- Член од
- 16 јануари 2013
- Мислења
- 3.962
- Поени од реакции
- 8.163
Животот на просечен тинејџер, а богами и средовечен татко денес во државичкава
почнува со спортска, губи пари на Реал и Барса, оди на апарати да се вади затоа што таму е брза пара бајо мој, нема што да чекаме да трчаат 90 минути. Заглавува таму, позајмува од пријател, ги губи и тие пари, но за среќа ги има брзите кредити како комшии на казината од каде што му е претпоследната сламка за спас. Влегува во казино, жешката столица го чека само него. Звукот на машината која ги лапа Богородиците како изгладнет волк во зима го зголемува адреналинот десеткратно. Се кликаат бројки на дисплејот во тотално бунило. Се паѓа нулата, а баш тој круг нема ставено ништо на неа. Удира бокс по рулетот и седнува со последните пари на апаратот кој таа вечер нема да ги даде петте седумки. Автобусот за Германија каде ќе ги помине наредните три месеци во аголот од една соба со уште други пет мажи кои р'чат и прдат без око да им трепне, го чека пред врата наредното утро.