Копа Америка 2019

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    96
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Абе стварно сте јаки :D
Роналдо имал среќа што освоил европско, Меси немал среќа што не освоил Копа... ко прво неможеш ни да ги споредиш Копа Америка со Европско, тоа ти е ко Фичо со Мерцедес да споредуваш. Друго Среќа, кај тоа тренерите и играчите што би одбрале (а си бираат јавно, фино и поштено секоја год на FIFA The Best и Златна топка) ви беше смешки, сеа па среќа овој имал, тој немал :ROFLMAO: ко Реал што зимаше 3 ЛШ по ред на среќа....
Доста беше од комуникацијава, позз :)
Па реално среќа, или подобро кажано, околности кои се надвор од нивна контрола, беа разликата помеѓу тоа што Меси изгуби финале на светско, а Роналдо победи во финале на Европско. Нивниот перформанс ќе беше скроз идентичен и Меси да беше светски шампион, а Роналдо да беш ликот во “за малку“ ситуација. Така да, нема смисла тоа да биде дефинитивен аргумент за кој е подобар помеѓу нив двајца. Да беше генерацијата на Франција некој година постара, или некој од суртиците Игуаин и Паласио да знаеја да реализираат зицери, сега приказната ќе беше различна.
Разликата меѓу нив двајца во оваа фаза од кариерата, со ова минато позади нив, е веќе прашање на вкусови, не прашање на квалитет. Двајцата се рамо до рамо во моментов, иако веројатно Меси ќе ја заврши кариерата со подобри лични бројки. Глупаво е да се аргументира дека едниот е дефинитвно подобар од другиот, кога за се има контрааргумент. Роналдо освои 4 ЛШ со супер-тимот на Реал, Меси освои 3 ЛШ со својот супер-тим во Барса. Роналдо освојувал домашни титули во три лиги, Меси ја владее Лалига цела деценија, вклучително и додека Роналдо беше дел од неа. На крај оценката на фановите се сведува, на кој што сака да гледа (и кој чив фан е)
Мојот вкус секогаш влечел и секогаш ќе влече накај Меси. Човекот е поезија, додека го гледаш како игра остава впечаток како да е во различна димензија, со други природни закони, од нас останатите.
 
Последно уредено:
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Дали е подобар Меси или Роналдо прашање на вкус е и можам да разберам зошто некои луѓе го преферираат едниот или другиот, ама не можам да ги разберам овие што го преферираат Роналдо кога како аргумент го користат тоа што Меси немал освоено ништо со Аргентина, а овој демек имал освоено Европско (какво смешно натпреварување беше тоа во 2016). И не само од фановите на Роналдо, туку и од други луѓе коишто според нив Меси не е најдобриот фудбалер на сите времиња како аргумент најчесто го користат тоа што Меси немал светско првенство. Не знам како може првенство кое се организира на 4 години со максимум 7 натпревари каде што една мала околност, повреда, црвен картон или слично може да донесе неуспех да влијае врз конечниот суд за тоа дали еден играч кој има 600 голови во професионалната кариера и безброј успеси дека не е најдобриот фудбалер на сите времиња. Тоа е многу плитко и површно размислување, речиси исто како да кажеш дека Кејси Афлек е на исто рамниште со Ал Пачино бидејќи двајцата имаат по еден оскар.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.075
Поени од реакции
11.065
Пред некои си 5-6 години, главен аргумент на фановите на Барса им беа титулите во ЛШ и златните топки. Се пуваа дека Реал освојувал ЛШ пред 50години кога се играло со хартиени топки и сл.
После 5-6 години, нивните главни аргументи одат контра нив. Затоа ќе чутат и ќе пушат сеа.
Смешно или не смешно натпреварување, го освои Португалија. И тоа смешното натпреварување, е сто пати потешко да го освоиш отколку чарли чаплин купот кој што се одржува 4 пати во 5 години.
Тоа што Роналдо освоил а Меси не, го користам како факт дека Роналдо се докажал во повеќе клубови+ репрезентацијата (стигнал до успеси), за разлика од Меси кој што се што постигнал е во еден тим и систем. МОЕ мислење е дека Меси нема шанси да ги има истите бројки во друг клуб. Не велам дека ќе биде на рамниште на Бориело, туку дека нема да ги има истите бројки.
А ако дриблинзите на Меси ви го прават најдобар играч, тогаш зошто да не е најдобар Роналдињо, Роналдо дебелио, Нејмар и уште еден куп други играчишта кои што имале ненормален осет и дриблинг?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.924
Поени од реакции
84.348
Добри се овие Меси, добро почнаа, ама овие Роналдо можда ќе им трнге во второ, ќе видиме, ипак се очекуваше вака жестока борба на теренот после билд-апот на мечот последнвие 10 страни
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Дали е подобар Меси или Роналдо прашање на вкус е и можам да разберам зошто некои луѓе го преферираат едниот или другиот, ама не можам да ги разберам овие што го преферираат Роналдо кога како аргумент го користат тоа што Меси немал освоено ништо со Аргентина, а овој демек имал освоено Европско (какво смешно натпреварување беше тоа во 2016). И не само од фановите на Роналдо, туку и од други луѓе коишто според нив Меси не е најдобриот фудбалер на сите времиња како аргумент најчесто го користат тоа што Меси немал светско првенство. Не знам како може првенство кое се организира на 4 години со максимум 7 натпревари каде што една мала околност, повреда, црвен картон или слично може да донесе неуспех да влијае врз конечниот суд за тоа дали еден играч кој има 600 голови во професионалната кариера и безброј успеси дека не е најдобриот фудбалер на сите времиња. Тоа е многу плитко и површно размислување, речиси исто како да кажеш дека Кејси Афлек е на исто рамниште со Ал Пачино бидејќи двајцата имаат по еден оскар.
Абе друже, ова не е слатко од смокви па да е прашање на вкус. Ова е спорт и тие се спортисти. Се знае кој е подобар. Не може двајцата да се најдобри, туку еден е.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.553
Поени од реакции
21.578
Ова црвениве картони на Медел и Меси жива брука.
Не го гледав натпреварот ама од Јутуб што можам да најдам е само едно обично кошкање за жолт картон а може и усна опомена.
Црвен и на двајцата очекував да видам некој фајт, а не буткање со гради на две џуџиња.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.155
Поени од реакции
16.697
Она па Медел илјада црвени картони има во кариерата заради кошкање со противнички играч, како питбулче некое е, само се сили а ф од фудбал не знај.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.838
А ако дриблинзите на Меси ви го прават најдобар играч, тогаш зошто да не е најдобар Роналдињо, Роналдо дебелио, Нејмар и уште еден куп други играчишта кои што имале ненормален осет и дриблинг?
Роналдо оправдано имаше повреди..ама Роналдињо и Нејмар се вошкари непрофесионални... Меси се 300 класи подобри од нив двата бидејќи се задржа на констатно ниво преку 12 години ..и плус не е само до дриблинзите..тебе ти се чита така..ти објаснуваме дека комплетниот фудбал што го игра е поезија..асистенциите,потезите,головите..фудбалот и game-play-от е out of scope..онака со подотворена уста да те остави кога ќе го направи потегот со асистенцијата или кога ќе мани лобовче..упорно ти го спомнувам голот против Бетис бидејќи таков генијален потег неможиш да видиш од Роналдо или било кој фудбалер..и тоа онака преку 30 гола такви има даено..голот против Арсенал..против Баерн во 2015 беше мочање како на плеј стејшн..неможиш да убедиш чоек дека Роналдо го можи ова..настрана што и во бројки го јади..во меѓусебни дуели го моча..во иста лига играа и ги видовме кој е кој..

Тебе главен аргумент ти е ист систем и ист клуб..нормално е да остани таму..зошто би заминал на друго место?..зарем има поубаво место и клуб од Барселона?..и јас не се сложвам со нивните фанови за се и сешто и сметам дека повеќето се but-hurt недораснати дечишта што појма немаат од фудбал..ама за Меси неможиш да му најдиш мана..онака пушти си го голот против Арсенал кога си ја поткопа на мал простор и размисли дали некој друг го можи тоа..Нејмар,Робињо,Роналдињо ми ги спомнуваш со 3 сезони фудбал..вошкари од фудбалери.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.621
Поени од реакции
5.145
Дур се докажувате дека е најдобар пак неможе гол да даде, па и едно време го биеше глас на најпоштено суштество на планетата, црвен и медалот не го зел :bravobe:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
На светското првентство 2014 беше и прогласен најдобар и играше и финале.
Нешто за што не би требал да се гордее. На церемонијата требаше да му ја предаде наградата инстант на Машчерано зошто Машч беше едно два пати боље играч тоа првенство од Меси. Тоа прогласување не треба да биде спомнато како аргумент за маестралноста на Меси.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Настрана дали ја заслужил таа награда за најдобар на тоа СП или не факт е дека играше финале и го загуби во продолженија. Тоа воопшто не е мало достигнување колку фановите на Роналдо да го негираат тоа. Баш кога се СП во прашање не треба ни да помислат да го споменат како аргумент кога веќе Роналдо на СП нема постигнато апсолутно ништо со што би влегол во историјата на СП како најголемо натпреварување. Дури некој се дрзнува да изедначува финале со испаѓање по групи. Демек само победникот е важен а финалистот се заборавал... Како што гледам никој го нема заборавено Јохан Кројф па сигурно нема ни Меси...[DOUBLEPOST=1562503130][/DOUBLEPOST]Инаку црвените за Меси и Медел се жива смејурија. Такви кошкања некогаш има по 10 на утакмица...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.429
Поени од реакции
42.701
Настрана дали ја заслужил таа награда за најдобар на тоа СП или не факт е дека играше финале и го загуби во продолженија. Тоа воопшто не е мало достигнување колку фановите на Роналдо да го негираат тоа. Баш кога се СП во прашање не треба ни да помислат да го споменат како аргумент кога веќе Роналдо на СП нема постигнато апсолутно ништо со што би влегол во историјата на СП како најголемо натпреварување. Дури некој се дрзнува да изедначува финале со испаѓање по групи. Демек само победникот е важен а финалистот се заборавал... Како што гледам никој го нема заборавено Јохан Кројф па сигурно нема ни Меси...[DOUBLEPOST=1562503130][/DOUBLEPOST]Инаку црвените за Меси и Медел се жива смејурија. Такви кошкања некогаш има по 10 на утакмица...
Има Роналдо играно полуфинале на СП. Пкус две финакиња на ЕП, гледам тоа првото стално му се заборава, ама иако беше дете сам ја реши Холандија во полуфиналето со гол и асистенција. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom