- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Па реално среќа, или подобро кажано, околности кои се надвор од нивна контрола, беа разликата помеѓу тоа што Меси изгуби финале на светско, а Роналдо победи во финале на Европско. Нивниот перформанс ќе беше скроз идентичен и Меси да беше светски шампион, а Роналдо да беш ликот во “за малку“ ситуација. Така да, нема смисла тоа да биде дефинитивен аргумент за кој е подобар помеѓу нив двајца. Да беше генерацијата на Франција некој година постара, или некој од суртиците Игуаин и Паласио да знаеја да реализираат зицери, сега приказната ќе беше различна.Абе стварно сте јаки
Роналдо имал среќа што освоил европско, Меси немал среќа што не освоил Копа... ко прво неможеш ни да ги споредиш Копа Америка со Европско, тоа ти е ко Фичо со Мерцедес да споредуваш. Друго Среќа, кај тоа тренерите и играчите што би одбрале (а си бираат јавно, фино и поштено секоја год на FIFA The Best и Златна топка) ви беше смешки, сеа па среќа овој имал, тој немалко Реал што зимаше 3 ЛШ по ред на среќа....
Доста беше од комуникацијава, позз![]()
Разликата меѓу нив двајца во оваа фаза од кариерата, со ова минато позади нив, е веќе прашање на вкусови, не прашање на квалитет. Двајцата се рамо до рамо во моментов, иако веројатно Меси ќе ја заврши кариерата со подобри лични бројки. Глупаво е да се аргументира дека едниот е дефинитвно подобар од другиот, кога за се има контрааргумент. Роналдо освои 4 ЛШ со супер-тимот на Реал, Меси освои 3 ЛШ со својот супер-тим во Барса. Роналдо освојувал домашни титули во три лиги, Меси ја владее Лалига цела деценија, вклучително и додека Роналдо беше дел од неа. На крај оценката на фановите се сведува, на кој што сака да гледа (и кој чив фан е)
Мојот вкус секогаш влечел и секогаш ќе влече накај Меси. Човекот е поезија, додека го гледаш како игра остава впечаток како да е во различна димензија, со други природни закони, од нас останатите.
Последно уредено: