Шо знам, различно ме доживуваат луѓето. А ни сама не знам како, можам само да претпоставувам.
Со луѓе што ми се допаѓаат уште од старт се поставувам добро, опуштена сум, дружељубива, брзо стекнувам блискост, се зезам, се смејам, па веројатно и како таква ме доживуваат, опуштена и позитивна.
Некогаш се случува во лош момент да ме начекале, па веќе на втора средба да бидам тотално поинаква и да ми речат: еј, па ти си била супер девојче бе, кој би рекол.
Понекогаш знам и да се отворам до максимум, па да испаднам претерано социјална, муабетлива, така што посрамежливите луѓе ме доживуваат дури и као нападна.
Има и една помала група луѓе што едноставно не успеале да ги освојат моите симпатии, па со тие сум резервирана, а поретко и злобна на јазик, промрчувам по нешто цело време, демек на шала на смеа, и на тие луѓе сигурно не им изгледам фина и комуникативна.
На поблиските луѓе кои подобро ме познаваат, не знам како им изгледам... Некои би рекле дека сум способна за 10 минути да остварам пријателство со рандом шанкер во рандом кафич, ако сакам.
Поконзервативните ме доживуваат како претерано либерална, полибералните како паметна
Генерално (од тоа што ми кажале) ме доживуваат како забавна личност за во друштво, зошто сакам нешто да се случува цело време, ретко седам и ќутам, сакам многу да зборам и да сум центар пажња. :kesa:
А има и една посебна група на, во главном, постари лица, кои ме доживуваат како психијатар.
Не знам како поинаку да си објаснам како тоа непознати луѓе на улица успеваат за минута време да стекнат доверба во мене, до степен да почнат да ми се отвараат за нивни ствари што мене ни малку не ме интересираат, и таа моја особина што највеќе се одразува на постари лица ужасно ја мразам.
А не дека имам некоја фина фаца што би влеала доверба... Шо знам.
Ама знам дека бабата од рекорд што имала починат маж од Романија и син што никогаш не и ги погодувал јагодите, типот од билетарата на бивша последна 57ца што не успевал да најде причина да верува во Господ, и човекот од трафиката што имал проблеми со бубрезите- не се луѓе што сакам пак да ги сретнам. Не се ни луѓе на кои што сум планирала да потрошам повеќе од 30 секунди во животот, ама кога немам срце да им кажам: „Мислиш ме занима?!“, ќе си седам мадро и ќе си слушам нечии приказни дур ми дојде автобусот.