Искрено порано многу полесно го кажував,но послем ми се случија некои работи кои што ме сменија од корен,така да една од работите кои што се сменија тогаш беше токму тоа.Потешко ми стана да кажувам извини,посебно кога сум многу крива.Мислам дека тогаш ќе биде најдобро да не кажувам ништо,бидејќи знам дека сум згрешила и дека едно извини нема да поправи голем дел од работите.
Сепак да,се извинувам и секогаш го мислам тоа,од срце го кажувам,без разлика некогаш колку и да е тешко.
Инаку прифаќам извинувања и ми значи кога некој ќе ми каже извини,можеби во моментот знам да изреагирам прилично ладно и незаитересирано,но длабоко во себе знам дека секој заслужува втора шанса.Лесно простувам,некогаш извини ми е и повеќе од доволно и покрај тоа што знам дека некои го злоупотребуваат тоа.