Сеа ја најдов темава, решив да ги читнам постовиве и се зачудив што одредени членови имаат пишано. Гледање сеир у несреќа на други само ќе резултира истото да ви се врати, на ист или сличен начин.
Само луѓе кои што немаат врска со коцкарската индустрија, никад не работеле у кладилница или казино, луѓе кои што не излегуваат од дома и светот го гледаат низ розе наочари може да велат како никој не ги терал, самите биле криви или нешто слично.
Мнозинството вас кои така мислите и говорите сте причината поради која што голем број проблематични коцкари и нивните фамилии одбиваат да тражат помош од надлежни институции или пак приватно кај психолози и анти-коцкарски друштва, поради вашите осуди како ,,никој не ги терал", ,,самите биле криви", ,,едноставно не оди", итн. Не знам дали сте воопшто свесни дека во проблематични коцкари спаѓаат и судии, доктори, политичари, луѓе со магистратури и докторати, луѓе со сопствени бизниси кои заработуваат добро, професори, наставници и наставнички, луѓе далеку попаметни од одредени форумаши што имаат пишувано по темава, итн.
Значи коцкар може да бидеш ти, твојот родител, твоја роднина, твојот партнер, твој познаник, другар, другарка, комшија, твојот професор, работодавец, итн. Никој од вас или од нив не е имун на истото, ниеден коцкар не станал коцкар свесно. Комарот е најтежок и најдеструктивен порок у споредба со сите останати пороци, ниту еден друг порок не е толку психофизички и финансиски деструктивен за зависникот како и за неговите најблиски.
Прво она што се крие е дека
САМАТА ДРЖАВА ПРОМОВИРА КОЦКАЊЕ, САМАТА ДРЖАВА СВЕСНО ГО ЗАГЛАВУВА НАРОДОТ.
- Мнозинството апарати у државава се државни.
- Државава пред неколку години купи апарати вредни 6.5 милиони евра народни пари од бугарска фирма. Во прашање беа 1500 ВЛТ апарати, или у превод по 20 апарати за во секоја од 75-те општини во Македонија. Мнозинството сектори кои се од витално значење за животот на народот во Македонија немаат толкав буџет колку што државата има потрошено на уништување на сопствениот народ.
- Државата истите слот апарати ги нудеше по кладилници како и по угостителски објекти (кафулиња, хотели, итн). Денес не постои кладилница која што нема државни ВЛТ апарати.
- Државата им забрани на сите кладилници да нудат услуги онлајн и створи монопол со отварање на државна онлајн кладилница (2win.mk).
- Државата користи народни пари за промовирање на 2win.mk на Спортклуб, Аренаспорт и останати спортски ТВ канали.
- Кладилниците и казината, заедно со супермаркетите беа единствени места кои работеа во тек на епидемијата.
- Државата не води никаква статистика за број на проблематични коцкари, како и за малолетни коцкари.
- Државата дозволува отварање кладилници/казина во близина на училишта.
- Државата селективно дели лиценци, лиценците се резервирани за политичката елита и нивните платеници и спонзори на политичките кампањи.
- Не постои начин за себебанирање (self-exclusion) од казина и (онлајн) кладилници, нешто што е пракса во секоја друга држава. Не постои начин да се лимитираат депозити од одредени проблематични коцкари, дури ни по нивна желба.
- Државата мижи пред фактот дека огромен број на млади луѓе кои што сеуште не навршиле 18 години посетуваат кладилници и казина, а потплатениот инспекторат не реагира.
- Државата не ги промовира СОС линиите за помош при одвикнување од коцка, истите не ни траат 2 секунди на слајдовите на апаратите, за разлика од слајдовите за џекпот кои нонстоп се покажуваат. Прашајте го било кој рекреативен или проблематичен коцкар што го познавате дали некогаш видел реклама на апаратите за одвикнување од коцка, или пак го знае бројот на СОС линијата, а потоа прашајте ги околу која цифра најчесто паѓаат џекпотите.
Можам вака до утре да пишувам, но доволно е да ви дадам увид како државата директно учествува во промовирање на комарот во државава, како и тоа дека свесно го заглавува сопствениот народ се со цел да го наполни буџетот на државата и на сопствениците на кладилниците и казината, кои патем им ги финансираат нивните политички кампањи.
На сево ова што го пишав, додај уште екстремна општа сиромаштија во државава и лихварски друштва кои нудат брзи кредити со големи камати (кои по некоја случајност на сите матичните седишта им се во Бугарија) и имаш рецепт за уништување на државата и младината у рок од една генерација. Гарантирам дека 20%, ако не и мнозинскиот дел од тие што земаат брзи кредити ги земаат стриктно ради коцкање или пак елиминирање/намалување на долгови како резултат на коцкање.
Ова го пишувам како некој кој што верува во слободен пазар и е капиталист,
но сетете се дека и најголемите капиталистички држави ПАЖЉИВО ја регулираат оваа индустрија, што не е случај тука.
Ова што ќе го напишам го знаат сите кои што имаат работено во кладилници/казина или пак имаат роднини или блиски пријатели кои што работаат по кладилници и/или казина.
Мнозинството вработени по кладилници се меѓу најмизерните луѓе кои што ќе ги запознаете. Мизерни у смисла како немање желба за живот, со thousand yard stare, со предвремено побелена коса, со купишта зависности (скоро секој втор кој е подолго време вработен е на диазепами, алкохол или други дроги), а да не ја отварам темата колку од нив се имаат излажано на работно место да заглават, колкав процент од вработените работаат за џабе за да ги вратат долговите направени на работно место.
Добар дел од кладилниците мижат на тоа што вработените им се коцкаат поради тоа што знаат дека се правно обврзани истите пари да ги вратат и свесно ги оставаат тоа да го прават.
Точно е, при подолго време работење во кладилница ќе оладиш, т.е ќе станеш индиферентен спрема страдањето на одредени луѓе, но јас верувам дека тоа останува во потсвеста. Само психопат може да е индиферентен кога некој плаче и пцуе пред апарати затоа што апаратот му ги има изедено сите пари што ги имал и тие што ќе ги имал, само психопат може да е индиферентен кога деца од 5 години ги тражат татковците по кладилници затоа што не се појавиле со денови дома, само психопат може да е индиферентен кога некој ги колне парите што ти ги дава, само психопат може да е индиферентен кога свесно учествуваш во пропаѓањето на луѓе и нивните фамилии, само психопат може да е индиферентен кога лихвари ги тражат истите луѓе што секојдневно ти седат во кладилницата/казиното, не можеш да си индиферентен кога бивши затвореници и тешки наркомани ти се закануваат со смрт поради тоа што изгубиле пари, а обезбедувањето нема што да им направи.
Сево ова е секојдневница на вработените во кладилници и казина кои што иначе земаат нешто малку повеќе од минималецот.
Јас не би рекол дека сум за затворање на кладилниците и казината, но мора да бидат построго регулирани. Мора да постои дистинкција меѓу кладилница, слот клуб и казино, не ја гледам потребата да има ВЛТ апарати по кладилници. Не гледам од кои причини би било дозволено неограничен број кладилници и казина, не гледам од кои причини би било дозволено истите да бидат отварани во близина на школи, градинки и места каде што млади се рекреираат. Државата мора превентира зависност и да ги лечи истите кои што ги има заразено со комар.
Ве молам пред да ме цитирате да го погледнете видеово и да ми кажете дали е во ред ова.