Atonement - Ian McEwan
Колку год да е одличен филмот, книгата секогаш ќе биде чекор над него. Моја една и единствена препорака - пред да почнете да го гледате филмот, прочитајте ја книгата. Не затоа што филмот ќе ви го наруши крајот и ќе ве тера нон стоп да мислите на него додека читајќи, безмилосно се задлабочувате во приказната, туку затоа што одредени сцени макар колку и гротескно се прикажани на големото платно, писателот може десеткратно да ги долови на читателот. Тоа, и секако претходната мисла што ја имам кажано
Што ме навлече најмногу на книгава е самиот опис кој на моменти можеби делува по малку козистентно бидејќи писателот опишува една иста состојба со богат фонд на зборови, но мислата не му е хаотична, баш напротив, приказната има свој столб (backbone) на кој се накитени трите дела со епилогот, сите три одвивајќи се во различен период на животот на протагонистите. Се работи за тројца главни лика, (две сестри и едно момче), некаде во англија во средината на 30тите и за време на почетокот на војната. Ја имаме Бриони, најмладиот лик во прикаската со особено бујна машта која во почетокот има сосема среден живот или буквално англичаните би рекле (by the book - no pun intended
). Но сето тоа ќе се измени еден ден кога нејзиниот „совршен свет на детството“ ќе загази со првите чекори во светот на возрасните, кога ќе ги забележи нејзината сестра Сесилија и момчето Роби кај фонтаната во паркот, уривајќи го митот на совршената љубов опишана во класиците. Оттогаш перипетиите започнуваат. Не би одел понатаму за да не го нарушам посебното чувство кога го имате при сметање на сите можности што би можеле да се случат.
Иако изгубив речиси 2 недели читајќи ја книгава, ни во еден момент немав чувство на залутаност и изгубеност. Ова го имам забележано и во други два романи на МекЈуан.