Книги кои би ги препорачале

Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
Предлог книга жарн фантазија-авантура слична на Ерагон или Господар на прстените?А може и некоја must reed научна фантастика од поново време.Само да се преведени на македонски.
Однапред ви благодарам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
Предлог книга жарн фантазија-авантура слична на Ерагон или Господар на прстените?А може и некоја must reed научна фантастика од поново време.Само да се преведени на македонски.
Однапред ви благодарам.
Хари Потер? Само тешко дека ќе ги најдеш македонските преводи. Или Игра на тронови? Во Топер ги има преведени првите 4 дела во 8 книги, по 500 е секоја, значи вкупно 4000 би те чинеле. Антолог ги имаат преведено првите два дела од Лавиринт, а Сакам книги - трилогијата Игри на гладните. Не ми текнува на нешто друго слично.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Предлог книга жарн фантазија-авантура слична на Ерагон или Господар на прстените?А може и некоја must reed научна фантастика од поново време.Само да се преведени на македонски.
Однапред ви благодарам.
Покрај тие горе.

Divergent и The mortal instruments. Првата дефинитивно ти е преведена, за вторава не знам (инаку, серијали се). Ја имаш и Делириум преведена и моја препорака е да не ја пипаш ни со прст. Не знам колку години имаш, можеби како фантазија-авантура ќе ти се допаде серијалот Перси Џексон, ама и овие не знам дали се преведени.

Од научна фантастика, Деникен ми е врв, а и ќе остане на врвот. Само не е од поново време. Пред да се решиш за него, имаш серијал од преку 100 епизоди- „Древни вонземјани“ кој одеше на Хистори. Сите тие епизоди се инспирација од неговите книги и теории или пак теории од книгите на неговите “ученици“. Ако сакаш да научиш нешто историја, а истовремено да го пратиш мозокот на пасење, гледај или читни нешто од овие. :)
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Каде би можел да најдам германска литература во Скопје? И ако може некоја книга на германски да препорачате трилер/мистерија или пак романтика нешто.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Снежана мора да умре - Неле Нојхаус

Настаните се одвиваат во Германското село Алтенхајн, место во кое се случиле неколку злосторства кои оставиле белег врз сите жители, но овде не е се завршено, по извесно време историјата се повторува, поттикната од човековата глад за моќ, себичност и љубомора.

Одличен трилер кој го заслужува секое внимание. Ќе ве внесе тотално во случувањата и нема да зажалите за посветеното време.

Оценка: 8.5/10
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Терапија - Себастијан Фицек

Неверојатно привлечно. Психолошки трилер, драма, хорор, се во едно. Фантастично скоцкано во едно дело, кое ќе нема да Ви дозволи да го пуштите од Вашите раце и ќе Ве држи будни долго во ноќта.

Татко, познат психијатар со сопствена клиника во Берлин ја губи сопствената ќерка. 4 години трага по неа и секојдневно се измачува со нејзиното исчезнување. Кога е решен да се помири со судбината и да се изолира од светот, почнува ,,рингишпилот" на неговиот живот.

Оценка: 9/10
П.С: не ја препорачувам за лица со слабо срце.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Оксфордски убиства - Гилјермо Мартинез

Сеуште се чудам како луѓето оставаат воодушевувачки коментари за книгава. Релативно да, интересно, но далеку од совршено како што читав по нет.
Досаден почеток, интересен заплет, глупав расплет.

Низа на убиства во Оксфорд, поврзани со математички симболи, толку би можел да раскажам.

Оценка: 5.5/10
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Криј се - Лиса Гарднер

Интересна приказна за живот во бегство, нови градови, преселби, нови идентитети. Анабел конечно ќе треба да се соочи со вистината која ја измачува повеќе од 25 години: Зошто татко и ја тера постојано да бега и да ги менува идентитетите? Во меѓувреме полицијата во Бостон открива подземна просторија во која се пронајдени тела на 6 мртви девојчиња, стари повеќе од 25 години.

Интересен трилер кој го задржува вниманието. Лесен за читање.

Оценка: 7.5/10
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Препорачајте книга за мотивација (успех, истрајност, позитива) или нешто како "до душевен мир" (Ошо, Далај Лама) итн :)
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Препорачајте книга за мотивација (успех, истрајност, позитива) или нешто како "до душевен мир" (Ошо, Далај Лама) итн :)
Се гледаме на врвот од Коста Петров. :)
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
А

Атлантист

Гостин
Бригадата од Александар Белов.
Александар Белов е псевдоним. Авторот е непознат и се предпоставува дека е директен учесник во настаните опишани во книгата. Книгата опишува настани за време на распадот на СССР. Авторот на книгата е неправедно обвинет за убиство и ќе биде принуден заедно со неговите пријатели да навлезе во светот на криминалот.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Источно од рајот - Џон Штајнбек (издание на Магор)
Уф, навистина не знам од каде да почнам...
Немам зборови со кои би опишал колку книгава може да допре до обичниот читател. И покрај обемноста, нејзината едноставност преку наративната мисла на Штајнбек не` воведува во вечната борба меѓу доброто и злото. Неговата истрајност е оноа што најмногу ме има освоено. Бидејќи, реално, злото не би имало логика самото од себе да егзистира де не би постоеле причините за неговото појавување.
Приказната нема да ја раскажувам бидејќи е преобемна, но ве уверувам дека ни минута нема да ве остави со промашена поента. Се` е толку складно скоцкано, секој опис, секој дијалог има смисла (дури кога е опишан со невербална комуникација). Се осеќате како еден од главните ликови (Семјуел Хамилтон) ви ја раскажува приказната со голема истрајност и проникливост, како да самиот тој ве анализира и пробува да го извади најдоброто од вас.
Заслужува да биде книга - лектира за секој млад кој се наоѓа во двоумието меѓу доброто и злото.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Човекот од маглата - Донато Каризи

Малку поинаков стил на пишување од вообичаениот за Каризи. Дело кое во секој случај вреди да се прочита иако на моменти се задлабочува во приказната и доаѓа до граница на досада, која за среќа не ја преминува. Одличен расплет и неочекуван крај, кој вреди да се дочека.

Специјалниот агент Фогел истражува случај на исчезнато девојче. Во текот на истрагата доаѓа до шокантни откритија за случаи стари 30 години. Човекот од маглата сеуште постои, сеуште напаѓа и по пауза од 30 години, но кој е тој?

Оценка: 7.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom