Не сум сигурен дали постои ваква тема, ама сакам да ги слушнам вашите размислувања и одговори на оваа тема и овие прашања...
-Колку вие верувате во пронаоѓање на совршен и идеален партнер/ка?
-Дали верувате во пронаоѓање на „вистинскиот“ или „вистинската“?
-Што претставува за вас совршен/а партнер/ка?
-Што е тоа што ќе го/ја направи да биде совршен/а во вашите очи?
-Што со мааните на партнерот/ката?
За да го скршам мразот, јас лично сметам дека постои некоја за мене која е совршена во моите очи и која ќе стане „вистинската“ за мене (барем сметам дека ја пронајдов по толку долго време

).
Во глобала, никој не е совршен. Тоа сите го знаеме, ама кога мислам совршена партнерка, мислам на тоа да ги задоволува сите мои погледи околу тоа како треба да изгледа совршена девојка за мене лично.
Девојката карактерно мора да се поклопува со моите основни побарувања. Најчесто ете јас лично барам повлечени девојки кои не се "high in the space", девојки кои имаат солидни размислувања за било какви теми и опуштени девојки со кои можеш да се зафркаваш и да се нашалиш на било каква тема (секако во границите на нормалата), да не пуши цигари, да биде симпатична и убавка (да ме привлекува физички), да има харизма, и да знае искрено да сака.
Мааните на партнерката би ги занемарил, доколку во глобала партнерката поседува барем 80% од основните работи кои ги барам јас лично во една девојка.
Главната работа е да не биде крената, и девојка што е крената нема никакви шанси кај мене.
Што вие мислите? Што е за вас совршен партнер?