J
joli1
Гостин
Ама ние зборуваме од различни перспективи, ти зборуваш како некој кој што ни 10 пати нема влезено во кладилница, јас зборувам од перспектива на некој кој што скоро пола деценија работи или има работено во кладилница, со голем број познаници и другари чии што животи згаснаа или комплетно се уништија поради коцка. Мислам дека тоа треба да го земеш во предвид.Дали 10 пати во животот имам влезено во кладилница, но сум доста вокален За истите. Зошто? Прво плаќаат даноци и второ вработуваат луѓе. Независно дали се блиску или далеку од училиштата, влезот за лицата под 18 години, по закон, е забранет. И каква врска имаат населените места со кладилниците и казината? За разлика од кафичите и дискотеките, овие не прават бучава. Тогаш што е проблемот? Очигледно е дека се трн во око на едно мало радикализира исламистичко малцинство од албанскиот табор, кои често организираат протести во Тетово. Зошто поради нив државата да загуби буџетски приливи и илјадници граѓани да останат на улица?
Точно, влезот за лицата под 18 години е забранет, но тоа не е тоа што се случува во пракса. Јас лично додека сум работал во кладилница никогаш не сум дозволувал малолетници да влегуваат или да се коцкаат, но сето тоа е залудно кога постојат кладилници кои мижат на тоа што малолетници се коцкаат внатре. Што значи дека ако јас не му дозволам, има кој да му дозволи и кај да се коцка.
Јас лично знаев некогаш да тепам апарати у средно, никој никогаш не ме прашал за години нити ми забранил да играм, иако влегував со школска ташња и беше очигледно дека сум на школска возраст тогаш. Дури и кога не им дозволував на малолетните да играат, секогаш се чудеа и прашуваа зошто и ми кажуваа дека во кладилницата подоле може да играат.
За разлика од кафулињата и дискотеките, кладилниците и казината можат гол да те соблечат, да те остават без и леб и да те заглават за години унапред, да ти ја уништат фамилијата, да направат да мислиш дека суицидот е единствен излез, итн. Јас не знам некој кој што се задолжува по лихвари, што зема брзи кредити, што краде пари од дома и продава се што е во негова и туѓа сопственост за да иде во кафуле или дискотека. Не е споредливо.
Нема да се сложам со последново. Точно е, во анти-коцкарското движење учествуваат и радикално исламистичко малцинство, но учествуваат и бивши и сегашни коцкари, бивши вработени по кладилници и казина, млади луѓе кои што се против било каков вид на дегенеризам (поготово кога истиот е промовиран од државата) и луѓе чии што фамилии беа уништени поради коцка. Јас искрено ќе го подржам потегот на исламските духовни водачи за нивното кревање на бунт и гласно кажување НЕ на коцкањето и државното спонзорирано заглавување на сопствениот народ, што нажалост не беше случај од страна на нашите духовни водачи.
Протестите се случуваат во Тетово затоа што во ниту еден град нема толкав број на кладилници и казина у споредба на број на жители, ниту пак во било кој друг помал град не се коцка колку што се коцка во Тетово. Еве, ако во Скопје имате 5 казина и кладилници во радиус од 200 метри, во Тетово во радиус од 200 метри имаш преку 30 кладилници и казина поради начинот на кој што е граден градот. Или у превод, на секоја пекара, на секоја библиотека, на секое кафуле, на секој ресторан, на секое тобако или локален дуќан или супермаркет имаш по 5 кладилници, ако не и повеќе. Значи самиот факт дека народот статистички повеќе се коцка отколку што пазарува е ЗАГРИЖУВАЧКИ И НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГНОРИРА. Се работи за сериозен општествен проблем.
Ок, државата профитира, се запослуваат луѓе, но што државата превзема против проблематичното коцкање, што државата превзема за оние луѓе кои што ги цеди и свесно ги заглавува? Дали е ОК државата да троши народни пари за купување ВЛТ апарати? Дали е ОК државата со народни пари да рекламира (онлајн) кладилница? Дали на мнозинството кладилници седиштето им е во други држави? Дали мнозинскиот дел од профитот на недржавните кладилници завршува реинвестиран во странски држави и континенти?
Јас нагласив дека не се сложувам дека кладилниците и казината треба да бидат затворени. Комарот постоел и нажалост секогаш ќе постои, секој обид за затварање на кладилници и казина на државно ниво ќе резултира во тоа да индустријата работи на црно.И да, и да се забранат, повторно луѓето некаде ќе се собираат и ќе се коцкаат. Вака само државата собира даноци, што од добивка, што до доход. Сите сакаме повисоки плати и сервисирање на јавните потреби, ама и сакаме да ставаме опструкции во слободното функционирање на пазарот затоа што секогаш имаме некоја ветерница која сакаме да ја собориме. Од година во година имаме се помалку и помалку даночни обврзници, а се поголеми и поголеми расходи. Принципот на баланс одамна е нарушен. Башка еден тег, за бизнис секторот, беше Ковид кризата која трае повеќе од 2 години и сега, вториот, новава економска криза, како последица од вештачкото одржување на економијата во живот сиве овие 2 години и парцијално поради војната во Украина, каде дополнително ќе ги усложнат работите. Па и инфлацијата тешко дека ќе се стави под контрола во доследно време и ќе почне самата себе да се јаде. Така не гледам никаква разумна потреба дополнително да се уништува уште еден сектор во оваа наша кревка економија.
Јас не зборувам за уништување на сектор, јас зборувам за посилно и поумешно регулирање на сектор кој е дегенеричен и детриментален за општеството.
Странските кладилници се рекламираат со сопствени, т.е приватни пари. Не се рекламираат со народни пари. Тука лежи проблемот. Нема поголем парадокс од тоа да државата рекламира сопствени кладилници, да купува апарати и индиректно да прави народот да се коцка у ек на најголема финансиска криза.Дали треба да се забранат рекламите на странските кладилници? Дали треба да се забрани Лотарија на Македонија? И каде државата треба да има право на монопол?
ОК, не сум против тоа државата да има монопол, но монопол се со цел да се заштитат граѓаните, младите, иднината, како и парите земени од народот.
Точно. На крај државната 2win.mk ќе заврши во рацете на странските кладилници/казина кои оперираат во Македонија. Тоа е неизбежно.Кај нас е правило државен интервенционизам во одреден сектор за заштита на општото добро, а потоа приватизација на целиот тој парцијален дел, така некој ќе се обогати. Дури потоа доаѓа капитализмот, преку понудата и побарувачката и ако има регулаторно тело во тој сектор, подмитување на истото. Така ниту КЗК, ниту антикорупциска, ниту обвинителството, ниту регулаторните тела не направија крупен чекор кон заштита на интересот на граѓаните овие 30 гофини. Прашање на време е кога ќе се распродаде сѐ, земјоделското земјиште во државна сопственост веќе е на продажба!
Не и смета на власта тоа што има стотици кладилници и казина во државава, му смета на народот.Прашањето уште виси, зошто на власта и сметаат казината и кладилниците?
И ако проблем се кладилниците кои се во близина на училиштата, дали треба да се дислоцираат и алкотеките и да се забрани продажбата на цигари во продавниците кои се наоѓаат близу училиштата!? Лично сметам дека не, затоа што и едното и другото е забрането да се продаваат на малолетници, исто како што е забранет влезот на кладилниците за нив! Што е со партиските штабови? Дури, по "логика" на нештата, може да се нападнат и сендвичарите, сакаме младината да ни се храни здраво! Може секому да му смета нешто, ама овој пат аргументите се кревки. Нема потреба од менување на било што во овој сектор, сем почести инспекциски контроли.
На народот му смета тоа што секој има познаник, пријател или пак роднина што е зависник.
На народот му смета тоа што не можеш до продавница да одиш без да пројдеш покрај 5 кладилници и казина.
На народот му смета тоа што на една библиотека и рекреативен центар имаш 50тина кладилници и казина.
На народот му смета тоа што државата мижи дека пола младина е зависна од коцка.
На народот му смета тоа што државата троши народни пари за апарати и промовирање на коцка.
На народот му смета тоа што до школите каде што учат нивните деца имаш наредено неколку кладилници или казина кои што очигледно ја таргетираат младината.
Не може да смета на некој кој што директно заработува од психофизичкото и финансиското уништување на сопствениот народ, не може да смета на некој чии што политички кампањи се спонзорирани од тие пари, не може да смета на некој кој што чим дојде на власт ги рекетира сите кладилници и казина на месечно ниво, итн.
Ако е ОК отварање кладилници и казина до школи, тогаш да почнеме курварчилници, стриптиз барови и фарми за марихуана да отвараме до школи. Можеме и кокаинот да го легализираме и да го шиткаме по трафиките у близина на школите, па кога ќе имаме епидемија на млади луѓе зависници од кокаин (како што сега имаме од цигари и комар затоа што буквално ги имаш секаде и секој малолетник може да ,,ужива" во нив затоа што законите не функционираат на дело), ќе велиме дека тоа било нивен избор, никој не ги терал, итн.
Јас прв ја имав мислам пишано таа компарација на коцкање со јадење нездрава храна кога беше моабетот околу затварањето на кладилниците додека беснееше корона лудилото.
Ќе признаам дека бев во грешка. Не е возможно да го споредиш комарот со јадење нездрава храна, за јадење нездрава храна нема да се задолжиш (бар не до тој степен), нема да земаш брзи кредити и да должиш по лихвари, нема да психофизички да ги уништиш сите околу тебе, шансите да посегнеш по сопствениот живот се далеку помали отколку шансите на коцкарот, итн.
Ние може комарот да го споредиме со тешки психички зависни дроги како кокаинот, амфетаминот, а не со хамбургери.
Замисли да го легализираме кокаинот, да смеат безброј кокаински шопови да се отвараат било каде (вклучувајќи и во близина на школите), да се продава неограничен број кокаин, единствени продавачи на кокаин да се политичката елита и луѓето близу нив, државата да троши народни пари за набавување на кокаин и промовирање на истиот, на секое училиште и спортски центар да имаш пет кокаински шопови, но мнозинскиот дел од профитот да завршува реинвестиран во други држави. Еве замисли што тогаш би се случувало во државава, а потоа само замени го зборот кокаин со кладилници и казина и гледаш дека е истото.
Инспекциски контроли во државава не постојат. Инспекциските контроли се репресивен апарат на партијата која што е на власт за рекетирање на сопствениците на приватни бизниси и ништо друго.
Да збориме за некоја држава каде што законите се почитуваат, се спроведуваат и важат за сите еднакво, ќе речев да, потребно е само инспекција да го регулира, ама затоа што живееме во држава каде што законите важат само на хартија и целиот правен систем е една обична импровизација, мора да се применат други мерки.
Да видиме и некои студии:
Поврзаност помеѓу проблематично коцкање и семејно насилство.
https://dbhdd.georgia.gov/sites/dbhdd.georgia.gov/files/imported/DBHDD/AD/Gambling/trauma_09_11.pdf
Поврзаност помеѓу коцкање и криминалитет.
https://dbhdd.georgia.gov/sites/dbhdd.georgia.gov/files/imported/DBHDD/AD/Gambling/PG_ Crime_09_11.pdf
Како рекреативно коцкање од рана возраст резултира во проблематично коцкање во адолесценција.Offending populations have the highest prevalence of pathological or problem gamblers of any population: among incarcerated felons 73% were assessed as probable problem gamblers.
Pathological and problem gamblers are arrested over three times more often than low-risk gamblers and over seven times more often than non-gamblers8
The majority of crimes committed by problem gamblers are fueled by their gambling (either to obtain money to gamble with or to pay gambling debts). Over two-thirds of pathological gamblers who committed crimes reportedly did so as a direct result of gambling: 40.4% reported only committing crimes related to their gambling. “80 to 90 percent of people in Gamblers Anonymous will tell you they did something illegal in order to get money to gamble. A lot of them do white collar crimes, fraud, credit card and employee theft.”
High rates of co-morbidity, which may be related to offending
Incarcerated felons with an alcohol/drug problem were more likely to have a gambling problem
Over 80% of pathological gamblers were at risk for alcohol or drug abuse/dependency
Pathological gamblers who also have a substance abuse problem were significantly more likely than those without a co-morbid condition (problem gambling or substance abuse) to report having assaulted someone, stolen, or sold drugs within the past year.
The more severe the gambling problem, the less likely offenders are able to quit without help. Only 21% of probable pathological gamblers reported they were able to stop gambling by without help, compared to 44% of problem gamblers.
The Relationship Between Age of Gambling Onset and Adolescent Problematic Gambling Severity - PMC (nih.gov)
Има уште куп студии за поврзаноста на коцката со злоупотреба на дроги, како и на поврзаноста на коцката со развивање на депресивно и/или анксиозно растројство кај личноста.
Фала што пиша, мислам дека ќе се сложиме дека не се сложуваме у врска со ова. Се надевам дека ќе се развие поголема дискусија и луѓе ќе споделат сопствени искуства.
Нормално, човек кој што нема врска како уопште апаратите ти го манипулираат мозокот, како стискање на дугме ти пушта допамин у мозокот ќе го коментира ова. Читни малку за какви тоа последици остава коцкањето врз мозокот и што се случува на мозокот при коцкање, па ќе се чуеме.^^Пази молимте,луѓе плачеле пред апаратот кој,замисли,сам им брцнал у џебовитеи им ги извлекол парите
Се додека сиромавиот глуп народ не сфати дека комарот е измислен како забава за богатите,а не за правење брзи пари,ќе го јаде курот.
Мене уопште не ми е жал најискрено јер ниеден комарџија не е со пиштол на чело натеран да влезе во казино.
НИЕДЕН!
Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Не ти е жал затоа што уште не си заглавил, твоето дете не заглавило ниту пак некој твој близок заглавил и си го одзел животот поради тоа. Ќе видевме дали ќе беше толку рамнодушен тогаш и дали народот уште ќе го сметаше глуп за тоа што некој пред нос му става животно уништувачки пороци. Биди ми поздравен, првиот параграф од мојот пост кој (не) го цитираше е посветен на луѓе како тебе.