- Член од
- 8 мај 2009
- Мислења
- 284
- Поени од реакции
- 102
Зависи од целокупната ситуација, значи според мене не е се во едно зборче, некогаш е потребно објаснување со отворени карти прво пред самите себе а потоа со особата со која сме навлегле во дуел. Јас така играм кога гледам дека нешто не се одвива како што треба, кога доаѓа до меѓусебно недоразбирање. Не е работата само човек да клекне на коленици, туку јас мислам дека со искрениот муабет секогаш се наоѓа некакво решение (доколку ние реално сакаме да го согледаме). И секако дека, доколку сфатам дека сум навистина виновна умеам да се извинам и се обидувам да одржам здрав однос со личноста со која сме ја разнишале таа врска.