Кладилници, казина подалеку од населени места ?

Дали сметате дека треба да се ограничат/затворат објектите за игри на среќа ?


  • Вкупно гласачи
    239

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.196
Поени од реакции
13.063
Не сум играл онлајн, ама не верувам дека е истиот хајп.
Нешто како метадон за наркоман.
Не е исто ама човек може да ја исчеша крастата, што би се рекло :D
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
735
Поени од реакции
1.674
На 2вин.мк ги има сите игри и од новоматик и од влт апаратите дури и рулет има.
Некој ако паузирал со играње и почни ради мојов пост нека не ме колни !
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Нема да те колне кога ќе го прочита ова ама за после саат, два не сум сигурен :D

Едит: 20200320_205437.jpg

Само шо живна темава одма почнаа вакви реклами да ми испаѓаат на јутуб :icon_mrgr:

Уште ако останаме од утре во изолација, ќе има плачење.
 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Јас ниту еден ден во мојот живот немам влезено в казино, а и не планирам да влезам, ама одвреме навреме уплаќам ливче лото од државна лотарија.

Сепак играње лото тоа не може да се наречи коцкање...
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.953
Поени од реакции
9.582
Јас ниту еден ден во мојот живот немам влезено в казино, а и не планирам да влезам, ама одвреме навреме уплаќам ливче лото од државна лотарија.

Сепак играње лото тоа не може да се наречи коцкање...
Ако изиграш едно ливче не е коцкање ама ако уплатиш 50 веке не сум сигурен
Исто и со казино/кладилница ако изиграш 100ка не е ама ако изиграш 100евра
Еве немат шо да играм и ја во последно и уплакам бинго онлајн или гребам грепка/две иам на 2вин средства ама ни на крај памет не ми е да ги удрам на слот и да пробам 100-200 денари и ке исклучам сософтвер да се натпреварувам не фала
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Од играње слотс или рулет до играње бинго има огромна разлика.
Некој сличен пример со ова ви е вработен партиски лик на паркинзи и владин функционер, од иста партија се и двајцата ама добивките им се огромни, а у случајов ако ги споредуваме во негативно светло, и двајцата наебуваат ако се смени власта, едниот ја губи работа ама другиот завршува во Идризово.
Така е и со коцкањето, нормално дека и играњето бинго е коцка ама кога го споредуваш со рулет и слотс апарати, повеќе му изгледа како да си бил во слаткара него ли да си се "коцкал".
 

Don Huan

Alter Ego
Член од
12 јануари 2020
Мислења
256
Поени од реакции
333
На 2вин.мк ги има сите игри и од новоматик и од влт апаратите дури и рулет има.
Некој ако паузирал со играње и почни ради мојов пост нека не ме колни !
Da ne te kolni ako ti se pridruzi, a? ;)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Нормално прво кладилниците се отвораат... !
Никој не спомна библиотеките/читалните дали ќе ги отвораат ?
 
J

joli1

Гостин
Сеа ја најдов темава, решив да ги читнам постовиве и се зачудив што одредени членови имаат пишано. Гледање сеир у несреќа на други само ќе резултира истото да ви се врати, на ист или сличен начин.

Само луѓе кои што немаат врска со коцкарската индустрија, никад не работеле у кладилница или казино, луѓе кои што не излегуваат од дома и светот го гледаат низ розе наочари може да велат како никој не ги терал, самите биле криви или нешто слично.

Мнозинството вас кои така мислите и говорите сте причината поради која што голем број проблематични коцкари и нивните фамилии одбиваат да тражат помош од надлежни институции или пак приватно кај психолози и анти-коцкарски друштва, поради вашите осуди како ,,никој не ги терал", ,,самите биле криви", ,,едноставно не оди", итн. Не знам дали сте воопшто свесни дека во проблематични коцкари спаѓаат и судии, доктори, политичари, луѓе со магистратури и докторати, луѓе со сопствени бизниси кои заработуваат добро, професори, наставници и наставнички, луѓе далеку попаметни од одредени форумаши што имаат пишувано по темава, итн.

Значи коцкар може да бидеш ти, твојот родител, твоја роднина, твојот партнер, твој познаник, другар, другарка, комшија, твојот професор, работодавец, итн. Никој од вас или од нив не е имун на истото, ниеден коцкар не станал коцкар свесно. Комарот е најтежок и најдеструктивен порок у споредба со сите останати пороци, ниту еден друг порок не е толку психофизички и финансиски деструктивен за зависникот како и за неговите најблиски.

Прво она што се крие е дека САМАТА ДРЖАВА ПРОМОВИРА КОЦКАЊЕ, САМАТА ДРЖАВА СВЕСНО ГО ЗАГЛАВУВА НАРОДОТ.
  • Мнозинството апарати у државава се државни.
  • Државава пред неколку години купи апарати вредни 6.5 милиони евра народни пари од бугарска фирма. Во прашање беа 1500 ВЛТ апарати, или у превод по 20 апарати за во секоја од 75-те општини во Македонија. Мнозинството сектори кои се од витално значење за животот на народот во Македонија немаат толкав буџет колку што државата има потрошено на уништување на сопствениот народ.
  • Државата истите слот апарати ги нудеше по кладилници како и по угостителски објекти (кафулиња, хотели, итн). Денес не постои кладилница која што нема државни ВЛТ апарати.
  • Државата им забрани на сите кладилници да нудат услуги онлајн и створи монопол со отварање на државна онлајн кладилница (2win.mk).
  • Државата користи народни пари за промовирање на 2win.mk на Спортклуб, Аренаспорт и останати спортски ТВ канали.
  • Кладилниците и казината, заедно со супермаркетите беа единствени места кои работеа во тек на епидемијата.
  • Државата не води никаква статистика за број на проблематични коцкари, како и за малолетни коцкари.
  • Државата дозволува отварање кладилници/казина во близина на училишта.
  • Државата селективно дели лиценци, лиценците се резервирани за политичката елита и нивните платеници и спонзори на политичките кампањи.
  • Не постои начин за себебанирање (self-exclusion) од казина и (онлајн) кладилници, нешто што е пракса во секоја друга држава. Не постои начин да се лимитираат депозити од одредени проблематични коцкари, дури ни по нивна желба.
  • Државата мижи пред фактот дека огромен број на млади луѓе кои што сеуште не навршиле 18 години посетуваат кладилници и казина, а потплатениот инспекторат не реагира.
  • Државата не ги промовира СОС линиите за помош при одвикнување од коцка, истите не ни траат 2 секунди на слајдовите на апаратите, за разлика од слајдовите за џекпот кои нонстоп се покажуваат. Прашајте го било кој рекреативен или проблематичен коцкар што го познавате дали некогаш видел реклама на апаратите за одвикнување од коцка, или пак го знае бројот на СОС линијата, а потоа прашајте ги околу која цифра најчесто паѓаат џекпотите.
Можам вака до утре да пишувам, но доволно е да ви дадам увид како државата директно учествува во промовирање на комарот во државава, како и тоа дека свесно го заглавува сопствениот народ се со цел да го наполни буџетот на државата и на сопствениците на кладилниците и казината, кои патем им ги финансираат нивните политички кампањи.

На сево ова што го пишав, додај уште екстремна општа сиромаштија во државава и лихварски друштва кои нудат брзи кредити со големи камати (кои по некоја случајност на сите матичните седишта им се во Бугарија) и имаш рецепт за уништување на државата и младината у рок од една генерација. Гарантирам дека 20%, ако не и мнозинскиот дел од тие што земаат брзи кредити ги земаат стриктно ради коцкање или пак елиминирање/намалување на долгови како резултат на коцкање.

Ова го пишувам како некој кој што верува во слободен пазар и е капиталист, но сетете се дека и најголемите капиталистички држави ПАЖЉИВО ја регулираат оваа индустрија, што не е случај тука.

Ова што ќе го напишам го знаат сите кои што имаат работено во кладилници/казина или пак имаат роднини или блиски пријатели кои што работаат по кладилници и/или казина.

Мнозинството вработени по кладилници се меѓу најмизерните луѓе кои што ќе ги запознаете. Мизерни у смисла како немање желба за живот, со thousand yard stare, со предвремено побелена коса, со купишта зависности (скоро секој втор кој е подолго време вработен е на диазепами, алкохол или други дроги), а да не ја отварам темата колку од нив се имаат излажано на работно место да заглават, колкав процент од вработените работаат за џабе за да ги вратат долговите направени на работно место. Добар дел од кладилниците мижат на тоа што вработените им се коцкаат поради тоа што знаат дека се правно обврзани истите пари да ги вратат и свесно ги оставаат тоа да го прават.

Точно е, при подолго време работење во кладилница ќе оладиш, т.е ќе станеш индиферентен спрема страдањето на одредени луѓе, но јас верувам дека тоа останува во потсвеста. Само психопат може да е индиферентен кога некој плаче и пцуе пред апарати затоа што апаратот му ги има изедено сите пари што ги имал и тие што ќе ги имал, само психопат може да е индиферентен кога деца од 5 години ги тражат татковците по кладилници затоа што не се појавиле со денови дома, само психопат може да е индиферентен кога некој ги колне парите што ти ги дава, само психопат може да е индиферентен кога свесно учествуваш во пропаѓањето на луѓе и нивните фамилии, само психопат може да е индиферентен кога лихвари ги тражат истите луѓе што секојдневно ти седат во кладилницата/казиното, не можеш да си индиферентен кога бивши затвореници и тешки наркомани ти се закануваат со смрт поради тоа што изгубиле пари, а обезбедувањето нема што да им направи. Сево ова е секојдневница на вработените во кладилници и казина кои што иначе земаат нешто малку повеќе од минималецот.

Јас не би рекол дека сум за затворање на кладилниците и казината, но мора да бидат построго регулирани. Мора да постои дистинкција меѓу кладилница, слот клуб и казино, не ја гледам потребата да има ВЛТ апарати по кладилници. Не гледам од кои причини би било дозволено неограничен број кладилници и казина, не гледам од кои причини би било дозволено истите да бидат отварани во близина на школи, градинки и места каде што млади се рекреираат. Државата мора превентира зависност и да ги лечи истите кои што ги има заразено со комар.

Ве молам пред да ме цитирате да го погледнете видеово и да ми кажете дали е во ред ова.

 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Дали 10 пати во животот имам влезено во кладилница, но сум доста вокален За истите. Зошто? Прво плаќаат даноци и второ вработуваат луѓе. Независно дали се блиску или далеку од училиштата, влезот за лицата под 18 години, по закон, е забранет. И каква врска имаат населените места со кладилниците и казината? За разлика од кафичите и дискотеките, овие не прават бучава. Тогаш што е проблемот? Очигледно е дека се трн во око на едно мало радикализира исламистичко малцинство од албанскиот табор, кои често организираат протести во Тетово. Зошто поради нив државата да загуби буџетски приливи и илјадници граѓани да останат на улица?

И да, и да се забранат, повторно луѓето некаде ќе се собираат и ќе се коцкаат. Вака само државата собира даноци, што од добивка, што до доход. Сите сакаме повисоки плати и сервисирање на јавните потреби, ама и сакаме да ставаме опструкции во слободното функционирање на пазарот затоа што секогаш имаме некоја ветерница која сакаме да ја собориме. Од година во година имаме се помалку и помалку даночни обврзници, а се поголеми и поголеми расходи. Принципот на баланс одамна е нарушен. Башка еден тег, за бизнис секторот, беше Ковид кризата која трае повеќе од 2 години и сега, вториот, новава економска криза, како последица од вештачкото одржување на економијата во живот сиве овие 2 години и парцијално поради војната во Украина, каде дополнително ќе ги усложнат работите. Па и инфлацијата тешко дека ќе се стави под контрола во доследно време и ќе почне самата себе да се јаде. Така не гледам никаква разумна потреба дополнително да се уништува уште еден сектор во оваа наша кревка економија.

Дали треба да се забранат рекламите на странските кладилници? Дали треба да се забрани Лотарија на Македонија? И каде државата треба да има право на монопол?

Кај нас е правило државен интервенционизам во одреден сектор за заштита на општото добро, а потоа приватизација на целиот тој парцијален дел, така некој ќе се обогати. Дури потоа доаѓа капитализмот, преку понудата и побарувачката и ако има регулаторно тело во тој сектор, подмитување на истото. Така ниту КЗК, ниту антикорупциска, ниту обвинителството, ниту регулаторните тела не направија крупен чекор кон заштита на интересот на граѓаните овие 30 гофини. Прашање на време е кога ќе се распродаде сѐ, земјоделското земјиште во државна сопственост веќе е на продажба!

Прашањето уште виси, зошто на власта и сметаат казината и кладилниците?

И ако проблем се кладилниците кои се во близина на училиштата, дали треба да се дислоцираат и алкотеките и да се забрани продажбата на цигари во продавниците кои се наоѓаат близу училиштата!? Лично сметам дека не, затоа што и едното и другото е забрането да се продаваат на малолетници, исто како што е забранет влезот на кладилниците за нив! Што е со партиските штабови? Дури, по "логика" на нештата, може да се нападнат и сендвичарите, сакаме младината да ни се храни здраво! Може секому да му смета нешто, ама овој пат аргументите се кревки. Нема потреба од менување на било што во овој сектор, сем почести инспекциски контроли. :)
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.196
Поени од реакции
13.063
^^Пази молимте,луѓе плачеле пред апаратот кој,замисли,сам им брцнал у џебовитеи им ги извлекол парите :D :D :D

Се додека сиромавиот глуп народ не сфати дека комарот е измислен како забава за богатите,а не за правење брзи пари,ќе го јаде курот.
Мене уопште не ми е жал најискрено јер ниеден комарџија не е со пиштол на чело натеран да влезе во казино.

НИЕДЕН!

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom