Доста бе се жалите дека
Paranormal Activity (2007) не ве уплашил многу

Што сакате, да врискате по улици од страв? Не сте мали деца веќе... Некој спомна дека ова бил најстрашен филм што го гледал па ви ги подигна очекувањата и ви го намали стравот... good, good, добро сторено
Енивеј, филмчево е прва лига, ме потсети на култниот
The Blair Witch Project (1999) кој е снимен на ист начин, со обични камери и во форма на документарец, само што таму говедата кои ја лично би ги затворил напишале дека е документарец и пола свет го извадија од памет
Како и да е, којзнае колку пати сум напишал дека хоророт треба да биде страшен а не грозен, да има цел да не уплаши а не да не згрози. Добар хорор се снима и без кофи крв и ова е најдобар доказ. Во филмот секоја наредна ноќ интензитетот на дејството систематски се зголемува и додека очекувате да видите што наредно ќе се случи, постојано сте во тензија... одлично направено.
Инаку незнам за вас ама на снимкава што ја добив покрај оригиналниот крај има бонус и theatrical ending, значи друг крај кој се прикажува во кино салите. За да не направам спојлери и да го пишувам крајот (а бидејќи незнам кој крај сте го виделе), ќе кажам само дека во оригиналниот се појавува полиција, во кино-крајот не. Па ќе знаете што сте виделе. Не се разликуваат премногу, не менува ништо битно во приказната.
9/10 од мене, цели 10 години после Blair Which нешто слично, it was a bloody time што би рекле англичаните.
Премногу гледам филмови...