Какви луѓе ве привлекуваат и зошто мислите е тоа? Совршен партнер? Имате?

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Не знам зошто но секогаш ме привлекувале девојки за кои другите најчесто коментирале : Абе види ја каква џанкерка/забегана/несфатена итн. Црвена коса , некое пирсче или каналче нема да смета , троа послабички (не анорексични) и тетоважата би бил врвот.Најверојатно бидејки имам само 18 и претпоставувам дека сум во некоја тинејџерско-бунтовничка фаза од животот. But who cares as long as it's fun :D

Од другиот дел на квалитети : интелегенција , добар вкус за музика (т.е сличен на мојот :D ) , авантурист, бунтовнички дух , добра смисла за хумор и отвореност кон сите полиња - најважно сексот. Не сакам да го гледа како нешто што таа ми го пружа мене - туку како заедничко задоволство кое не спојува на физичко и духовно ниво, ниту пак да биде срамежлива и повлечена во тој поглед и да и преставува табу-тема.

Плус фактор на привлечност секогаш ми бил склоноста кон некој вид на уметност. Исто така за мене необјасниво - ме возбудува ако девојката има/имала психолошки трауми или пак е уживател на лесни наркотици.
Ретко се среќава некое машко да ИМА преференца подолга/поразлична од "убава, згодна и насмеана", особено на 18 години и особено глеано на форумов каде стално се спомнуваат тотално непроверените у пракса правила дека треба да носиш розеви кошули и саати за да фатиш цура.
 
S

StormRage

Гостин

па не е само алтаир :) али карактерот ме лови повеќе.. HC си е HC!
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
На времето ме привлекуваа пластични, без карактер, само со лепота. Во последно време некако ми станаа одбивни. Сакам дискретно нашминкани, со нормално однесување и барем два саата муабет без да се употреби зборот „јас“ во секоја реченица. Исто така, обожвам жени кои носат фустани.. иако ретко се наоѓаат. Ама жена во фустан, посебно пролет/лето, кај мене предизвикува восхит..
 
L

Luki Junior

Гостин
Ретко се среќава некое машко да ИМА преференца подолга/поразлична од "убава, згодна и насмеана", особено на 18 години и особено глеано на форумов каде стално се спомнуваат тотално непроверените у пракса правила дека треба да носиш розеви кошули и саати за да фатиш цура.
Јас сам тај.... ;)
Ама слабо се фаќат женски ако не си како л'скав лампион и мангуп... :(:(:(
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
На времето ме привлекуваа пластични, без карактер, само со лепота. Во последно време некако ми станаа одбивни. Сакам дискретно нашминкани, со нормално однесување и барем два саата муабет без да се употреби зборот „јас“ во секоја реченица. Исто така, обожвам жени кои носат фустани.. иако ретко се наоѓаат. Ама жена во фустан, посебно пролет/лето, кај мене предизвикува восхит..
Што да кажам, и ја сакам проблематични и со став, и да да, девојки во фустани (тука не збориме за поимот "мало црно фустанче", сите само такви и носат) . За дискретната шминка океј, али поштувам дреч црвен кармин. Се` на се`, сакаме ист тип на женски, или ај да не ми извадат муабет, ќе генерализираме со зборот луѓе. :) Проблемот со женските е што и покрај имањето на горе-наведените фори, пречесто изгледаат ко само - опседнати, а тоа не го поднесувам ни кај мажи, но кај мажите бар бајаги поретко се среќава.

Пс. Постов ако ти делува конфузен, тоа е пошо мислев е втор пост од членот што претходно го цитирав, се израдував од помислата дека истиот што сака џанкерки, сака и летни фустани кај женски. Како и да е. :D
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Исто така, обожвам жени кои носат фустани.. иако ретко се наоѓаат. Ама жена во фустан, посебно пролет/лето, кај мене предизвикува восхит..
Како ја да сум пишувал, spot on (y)
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Ме привлекувале се некои кои јас не сум ги привлекувала. Така мислев. Е, било грешка. Се испостави дека сум се поставувала или премногу нападно или премногу недопирливо. Кога кренав раце од трудење да оставам впечаток, да ги сокријам недостатоците, да бидам идеална за идеалниот и слични глупости, кога сета моја „акција“ се сведе на едноставната порака what you see is what you get, работата тргна :)
 
kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
црн тен...без шминки..природна во секоја смисла на зборот(без лигавење и нешо во стил тоа не сум јас) исто ме привлекуваат големи очи,симпатична насмевка и пред се смисла за хумор :)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Сите мани можам некако да ги прифатам на женско освен една,а тоа е несредување. Неможам да гледам девојка,жена која не е средена(шминка дискретна,облека прикладна не нападна,коса средена,нокти ). Може да биде најпаметна на светов,може да ја слуша најдобрата музика али ако не е средена ко што треба ништо не праиме.
Ни андерграунд ни дрољести ,туку некоја средина ... и нормално манири и добро однесување мора да има..
И нај нај нај битно зборовите ЧОВЕЧЕ и БРАТ да ги нема у речник кога збори со некого.

А дали е висока,ниска,плава,црна ,очи зелени или плави тоа ми нема никава улога.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
И нај нај нај битно зборовите ЧОВЕЧЕ и БРАТ да ги нема у речник кога збори со некого.

А дали е висока,ниска,плава,црна ,очи зелени или плави тоа ми нема никава улога.
не го заборавај и ПЕЕР
 
Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Сите мани можам некако да ги прифатам на женско освен една,а тоа е несредување. Неможам да гледам девојка,жена која не е средена(шминка дискретна,облека прикладна не нападна,коса средена,нокти ). Може да биде најпаметна на светов,може да ја слуша најдобрата музика али ако не е средена ко што треба ништо не праиме.
Ни андерграунд ни дрољести ,туку некоја средина ... и нормално манири и добро однесување мора да има..
И нај нај нај битно зборовите ЧОВЕЧЕ и БРАТ да ги нема у речник кога збори со некого.

А дали е висока,ниска,плава,црна ,очи зелени или плави тоа ми нема никава улога.
Сигурно ти рекла дека те сака,како брат.:love:
Али најгној ми е женско ко че ми речи брат........нека ми вели лигаво срце ,злато помалце ми смета.
Таквите шо сака да се пра кул се за на бесилка.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Да е нормална. Да сака во нормални граници да го живее животот , да е пристојно облечена , да знае да биде верна , чиста , комуникативна , да не биде алчна , да не се прави да биде број 1 во се и во секој муабет , да не глуми лудило , да не биде спонзоруша , да нема многу афери за нејзе , да знае да решава проблеми , да не биде егоистична , паметна , добра хммм тоа е тоа можда има и уште во глобала тоа е ... НОРМАЛНА ... Секако да не бидам погрешно сватен ова важи ( обострано ) :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom