се, само се андерстафд и немаат услови.
Автоматски споено мислење:

секој ваљда е свесен дека треба да си стави маска доколку се најде во ситуација каде има голема концентрација на народ, на пример постојки, ред пред банка, маркет и слично.
Не се слагам и мислам дека ова е неточно, за жал. Има мн несвесни и воедно несовесни луѓе.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.322
Не се слагам и мислам дека ова е неточно, за жал. Има мн несвесни и воедно несовесни луѓе.
Затоа реков ваљда.

Епа брат на тие што сакаш напрај им они пак ќе си останат исти. Што вика Стекот, јако дело 600 денари казна, ќе ја плати и пак ќе си продужи со истото.
Од друга страна Оливер Спасовски иде на слава, Венко му паметува на друг за неносење маска доека и он нема маска на него.

Повеќето ќе се освестат, верувам.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Затоа реков ваљда.

Епа брат на тие што сакаш напрај им они пак ќе си останат исти. Што вика Стекот, јако дело 600 денари казна, ќе ја плати и пак ќе си продужи со истото.
Од друга страна Оливер Спасовски иде на слава, Венко му паметува на друг за неносење маска доека и он нема маска на него.

Повеќето ќе се освестат, верувам.
Што да им правиш брат, џабе е. Со инка, не можеш и да сакаш. Тие луѓе се убедени дека нема вирус, се е завера на билгејц и масоните и тоа е.

Во КАМ слушнав муабет дека ова е завера на муслиманите, да не научеле да носиме "од оние марамине на глава", за полесно да се навикнеме.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.739
Да не се претерува толку, во полска штрајкот е за друго.
Грубо кажано власта сака да го забрани ебењет* без презерватив ;), затоа толку полјакињи се собрале на митинг, за COVID нема шанса да излезат.
Полит коректно кажано, владата сака да зголеми наталитет и забранува абортуси. Народот нормално несака, секоја трета абортира таму и ќе треба да се чудат што да прават со не планирани бебиња. Видоа дека ќе падне владата и го повлекоа законот.
Се ЕУ е обратно како што треба, у смисол Путин сака здраво општество, забранува ЛГБТ пропаганда, сака да има наталитет, но не прави тоа со присила, ајде сега раѓајте па ако не сакате да ги гледате има еднополови кандидати да ги посинат. Има закон за мајчин капитал, дава пари за млади семејства /хетеросексуални/ за секое родено дете ,со парите за три деца купуваш повеќе од пола стан , плус детски додаток...

А видео за Трамп за COVID ти е јако, јас, Трамп и уште милијарди други се согласуваме со него.
Toa za Polska da ne e obratno, vlasta saka natalitet, da zabrani onadenje SO kondom?...ala Enver Odja rules
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.279
Поени од реакции
27.744
Ve molam namalete so kritikite kon Karadzovski, clenovi tuka se krstea na negovata izjava deka luge od soobrakajki gi pisuvale mrtvi od covid.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Е ова. Ради ова се буниме повеќето дека меркава е нонсенс. Ко што пишаа поназад, секој ваљда е свесен дека треба да си стави маска доколку се најде во ситуација каде има голема концентрација на народ, на пример постојки, ред пред банка, маркет и слично.

Ај оди ти објасни му на рандом џандар дека спортска активност е пешачење. Него од станица му е кажано да пишува казни и сигурно нема да те разбере ако му кажеш дека спортуваш со тоа што си искочила сама да пешачиш. Чест на исклучоци секако.

И јас иам навика да пешачам скоро секоја вечер, да се шетам. Порано во текот на денот искачам на трчање ама трчам во шума така да неам контакт со народ иако има луѓе што си шеткараат и таму. Ама да трчам на улица и да ме застане џандар да ми попува зашто не носам маска, не верувам дека ќе му застанам.

Ќе има проблеми и со ова ќе видите, како се дефинира спортска активност. Возење на точак на пример, како ќе му докажеш на џандар дека и тоа е спортска активност? Дали треба да си облечен во хеланки, со кацига, за да личиш на велосипедист или можеш во рандом облека да си на точак и да му кажеш еве бе спортувам? :D Истотака пешачење, дали мора да си облечен во хеланки, шорцеви, дрес, шушкавец, да шпарташ со рацете извадени од џебови за да личиш на брзоодач или моеш у рандом облека да му кажеш еве бе спортувам, брзо одење, пешачење. :D
Па не можеш да објасниш дека пешачење е спортска активност, откај да знае тој кај си тргнал ти. Е сега јбг, не сите сакаме/можеме да трчаме.

Вчера попладне се шетав со маска. Пола и повеќе што сретнав пак не носеа маска. Ем се гушиш, ем се осеќаш ко факинг идиот, зашто ко што кажав, тие што сме почитувале, пак ќе почитуваме, другиве нека си тераат живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom