Вака.Бев инспирирана да ја отворам темава од една не многу дамнешна случка.Бев на кафе со едни пријатели (поскорешни) и девојката ми вели
:“Да ти кажам право, јас сум мислела дека ти си многу “дигната“.Секогаш си некако намуртена, лута.Секогаш кога ќе сме се поздравеле порано (пред да се задружиме)
ти ќе пружиш рака и ќе свртиш глава.Сум мислела дека си некултурна, ама сега откако те запознав подобро гледам дека сум била во грешка па ти си била злато од дејче“ Ова ми го кажа баш вака со овие зборови.
А и не е прва што ми го рекла тоа.
Јас мислам т.е. знам дека сум ведра личност но, како за кого и како со кого.
Со пријателите сум многу добра, секогаш ни е интересно. Но, надвор од друштвото во некое “туѓо друштво“ јас сум многу ладна можам да кажам и дигната и не “фермам“ никого. А сето ота го правам за мое добро. Не можам да си дозволам да бидам со секого добра, а потоа да бидам повредена заради тоа. Ако во тоа “туѓо друштво“ не ми е интересно си стојам понастрана а, ако ми е интересно се надоврзувам во разговорот и така постепено се задружувам со луѓето. Но, понекогаш знам да не отворам уста цела вечер
Ај кажете нешто за вас. Како Вие изгледате во очите на другите?