Кладилници, казина подалеку од населени места ?

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?

  • Вкупно гласачи
    230
M

Macedon1um

Гостин
Деновиве актуелни беа протестите во Тетово против кладилниците и казината, каде што оние што протестираат (подржани пред се од верските лидери) побараа поголема контрола при отварањето и работата на кладилниците и казината како и промени во законот за игри на среќа

Накратко барањата им беа
- Објектите за игри на среќа да бидат 3км надвор од населено место
- 5% од профитот на овие објекти да одат за лечење на зависниците од овие игри на среќа

Свесни сме дека се повеќе луѓе пробувајки да избегаат од сиромаштијата посегнуваат по вакви начини за „брза заработка“ па така само во последната година приходот на кладилниците се зголемил за 20% или скоро 200 милиони евра приходи на годишно ниво. Чисто статистички трите најголеми кладилници имаа нешто помал приход од двата најголеми ланци маркети во Македонија што е лудост, но од друга страна евентуална забрани и рестрикции какви што се воведоа во Албанија би било ограничување на слободата на граѓаните и секако би го намалил бројот на вработувања кои ги носи оваа гранка која секако не е за „потценување“.

Баш ме интересира што мислат обичните луѓе, без разлика дали посетуваат вакви објекти или не.
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Мене искрено не ми е гајле, освен што ги жалам вработените во такви места, за друго ништо не ми е гајле, чим самите се одлучиле на таков пат, нека одат, се знае крајот на тоа што е, нема фамилија, нема пари, се ти е рамно... Имам работено во едно од поникаквите казина во Скопје и знам колку срања се случуваат, затоа спомнав за вработените.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.898
Поени од реакции
17.533
Неможеме да ги затвориме зошто тоа е легален бизнис веќе 1 век.Кај нас во последмава деценија вистински бум
но во последниве години може буквално и најголемиот домаќин од вашата населба и човек кој никогаш не би помислиле дека ќе го видите таму да игра.Нешто како што пред неколку години беа кладилниците сега се казината односно апаратите.На никој на овој свет не му посакувам да влезе таму и да почне да игра.Ни на најголемиот непријател.Колку длабоко ќе влезеш во тие води се потешко е да испаднеш поготово ако немаш близок човек кој мисли на тебе и ќе те извади од тие срања.
 
Последно уредено:

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Мене искрено не ми е гајле, освен што ги жалам вработените во такви места, за друго ништо не ми е гајле, чим самите се одлучиле на таков пат, нека одат, се знае крајот на тоа што е, нема фамилија, нема пари, се ти е рамно... Имам работено во едно од поникаквите казина во Скопје и знам колку срања се случуваат, затоа спомнав за вработените.
Некој пример?
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
817
Поени од реакции
1.207
Да и дефинитивно треба да се појави некој политачар со муда,за да направи можеби непопуларен потег на старт,али на долга стаза доста подобар.Сите казина/апарати/кладилници,надвор од градот,не ја ограничува слободата на граѓаните туку кој сака да си игра,да си оди до таму.Јас лично доста време си играм спортска,и искрено да ми се на 2/3км оддалечени,нема да одам воопшто.Сега проблемот би бил,во тоа што вработуваат доста луѓе,али да бидеме реални работат за никакви пари,цел колач што е неколку милиони евра го лапаат газдите,а тоа се на грбот на народот.Државата точно дека го полни буџетот солидно од игрите на среќа,али многу повеќе губи,од осиромашувањето на народот,и сега буквално што ставија на секој чекор апарат,каде што гледам лица од 15 до 70 години што играат
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Ќе ви ги оддалечат без гајле, само да отворат прво сите и можност за онлајн играње и обложување ;)
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Една работа што ме невира се апаратите внатре во обложувалниците. Ептен дава лош шмек како целина. Чука на дугме и чека 5 банани да му се паднат за добивка :facepalm: ... апарати треба да има само во казината , таму се збира тешка багра и нека се ебат како сакаат. А спортска обложувалница е спортска , поврзано со спорт, каков спорт е чукање на апарат.... јесда коцка е коцка.. ама не е исто.
 
Јас коа бев копиљ кладилницата имаше далеку подобар шмек кој се повеќе и повеќе се губи токму од таа багра шо игра на апаратите.Сега од кога почнаа да работат и до 1 по полноќ се повеќе и наликува на казино.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Една работа што ме невира се апаратите внатре во обложувалниците. Ептен дава лош шмек како целина. Чука на дугме и чека 5 банани да му се паднат за добивка :facepalm: ... апарати треба да има само во казината , таму се збира тешка багра и нека се ебат како сакаат. А спортска обложувалница е спортска , поврзано со спорт, каков спорт е чукање на апарат.... јесда коцка е коцка.. ама не е исто.
Па за профит кладилниците нормално дека ќе стават апарати. Секако не се нивни, со Видеолотарија си се раздужуваат...
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
817
Поени од реакции
1.207
Па за профит кладилниците нормално дека ќе стават апарати. Секако не се нивни, со Видеолотарија си се раздужуваат...
Се мислам дека се натерани,спротивно од нивната воља кладилниците да имаат апарати.Зошто од обична логика некој место да пише тикет од 100 денари,тој ги става на апарат ,а кладилницата ги губи,значи колку што знам добива 10% од добивката на апаратот,значи да потенцирам добивката.За Златна Копачка секоја чест,мислам дека имаа на прва страна пишано,не за апаратите,само искрена и фер игра со спортска прогноза.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Се мислам дека се натерани,спротивно од нивната воља кладилниците да имаат апарати.Зошто од обична логика некој место да пише тикет од 100 денари,тој ги става на апарат ,а кладилницата ги губи,значи колку што знам добива 10% од добивката на апаратот,значи да потенцирам добивката.За Златна Копачка секоја чест,мислам дека имаа на прва страна пишано,не за апаратите,само искрена и фер игра со спортска прогноза.
Па не е баш така, како што имам забележано малку е различна клиентелата, иако се во истите простории. Тие што играат спортска - си играат секако и успат ако бутнат нешто на апарат, пари што не им ни се планирани за спортска. Тие што таму доаѓаат само за апаратите - не ги занима спортска, туку им е како параван демек „да изиграм нешто црешки додека пишам спортска“.

Win - win ситуација е секако за кладионите. Повеќе замарање е за операторите пошто они им ги исплаќаат ваучерите кога играчите прават cash out, али и они си имаат процент...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.898
Поени од реакции
17.533
Се повеќе луѓе кои играле кладиона поминуваат на апаратите само поради фактот што им се пред нос па така и се заразиле.Е потоа почнуваат и почесто да се оди до казина.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.171
Ехехеее, какви не случаеви сум видел во кладилнициве во Чаир :). Имаш преку лето албанци дојдени од Швицарска, полни ко брод... и сега место да земат да прошетаат низ земјава чим веќе дошле, тие 24/7 дремат во кладилниците, зјапаат во телевизорите, и лупаат пари.
А најлошо место за работење во Чаир, ти се убедливо кладилниците во Топанско, секаков џган се збира таму, Дижонска, Топаана, па дури и од Шутка.

Никогаш не сум се задржувал повеќе од 5 минути у кладилна, уплаќам минималка на 30 денари и излагам... да работиш во кладилна треба да имаш челични нерви, секакви сељандури влагаат по тоа локалите (n)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom