Ми влезе у глава презимево Даравелски со оглед на тоа шо овој без точка и запирка го има спомнато 15 пути у темава.
Директор на Царинска управа во Македонија, пред Ванчо Лазаров. Типичен пример за македонски директор – класична бараба. Ванчо, веројатно одиграл клучна улога во истрагата/тастањето против него, поради што Даравелски бега од земјава и не се враќа повеќе од 20 години, се до јануари 2023 кога случајот му застарува. Меѓудругото во 2002, Ванчо бил претепан по нарачка на Даравелски.
Во 2022, неколку месеци пред да се врати во Македонија, починува син му на 39-годишна возраст, али со оглед на тоа што се уште бил во бегство, не можел да присуствува на погребот.
Не алудирам дека Даравелски има било каква поврзаност со случајот со Вања, иакода бидам искрен, ме замисли моментот со синот и погребот.
Јасно е дека оваа неинтелигентна багра предводена од Палчо, се извршителите на делото. За жал, со оглед на тоа што афрички држави имаат пофункционални полиција, обвинителство и судство од нашите, вистинскиот мотив, а можеби и вмешаност и на други додатни личности никогаш нема да бидат откриени.
Најтрагично од се е што без срам мотивот се уште официјално се води како користољубие.