Кладилници, казина подалеку од населени места ?

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?


  • Вкупно гласачи
    239
J

joli1

Гостин
Дали 10 пати во животот имам влезено во кладилница, но сум доста вокален За истите. Зошто? Прво плаќаат даноци и второ вработуваат луѓе. Независно дали се блиску или далеку од училиштата, влезот за лицата под 18 години, по закон, е забранет. И каква врска имаат населените места со кладилниците и казината? За разлика од кафичите и дискотеките, овие не прават бучава. Тогаш што е проблемот? Очигледно е дека се трн во око на едно мало радикализира исламистичко малцинство од албанскиот табор, кои често организираат протести во Тетово. Зошто поради нив државата да загуби буџетски приливи и илјадници граѓани да останат на улица?
Ама ние зборуваме од различни перспективи, ти зборуваш како некој кој што ни 10 пати нема влезено во кладилница, јас зборувам од перспектива на некој кој што скоро пола деценија работи или има работено во кладилница, со голем број познаници и другари чии што животи згаснаа или комплетно се уништија поради коцка. Мислам дека тоа треба да го земеш во предвид.

Точно, влезот за лицата под 18 години е забранет, но тоа не е тоа што се случува во пракса. Јас лично додека сум работал во кладилница никогаш не сум дозволувал малолетници да влегуваат или да се коцкаат, но сето тоа е залудно кога постојат кладилници кои мижат на тоа што малолетници се коцкаат внатре. Што значи дека ако јас не му дозволам, има кој да му дозволи и кај да се коцка.

Јас лично знаев некогаш да тепам апарати у средно, никој никогаш не ме прашал за години нити ми забранил да играм, иако влегував со школска ташња и беше очигледно дека сум на школска возраст тогаш. Дури и кога не им дозволував на малолетните да играат, секогаш се чудеа и прашуваа зошто и ми кажуваа дека во кладилницата подоле може да играат.

За разлика од кафулињата и дискотеките, кладилниците и казината можат гол да те соблечат, да те остават без и леб и да те заглават за години унапред, да ти ја уништат фамилијата, да направат да мислиш дека суицидот е единствен излез, итн. Јас не знам некој кој што се задолжува по лихвари, што зема брзи кредити, што краде пари од дома и продава се што е во негова и туѓа сопственост за да иде во кафуле или дискотека. Не е споредливо.

Нема да се сложам со последново. Точно е, во анти-коцкарското движење учествуваат и радикално исламистичко малцинство, но учествуваат и бивши и сегашни коцкари, бивши вработени по кладилници и казина, млади луѓе кои што се против било каков вид на дегенеризам (поготово кога истиот е промовиран од државата) и луѓе чии што фамилии беа уништени поради коцка. Јас искрено ќе го подржам потегот на исламските духовни водачи за нивното кревање на бунт и гласно кажување НЕ на коцкањето и државното спонзорирано заглавување на сопствениот народ, што нажалост не беше случај од страна на нашите духовни водачи.

Протестите се случуваат во Тетово затоа што во ниту еден град нема толкав број на кладилници и казина у споредба на број на жители, ниту пак во било кој друг помал град не се коцка колку што се коцка во Тетово. Еве, ако во Скопје имате 5 казина и кладилници во радиус од 200 метри, во Тетово во радиус од 200 метри имаш преку 30 кладилници и казина поради начинот на кој што е граден градот. Или у превод, на секоја пекара, на секоја библиотека, на секое кафуле, на секој ресторан, на секое тобако или локален дуќан или супермаркет имаш по 5 кладилници, ако не и повеќе. Значи самиот факт дека народот статистички повеќе се коцка отколку што пазарува е ЗАГРИЖУВАЧКИ И НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГНОРИРА. Се работи за сериозен општествен проблем.

Ок, државата профитира, се запослуваат луѓе, но што државата превзема против проблематичното коцкање, што државата превзема за оние луѓе кои што ги цеди и свесно ги заглавува? Дали е ОК државата да троши народни пари за купување ВЛТ апарати? Дали е ОК државата со народни пари да рекламира (онлајн) кладилница? Дали на мнозинството кладилници седиштето им е во други држави? Дали мнозинскиот дел од профитот на недржавните кладилници завршува реинвестиран во странски држави и континенти?

И да, и да се забранат, повторно луѓето некаде ќе се собираат и ќе се коцкаат. Вака само државата собира даноци, што од добивка, што до доход. Сите сакаме повисоки плати и сервисирање на јавните потреби, ама и сакаме да ставаме опструкции во слободното функционирање на пазарот затоа што секогаш имаме некоја ветерница која сакаме да ја собориме. Од година во година имаме се помалку и помалку даночни обврзници, а се поголеми и поголеми расходи. Принципот на баланс одамна е нарушен. Башка еден тег, за бизнис секторот, беше Ковид кризата која трае повеќе од 2 години и сега, вториот, новава економска криза, како последица од вештачкото одржување на економијата во живот сиве овие 2 години и парцијално поради војната во Украина, каде дополнително ќе ги усложнат работите. Па и инфлацијата тешко дека ќе се стави под контрола во доследно време и ќе почне самата себе да се јаде. Така не гледам никаква разумна потреба дополнително да се уништува уште еден сектор во оваа наша кревка економија.
Јас нагласив дека не се сложувам дека кладилниците и казината треба да бидат затворени. Комарот постоел и нажалост секогаш ќе постои, секој обид за затварање на кладилници и казина на државно ниво ќе резултира во тоа да индустријата работи на црно.

Јас не зборувам за уништување на сектор, јас зборувам за посилно и поумешно регулирање на сектор кој е дегенеричен и детриментален за општеството.

Дали треба да се забранат рекламите на странските кладилници? Дали треба да се забрани Лотарија на Македонија? И каде државата треба да има право на монопол?
Странските кладилници се рекламираат со сопствени, т.е приватни пари. Не се рекламираат со народни пари. Тука лежи проблемот. Нема поголем парадокс од тоа да државата рекламира сопствени кладилници, да купува апарати и индиректно да прави народот да се коцка у ек на најголема финансиска криза.

ОК, не сум против тоа државата да има монопол, но монопол се со цел да се заштитат граѓаните, младите, иднината, како и парите земени од народот.

Кај нас е правило државен интервенционизам во одреден сектор за заштита на општото добро, а потоа приватизација на целиот тој парцијален дел, така некој ќе се обогати. Дури потоа доаѓа капитализмот, преку понудата и побарувачката и ако има регулаторно тело во тој сектор, подмитување на истото. Така ниту КЗК, ниту антикорупциска, ниту обвинителството, ниту регулаторните тела не направија крупен чекор кон заштита на интересот на граѓаните овие 30 гофини. Прашање на време е кога ќе се распродаде сѐ, земјоделското земјиште во државна сопственост веќе е на продажба!
Точно. На крај државната 2win.mk ќе заврши во рацете на странските кладилници/казина кои оперираат во Македонија. Тоа е неизбежно.

Прашањето уште виси, зошто на власта и сметаат казината и кладилниците?

И ако проблем се кладилниците кои се во близина на училиштата, дали треба да се дислоцираат и алкотеките и да се забрани продажбата на цигари во продавниците кои се наоѓаат близу училиштата!? Лично сметам дека не, затоа што и едното и другото е забрането да се продаваат на малолетници, исто како што е забранет влезот на кладилниците за нив! Што е со партиските штабови? Дури, по "логика" на нештата, може да се нападнат и сендвичарите, сакаме младината да ни се храни здраво! Може секому да му смета нешто, ама овој пат аргументите се кревки. Нема потреба од менување на било што во овој сектор, сем почести инспекциски контроли. :)
Не и смета на власта тоа што има стотици кладилници и казина во државава, му смета на народот.

На народот му смета тоа што секој има познаник, пријател или пак роднина што е зависник.
На народот му смета тоа што не можеш до продавница да одиш без да пројдеш покрај 5 кладилници и казина.
На народот му смета тоа што на една библиотека и рекреативен центар имаш 50тина кладилници и казина.
На народот му смета тоа што државата мижи дека пола младина е зависна од коцка.
На народот му смета тоа што државата троши народни пари за апарати и промовирање на коцка.
На народот му смета тоа што до школите каде што учат нивните деца имаш наредено неколку кладилници или казина кои што очигледно ја таргетираат младината.

Не може да смета на некој кој што директно заработува од психофизичкото и финансиското уништување на сопствениот народ, не може да смета на некој чии што политички кампањи се спонзорирани од тие пари, не може да смета на некој кој што чим дојде на власт ги рекетира сите кладилници и казина на месечно ниво, итн.

Ако е ОК отварање кладилници и казина до школи, тогаш да почнеме курварчилници, стриптиз барови и фарми за марихуана да отвараме до школи. Можеме и кокаинот да го легализираме и да го шиткаме по трафиките у близина на школите, па кога ќе имаме епидемија на млади луѓе зависници од кокаин (како што сега имаме од цигари и комар затоа што буквално ги имаш секаде и секој малолетник може да ,,ужива" во нив затоа што законите не функционираат на дело), ќе велиме дека тоа било нивен избор, никој не ги терал, итн.

Јас прв ја имав мислам пишано таа компарација на коцкање со јадење нездрава храна кога беше моабетот околу затварањето на кладилниците додека беснееше корона лудилото.

Ќе признаам дека бев во грешка. Не е возможно да го споредиш комарот со јадење нездрава храна, за јадење нездрава храна нема да се задолжиш (бар не до тој степен), нема да земаш брзи кредити и да должиш по лихвари, нема да психофизички да ги уништиш сите околу тебе, шансите да посегнеш по сопствениот живот се далеку помали отколку шансите на коцкарот, итн.

Ние може комарот да го споредиме со тешки психички зависни дроги како кокаинот, амфетаминот, а не со хамбургери.

Замисли да го легализираме кокаинот, да смеат безброј кокаински шопови да се отвараат било каде (вклучувајќи и во близина на школите), да се продава неограничен број кокаин, единствени продавачи на кокаин да се политичката елита и луѓето близу нив, државата да троши народни пари за набавување на кокаин и промовирање на истиот, на секое училиште и спортски центар да имаш пет кокаински шопови, но мнозинскиот дел од профитот да завршува реинвестиран во други држави. Еве замисли што тогаш би се случувало во државава, а потоа само замени го зборот кокаин со кладилници и казина и гледаш дека е истото.

Инспекциски контроли во државава не постојат. Инспекциските контроли се репресивен апарат на партијата која што е на власт за рекетирање на сопствениците на приватни бизниси и ништо друго.

Да збориме за некоја држава каде што законите се почитуваат, се спроведуваат и важат за сите еднакво, ќе речев да, потребно е само инспекција да го регулира, ама затоа што живееме во држава каде што законите важат само на хартија и целиот правен систем е една обична импровизација, мора да се применат други мерки.

Да видиме и некои студии:

Поврзаност помеѓу проблематично коцкање и семејно насилство.
https://dbhdd.georgia.gov/sites/dbhdd.georgia.gov/files/imported/DBHDD/AD/Gambling/trauma_09_11.pdf

Поврзаност помеѓу коцкање и криминалитет.
https://dbhdd.georgia.gov/sites/dbhdd.georgia.gov/files/imported/DBHDD/AD/Gambling/PG_ Crime_09_11.pdf

Offending populations have the highest prevalence of pathological or problem gamblers of any population: among incarcerated felons 73% were assessed as probable problem gamblers.

Pathological and problem gamblers are arrested over three times more often than low-risk gamblers and over seven times more often than non-gamblers8

The majority of crimes committed by problem gamblers are fueled by their gambling (either to obtain money to gamble with or to pay gambling debts). Over two-thirds of pathological gamblers who committed crimes reportedly did so as a direct result of gambling: 40.4% reported only committing crimes related to their gambling. “80 to 90 percent of people in Gamblers Anonymous will tell you they did something illegal in order to get money to gamble. A lot of them do white collar crimes, fraud, credit card and employee theft.”

High rates of co-morbidity, which may be related to offending
Incarcerated felons with an alcohol/drug problem were more likely to have a gambling problem
Over 80% of pathological gamblers were at risk for alcohol or drug abuse/dependency
Pathological gamblers who also have a substance abuse problem were significantly more likely than those without a co-morbid condition (problem gambling or substance abuse) to report having assaulted someone, stolen, or sold drugs within the past year.

The more severe the gambling problem, the less likely offenders are able to quit without help. Only 21% of probable pathological gamblers reported they were able to stop gambling by without help, compared to 44% of problem gamblers.
Како рекреативно коцкање од рана возраст резултира во проблематично коцкање во адолесценција.
The Relationship Between Age of Gambling Onset and Adolescent Problematic Gambling Severity - PMC (nih.gov)

Има уште куп студии за поврзаноста на коцката со злоупотреба на дроги, како и на поврзаноста на коцката со развивање на депресивно и/или анксиозно растројство кај личноста.

Фала што пиша, мислам дека ќе се сложиме дека не се сложуваме у врска со ова. Се надевам дека ќе се развие поголема дискусија и луѓе ќе споделат сопствени искуства.

^^Пази молимте,луѓе плачеле пред апаратот кој,замисли,сам им брцнал у џебовитеи им ги извлекол парите :D :D :D

Се додека сиромавиот глуп народ не сфати дека комарот е измислен како забава за богатите,а не за правење брзи пари,ќе го јаде курот.
Мене уопште не ми е жал најискрено јер ниеден комарџија не е со пиштол на чело натеран да влезе во казино.

НИЕДЕН!

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Нормално, човек кој што нема врска како уопште апаратите ти го манипулираат мозокот, како стискање на дугме ти пушта допамин у мозокот ќе го коментира ова. Читни малку за какви тоа последици остава коцкањето врз мозокот и што се случува на мозокот при коцкање, па ќе се чуеме.

Не ти е жал затоа што уште не си заглавил, твоето дете не заглавило ниту пак некој твој близок заглавил и си го одзел животот поради тоа. Ќе видевме дали ќе беше толку рамнодушен тогаш и дали народот уште ќе го сметаше глуп за тоа што некој пред нос му става животно уништувачки пороци. Биди ми поздравен, првиот параграф од мојот пост кој (не) го цитираше е посветен на луѓе како тебе.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.465
Поени од реакции
9.918
Сеа ја најдов темава, решив да ги читнам постовиве и се зачудив што одредени членови имаат пишано. Гледање сеир у несреќа на други само ќе резултира истото да ви се врати, на ист или сличен начин.

Само луѓе кои што немаат врска со коцкарската индустрија, никад не работеле у кладилница или казино, луѓе кои што не излегуваат од дома и светот го гледаат низ розе наочари може да велат како никој не ги терал, самите биле криви или нешто слично.

Мнозинството вас кои така мислите и говорите сте причината поради која што голем број проблематични коцкари и нивните фамилии одбиваат да тражат помош од надлежни институции или пак приватно кај психолози и анти-коцкарски друштва, поради вашите осуди како ,,никој не ги терал", ,,самите биле криви", ,,едноставно не оди", итн. Не знам дали сте воопшто свесни дека во проблематични коцкари спаѓаат и судии, доктори, политичари, луѓе со магистратури и докторати, луѓе со сопствени бизниси кои заработуваат добро, професори, наставници и наставнички, луѓе далеку попаметни од одредени форумаши што имаат пишувано по темава, итн.

Значи коцкар може да бидеш ти, твојот родител, твоја роднина, твојот партнер, твој познаник, другар, другарка, комшија, твојот професор, работодавец, итн. Никој од вас или од нив не е имун на истото, ниеден коцкар не станал коцкар свесно. Комарот е најтежок и најдеструктивен порок у споредба со сите останати пороци, ниту еден друг порок не е толку психофизички и финансиски деструктивен за зависникот како и за неговите најблиски.

Прво она што се крие е дека САМАТА ДРЖАВА ПРОМОВИРА КОЦКАЊЕ, САМАТА ДРЖАВА СВЕСНО ГО ЗАГЛАВУВА НАРОДОТ.
  • Мнозинството апарати у државава се државни.
  • Државава пред неколку години купи апарати вредни 6.5 милиони евра народни пари од бугарска фирма. Во прашање беа 1500 ВЛТ апарати, или у превод по 20 апарати за во секоја од 75-те општини во Македонија. Мнозинството сектори кои се од витално значење за животот на народот во Македонија немаат толкав буџет колку што државата има потрошено на уништување на сопствениот народ.
  • Државата истите слот апарати ги нудеше по кладилници како и по угостителски објекти (кафулиња, хотели, итн). Денес не постои кладилница која што нема државни ВЛТ апарати.
  • Државата им забрани на сите кладилници да нудат услуги онлајн и створи монопол со отварање на државна онлајн кладилница (2win.mk).
  • Државата користи народни пари за промовирање на 2win.mk на Спортклуб, Аренаспорт и останати спортски ТВ канали.
  • Кладилниците и казината, заедно со супермаркетите беа единствени места кои работеа во тек на епидемијата.
  • Државата не води никаква статистика за број на проблематични коцкари, како и за малолетни коцкари.
  • Државата дозволува отварање кладилници/казина во близина на училишта.
  • Државата селективно дели лиценци, лиценците се резервирани за политичката елита и нивните платеници и спонзори на политичките кампањи.
  • Не постои начин за себебанирање (self-exclusion) од казина и (онлајн) кладилници, нешто што е пракса во секоја друга држава. Не постои начин да се лимитираат депозити од одредени проблематични коцкари, дури ни по нивна желба.
  • Државата мижи пред фактот дека огромен број на млади луѓе кои што сеуште не навршиле 18 години посетуваат кладилници и казина, а потплатениот инспекторат не реагира.
  • Државата не ги промовира СОС линиите за помош при одвикнување од коцка, истите не ни траат 2 секунди на слајдовите на апаратите, за разлика од слајдовите за џекпот кои нонстоп се покажуваат. Прашајте го било кој рекреативен или проблематичен коцкар што го познавате дали некогаш видел реклама на апаратите за одвикнување од коцка, или пак го знае бројот на СОС линијата, а потоа прашајте ги околу која цифра најчесто паѓаат џекпотите.

Ова го пишувам како некој кој што верува во слободен пазар и е капиталист, но сетете се дека и најголемите капиталистички држави ПАЖЉИВО ја регулираат оваа индустрија, што не е случај тука.

Мнозинството вработени по кладилници се меѓу најмизерните луѓе кои што ќе ги запознаете. Мизерни у смисла како немање желба за живот, со thousand yard stare, со предвремено побелена коса, со купишта зависности (скоро секој втор кој е подолго време вработен е на диазепами, алкохол или други дроги), а да не ја отварам темата колку од нив се имаат излажано на работно место да заглават, колкав процент од вработените работаат за џабе за да ги вратат долговите направени на работно место. Добар дел од кладилниците мижат на тоа што вработените им се коцкаат поради тоа што знаат дека се правно обврзани истите пари да ги вратат и свесно ги оставаат тоа да го прават.

Точно е, при подолго време работење во кладилница ќе оладиш, т.е ќе станеш индиферентен спрема страдањето на одредени луѓе, но јас верувам дека тоа останува во потсвеста. Само психопат може да е индиферентен кога некој плаче и пцуе пред апарати затоа што апаратот му ги има изедено сите пари што ги имал и тие што ќе ги имал, само психопат може да е индиферентен кога деца од 5 години ги тражат татковците по кладилници затоа што не се појавиле со денови дома, само психопат може да е индиферентен кога некој ги колне парите што ти ги дава, само психопат може да е индиферентен кога свесно учествуваш во пропаѓањето на луѓе и нивните фамилии, само психопат може да е индиферентен кога лихвари ги тражат истите луѓе што секојдневно ти седат во кладилницата/казиното, не можеш да си индиферентен кога бивши затвореници и тешки наркомани ти се закануваат со смрт поради тоа што изгубиле пари, а обезбедувањето нема што да им направи. Сево ова е секојдневница на вработените во кладилници и казина кои што иначе земаат нешто малку повеќе од минималецот.

Јас не би рекол дека сум за затворање на кладилниците и казината, но мора да бидат построго регулирани. Мора да постои дистинкција меѓу кладилница, слот клуб и казино, не ја гледам потребата да има ВЛТ апарати по кладилници. Не гледам од кои причини би било дозволено неограничен број кладилници и казина, не гледам од кои причини би било дозволено истите да бидат отварани во близина на школи, градинки и места каде што млади се рекреираат. Државата мора превентира зависност и да ги лечи истите кои што ги има заразено со комар.

Ве молам пред да ме цитирате да го погледнете видеово и да ми кажете дали е во ред ова.

Ама ние зборуваме од различни перспективи, ти зборуваш како некој кој што ни 10 пати нема влезено во кладилница, јас зборувам од перспектива на некој кој што скоро пола деценија работи или има работено во кладилница, со голем број познаници и другари чии што животи згаснаа или комплетно се уништија поради коцка. Мислам дека тоа треба да го земеш во предвид.

Точно, влезот за лицата под 18 години е забранет, но тоа не е тоа што се случува во пракса. Јас лично додека сум работал во кладилница никогаш не сум дозволувал малолетници да влегуваат или да се коцкаат, но сето тоа е залудно кога постојат кладилници кои мижат на тоа што малолетници се коцкаат внатре. Што значи дека ако јас не му дозволам, има кој да му дозволи и кај да се коцка.

Јас лично знаев некогаш да тепам апарати у средно, никој никогаш не ме прашал за години нити ми забранил да играм, иако влегував со школска ташња и беше очигледно дека сум на школска возраст тогаш. Дури и кога не им дозволував на малолетните да играат, секогаш се чудеа и прашуваа зошто и ми кажуваа дека во кладилницата подоле може да играат.

За разлика од кафулињата и дискотеките, кладилниците и казината можат гол да те соблечат, да те остават без и леб и да те заглават за години унапред, да ти ја уништат фамилијата, да направат да мислиш дека суицидот е единствен излез, итн. Јас не знам некој кој што се задолжува по лихвари, што зема брзи кредити, што краде пари од дома и продава се што е во негова и туѓа сопственост за да иде во кафуле или дискотека. Не е споредливо.

Нема да се сложам со последново. Точно е, во анти-коцкарското движење учествуваат и радикално исламистичко малцинство, но учествуваат и бивши и сегашни коцкари, бивши вработени по кладилници и казина, млади луѓе кои што се против било каков вид на дегенеризам (поготово кога истиот е промовиран од државата) и луѓе чии што фамилии беа уништени поради коцка. Јас искрено ќе го подржам потегот на исламските духовни водачи за нивното кревање на бунт и гласно кажување НЕ на коцкањето и државното спонзорирано заглавување на сопствениот народ, што нажалост не беше случај од страна на нашите духовни водачи.

Протестите се случуваат во Тетово затоа што во ниту еден град нема толкав број на кладилници и казина у споредба на број на жители, ниту пак во било кој друг помал град не се коцка колку што се коцка во Тетово. Еве, ако во Скопје имате 5 казина и кладилници во радиус од 200 метри, во Тетово во радиус од 200 метри имаш преку 30 кладилници и казина поради начинот на кој што е граден градот. Или у превод, на секоја пекара, на секоја библиотека, на секое кафуле, на секој ресторан, на секое тобако или локален дуќан или супермаркет имаш по 5 кладилници, ако не и повеќе. Значи самиот факт дека народот статистички повеќе се коцка отколку што пазарува е ЗАГРИЖУВАЧКИ И НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГНОРИРА. Се работи за сериозен општествен проблем.

Ок, државата профитира, се запослуваат луѓе, но што државата превзема против проблематичното коцкање, што државата превзема за оние луѓе кои што ги цеди и свесно ги заглавува? Дали е ОК државата да троши народни пари за купување ВЛТ апарати? Дали е ОК државата со народни пари да рекламира (онлајн) кладилница? Дали на мнозинството кладилници седиштето им е во други држави? Дали мнозинскиот дел од профитот на недржавните кладилници завршува реинвестиран во странски држави и континенти?


Јас нагласив дека не се сложувам дека кладилниците и казината треба да бидат затворени. Комарот постоел и нажалост секогаш ќе постои, секој обид за затварање на кладилници и казина на државно ниво ќе резултира во тоа да индустријата работи на црно.

Јас не зборувам за уништување на сектор, јас зборувам за посилно и поумешно регулирање на сектор кој е дегенеричен и детриментален за општеството.


Странските кладилници се рекламираат со сопствени, т.е приватни пари. Не се рекламираат со народни пари. Тука лежи проблемот. Нема поголем парадокс од тоа да државата рекламира сопствени кладилници, да купува апарати и индиректно да прави народот да се коцка у ек на најголема финансиска криза.

ОК, не сум против тоа државата да има монопол, но монопол се со цел да се заштитат граѓаните, младите, иднината, како и парите земени од народот.


Точно. На крај државната 2win.mk ќе заврши во рацете на странските кладилници/казина кои оперираат во Македонија. Тоа е неизбежно.


Не и смета на власта тоа што има стотици кладилници и казина во државава, му смета на народот.

На народот му смета тоа што секој има познаник, пријател или пак роднина што е зависник.
На народот му смета тоа што не можеш до продавница да одиш без да пројдеш покрај 5 кладилници и казина.
На народот му смета тоа што на една библиотека и рекреативен центар имаш 50тина кладилници и казина.
На народот му смета тоа што државата мижи дека пола младина е зависна од коцка.
На народот му смета тоа што државата троши народни пари за апарати и промовирање на коцка.
На народот му смета тоа што до школите каде што учат нивните деца имаш наредено неколку кладилници или казина кои што очигледно ја таргетираат младината.

Не може да смета на некој кој што директно заработува од психофизичкото и финансиското уништување на сопствениот народ, не може да смета на некој чии што политички кампањи се спонзорирани од тие пари, не може да смета на некој кој што чим дојде на власт ги рекетира сите кладилници и казина на месечно ниво, итн.

Ако е ОК отварање кладилници и казина до школи, тогаш да почнеме курварчилници, стриптиз барови и фарми за марихуана да отвараме до школи. Можеме и кокаинот да го легализираме и да го шиткаме по трафиките у близина на школите, па кога ќе имаме епидемија на млади луѓе зависници од кокаин (како што сега имаме од цигари и комар затоа што буквално ги имаш секаде и секој малолетник може да ,,ужива" во нив затоа што законите не функционираат на дело), ќе велиме дека тоа било нивен избор, никој не ги терал, итн.

Јас прв ја имав мислам пишано таа компарација на коцкање со јадење нездрава храна кога беше моабетот околу затварањето на кладилниците додека беснееше корона лудилото.

Ќе признаам дека бев во грешка. Не е возможно да го споредиш комарот со јадење нездрава храна, за јадење нездрава храна нема да се задолжиш (бар не до тој степен), нема да земаш брзи кредити и да должиш по лихвари, нема да психофизички да ги уништиш сите околу тебе, шансите да посегнеш по сопствениот живот се далеку помали отколку шансите на коцкарот, итн.

Ние може комарот да го споредиме со тешки психички зависни дроги како кокаинот, амфетаминот, а не со хамбургери.

Замисли да го легализираме кокаинот, да смеат безброј кокаински шопови да се отвараат било каде (вклучувајќи и во близина на школите), да се продава неограничен број кокаин, единствени продавачи на кокаин да се политичката елита и луѓето близу нив, државата да троши народни пари за набавување на кокаин и промовирање на истиот, на секое училиште и спортски центар да имаш пет кокаински шопови, но мнозинскиот дел од профитот да завршува реинвестиран во други држави. Еве замисли што тогаш би се случувало во државава, а потоа само замени го зборот кокаин со кладилници и казина и гледаш дека е истото.

Инспекциски контроли во државава не постојат. Инспекциските контроли се репресивен апарат на партијата која што е на власт за рекетирање на сопствениците на приватни бизниси и ништо друго.

Да збориме за некоја држава каде што законите се почитуваат, се спроведуваат и важат за сите еднакво, ќе речев да, потребно е само инспекција да го регулира, ама затоа што живееме во држава каде што законите важат само на хартија и целиот правен систем е една обична импровизација, мора да се применат други мерки.

Да видиме и некои студии:

Поврзаност помеѓу проблематично коцкање и семејно насилство.
https://dbhdd.georgia.gov/sites/dbhdd.georgia.gov/files/imported/DBHDD/AD/Gambling/trauma_09_11.pdf

Поврзаност помеѓу коцкање и криминалитет.
https://dbhdd.georgia.gov/sites/dbhdd.georgia.gov/files/imported/DBHDD/AD/Gambling/PG_ Crime_09_11.pdf



Како рекреативно коцкање од рана возраст резултира во проблематично коцкање во адолесценција.
The Relationship Between Age of Gambling Onset and Adolescent Problematic Gambling Severity - PMC (nih.gov)

Има уште куп студии за поврзаноста на коцката со злоупотреба на дроги, како и на поврзаноста на коцката со развивање на депресивно и/или анксиозно растројство кај личноста.

Фала што пиша, мислам дека ќе се сложиме дека не се сложуваме у врска со ова. Се надевам дека ќе се развие поголема дискусија и луѓе ќе споделат сопствени искуства.


Нормално, човек кој што нема врска како уопште апаратите ти го манипулираат мозокот, како стискање на дугме ти пушта допамин у мозокот ќе го коментира ова. Читни малку за какви тоа последици остава коцкањето врз мозокот и што се случува на мозокот при коцкање, па ќе се чуеме.

Не ти е жал затоа што уште не си заглавил, твоето дете не заглавило ниту пак некој твој близок заглавил и си го одзел животот поради тоа. Ќе видевме дали ќе беше толку рамнодушен тогаш и дали народот уште ќе го сметаше глуп за тоа што некој пред нос му става животно уништувачки пороци. Биди ми поздравен, првиот параграф од мојот пост кој (не) го цитираше е посветен на луѓе како тебе.
vo ogromna mera se soglasuvam so se sto pisa, odlicno elaborirano, se gleda deka si zasegnat i informiran na temata.
po moe mislenje, se fokusiras na pogresnata strana od prikaznata.

moe iskustvo - jas sum po kladilnici od 5to odelenie (10 godisno dete), bez pauza do sega.
od lokalna kladilnica vo malo gratce vo mkd, do kazinata vo Estoril i Monte Karlo, se po red.
godinava obrt na pari preku 20000 evra uplata na tiketi.
mi se slucilo uste vo sredno skolo da iskockam cel dzeparac (togas 100-300e od zasteda, stipendija i ostalo),
pa da nemam denar za kafe/pivo.
znam bliski lugje (rodnina, komsija, prijatel) koi zaglavija zdravo. dobar del od niv uspeaja da se izvlecat,
blagodarejki na finansiska pomos od semejstvoto i blizok krug na prijateli.

deka mora da ima postroga reulativa vo mkd, potpisuvam so dvete race, nema zbor tuka.
za delot so zakani so go pisa, kolku so znam vo sekoe kazino ima obezbeduvanje, koe treba da bide povikano
vo vakvi slucai. za zal vo kladilnicite nema, a bi trebalo da imaat barem nekoja patrola.
ako se zabranat/namalat kje se sozdadat uslovi za nelegalno kockanje, koe e x100 polosho.
i sega go ima, vo mala mera, ama ako se namalat kladilnicite, kje go ima mnogu povekje.

problemot e mnogu povekje vo licnosta. slab karakter, alcnost, nemanje disciplina i red drugi negativni karakteristiki
se pricina za zavisnosta. vo momentov treba da se proglasi nacionalna epidemija na zavisnost od VLT/slot masinite,
ednostavno e pregolem brojot na lugje koi gi ostavaat parite pa posle placat kako *****.
ne mi e zal ni najmalku za takvite.
od eden takov, ne mozam da sredam imotno prasanje.
od drug, ne mozam da si naplatam kirija za deloven objekt.
dolgovi od slot masini se danok na glupokja.
mozam da razberam nekoj da bide vo plus od kladilnica/sportska, slot e navreda za inteligencija.

sekoj e zasegnat od situacijava, nekoj pomalku, nekoj povekje.
imas dobri predlozi za delot za samoisklucuvanje i limitiranje.
toa se odlicni alatki, za razumni lugje.
za stoka, gjabe ti e ...
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.953
Поени од реакции
9.582
Се е до карактерот на особата која влегла во тој вртлог. За жал оние што се во добивка солидна се мал процент а се мал затоа што многу мал % од нив ги поседуваат карактеристиките кои се потребни една личност за да биде колку толку во некој плус . Отворање на било каков бизнис нека е мал речеме 5-10к евра е ризик сам по себе и никој нема да очекува од него да ги врати парите во 1 недела туку месеци ќе му требаат или години ама затоа од кладилница ако ги вложи очекува да ги дуплира за недела дена,ако ги начука во автомати очекува да ги дуплира за неколку саати. Сум губел,сум добивал и сум минус од кладилница сигурен сум ама никогаш не посегнав по лихвари,брзи кредити и слични работи туку едноставно стопирав затоа што снемував пари,желба,фокус и моментално сум исто на пауза затоа што изгубив желба шо незначи дека нема да се вратам а можеби и нема никогаш да уплатам. Можеш и на километри да ги одалечиш кој решил тоа да го прави ќе го прави. Пред 15 години негде имаше некој заебанции со лиценци и сл све затворија од кладилница оставија 2 по сокаци шо неможеа да ги најдат па пред нив имаше луѓе како да чекаат леб за јадење а не тикет да уплатат како н амитинг да се,кога му го најдоа крајот и нив пошто и слеп инспектор ќе видеше по се овие гужви организираа борби со петли,со кучиња само да се коцкаат,се береа по станови,по куќи да играат комар. Никакво решение не е да ги затворат туку да има повеќе пропаганда да се тргне младината од таа пакост да се укажува дека е лошо итн. Место тоа вие имате реклами за клаџи,брзи кредити и казина по национални ТВ. Апаратите како шо некој спомна е вреѓање на интелегенција кој почнал во нив спас да бара го нашол крајот ако не оди таму чисто за забава.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.822
Поени од реакции
30.706
Јас играм стриктно една или два натпревари/играчи најчесто НБА и Евролига затоа што така имам најголем профит и процент на добивка.
Моите типови се базираат стриктно на статистика и бар пола саат анализирање каде и на што да играм.
Денешно време каде се ни е на дланка срамота е да не искористи човек добра информација.
Мене не ми се јасни оние што играат многу натпревари а со тоа им се намалува шансата за добивка.
Screenshot_20220327-185200_bet365.jpg

Нормално самоконтрола и трпение се must ако сакаш да си во профит.
Моментално парите ми се повлечени и почнувам пак нов циклус со 100евра капитал.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Ne procitav nitu edno mislenje na temava posle ako imam vreme ke razgledam.
Dojdov samo na kratko da go spodelam moeto mislenje vo vrska so kladilnicite vo Makedonija.
Ne e problem shto gi ima nasekade, problem e toa shto covek ne moze raat da se kocka poradi posraniot danok 15%.
Ednostavno nema matematika.
Ednostavno toa e samoubistvo.
Ednostavno necovecki e 15% danok, ne e fer, premnogu e, PREMNOGU.
Razbiram 5% danok kako vo mnogu drugi drzavi, ama 15% ? 15 majki da mu ebam na toj sto go izmislil toa.
 
Член од
12 септември 2016
Мислења
105
Поени од реакции
502
Никој не може да забрани каде и колку кладилници/казина ќе има но мора да постои некоја регулатива..Никогаш не сум имал интерес за апарати/рулет, стрикно тикети но еве веќе скоро 3 месеци , не сум уплатил а и не планирам..Последниве година до две, кога се почуствува кризата со корона, бев сведок на толку случаеви воглавно млади деца од по 20 до 25 години, кој се толку заглавени пред се со брзи кредити, да им нема спас, камата на камата=пропаст..Самата помисла дека еден ден и твоите најблиски можат да се "откажат" од тебе заради твоите пороци, не би ни помислил да должам некому пари и после долго размислување се откажав и од тикети..Во овој период, конечно сум тој стариот позитивен лик, без нервози и со доста повеќе пари :pos: :pos: , и пред се со нормално и правилно гледиште на животот,притоа никогаш никому не сум должел ниту сум барал пари од своите а такви како мене се 1 во 1000,како и да вртиме 99% од нас ќе бидеме на крај во минус..Жално и трагично, да толкав број на луѓе пред се млади дечки кој имаат цел живот пред нив, посегнуваат по најлошиот пат, каде ќе имаат доста големи последици.Најлошото од све, луѓето кои еднаш направиле грешка, упорно продолжуваат со истото и само тонат..Казината не се криви,"ние" сме овци, како што можеле нашите родители поштено да си го заработуваат лебот,можеме и ние, ништо на овај свет нема вредност како своите најблиски, и ако не заради себе, промени се само заради нив..Од мене толку, се надевам дека во иднина ќе се подобри ситуацијата:)
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.372
Поени од реакции
1.926
Ако имате самоконтрола и разбирање малце повеќе IQ што се вика хаха ќе направите пари од кладење. Јас во животот не сум коцкал нити сум минус од кладилница, и не се за жалење ликовите што коцкаат бидејќи никој прислино не ги натерал на тоа.

Страшно заебан бизнис и тежок е кладењето и пред се треба јака психа.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.925
Повторно се актуализира темава, моментално во собрание се дебатира. Власта сака да ограничи кладилници на најмалку 500 метри од училишта додека опозицијата е против и предупредува на губење приходи како и работни места од оваа индустрија.


Јас сум за одалечување надвор од население места, макар и значело тоа губење на X работни места.
Многу поголем зијан отколку ќар од казината/кладилниците и сл

1.jpg

Плавите кругови (училишта, градинки, факултети) е каде што нема да смее да има кладилници и казина ако се усвои законот
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.284
Поени од реакции
22.980
Кое е ова училиште тука, ФОН? Инаку приметив дека фалат Невена Георгиева Дуња и Кирил Пејчиновиќ на мапава.

1.jpg
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.885
Поени од реакции
42.570
кладилниците се океј и се социјализираат луѓе, апаративе не чинат и тие би требало да ги тргнат.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.925
Кое е ова училиште тука, ФОН? Инаку приметив дека фалат Невена Георгиева Дуња и Кирил Пејчиновиќ на мапава.

Прегледај го приврзокот 403473
Фон и мариф тоа турското средно училиште

кладилниците се океј и се социјализираат луѓе, апаративе не чинат и тие би требало да ги тргнат.
Што социјализираат не зафркавај, единствена ќар од кладилнициве имаат социјалните случаи и пензионерите да не трошат дрва/струја зимно време да се топлат таму и обратно летно време под клима да се ладат :D
 
J

joli1

Гостин
uzivaj, budzetot ke go punat administrativcite, i ne deka taa industrija e homogena, t.e 95% od vrabotenite se etnicki makedonci.

vamu 500 metra odalecenost, a od druga strana drzavata vi sprema onlajn kazina od sumljivi bugarski firmi zatoa sto se grizi za vas.

koe cudo e sto albanskite partii praat se mozno da go protnat ova i da ostavat desetici iljadi makedonski familii bez leb i egzistencija i posle istite da si ja baraat srekjata u stranstvo, isto kako sto bese so zatvoranje na odredeni fabriki koi sto so decenii rabotaa zaradi navodno aerozagaduvanje, za na kraj makedonski familii da ostanat bez leb i da trazat srekja po stranstvo, a aerozagaduvanjeto do den denes prisutno.

na koj nacin ke go sprecis porokot so distanciranje od skoli? da ne se kockaat maloletnici treba pazarniot inspektorat da si ja vrsi rabotata, a ne da gi distanciras lol, samo celava industrija ke si odi na crno, bez danok, bez plateni pridonesi na vraboteni itn.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.119
Поени од реакции
7.789
Site kladilnici na 15 km od naseleno mesto da gi mavnat.
Ako ne drugo nema da gi gledam kako manijaci nasobrani po edno 50 dushi srede prilep i pola vejce izbudaleni betar od tinejgeri na Insta i facebook.
Ovj ce tepa be, eh da mu ebam mater ne go fativ za eden gol.....
A doma? Goltari, decata raspushteni, zhenite po kurvarana oti nema koj doma da gi raboti.
I utre ce ti reci, ABE igrav samo na dva natprevari!
Tesho niv , site za na lekar.


Poznavam dvajc avo blizina bea gladni za brzi pari!
Prviot posle 5-6 godini poeba se shto pecaleshe so zhenatamu, plus se zadolzhi po bani, i na krajot i pukna filmot na zhenata mu inaku dash prava domajkinka i sose dve deca si zamina, bateto stasa do prosjacki stap (bukvalno) i posle 2 godini se opameti i ushte 6 meseci sekoj den i se moleshe na zhena mu da mu se vrati i pocna da bidi normalen covek.

Samo retki se takvi shto se vratile.


Vtoriot , blizok prijatel, kupi dvosoben stan na najubavata lokacija vo gradot, imashe odlicna plata, prijateli bezbroj,zheni kupishta i od lebot vlezen v kolena pocna edna, dve utakmici od zabav, denes utre, po edna godina odam i mi vika se selam! Kade be od tvojov stan podaleku mu vikam! EEEE brat go prodadov za " Ubaj Pari" mi vika.
A ustvari zaglavil vo Kladilnica 30 000€ i denes zhivee pod kirija vo smrdeno minijaturno stance i rinta na zheleznicka kako cigan zatoa shto i od rabota go izbrkale.

E toa vi se vashite Kladilnici. Prazni sonishta koj na krajot ce ve napravat pomalce ili povejce slicni na ovie dvajca pogore opishani.
A bogati i so pari nikogash nema da bidete.

Aj caos dosta e na temava od mene. I pred nekoj da me komentira neka razmisli dva pati.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.213
Штом Дуи се влезени во онлине бизнисот, верувајте законот ќе се донесе со гаранција и ќе биде најдобро нешто што направила оваа влада од кога се на власт дефинитивно.Највеќе за апаратите тие се проблемот не е толку спортската.
Само незнам колку време ќе им дадат на кладилните да се спакуваат и да ги нема сигурно ќе имаат рок од 2,3 месеци нема да може преку ноќ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom