Јас само што го изгледав Spotlight, најсериозниот кандидат за Оскар годинава. Сѐ си е на место во филмов, ама буквално сѐ што можев да замислам, ама приказната некако не допре до мене. Нема некаква инспиративност како многу други слични за луѓе/тимови кои го измениле светот или измениле нешто во светот. ОК, да, респект за тимот на Spotlight за подвигот кој го направиле, убаво е прикажано сето тоа, секој нивни потег, но некако ни подвигот, ни актерите, ни филмот не пренесоа никаква емоција кај мене. Овој е еден од оние технички и од секој друг аспект совршени филмови кои имаат сѐ, само немаат душа. За сега, барем четити од веројатно номинираните за Оскар за мене беа подобри од овој. Сѐ уште The Revenant ми е број еден. Еве ја и листата, update-увана:
http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/my-2015-ranked/