Терапија - Себастијан Фицек
Неверојатно привлечно. Психолошки трилер, драма, хорор, се во едно. Фантастично скоцкано во едно дело, кое ќе нема да Ви дозволи да го пуштите од Вашите раце и ќе Ве држи будни долго во ноќта.
Татко, познат психијатар со сопствена клиника во Берлин ја губи сопствената ќерка. 4 години трага по неа и секојдневно се измачува со нејзиното исчезнување. Кога е решен да се помири со судбината и да се изолира од светот, почнува ,,рингишпилот" на неговиот живот.
Оценка: 9/10
П.С: не ја препорачувам за лица со слабо срце.