Јас се уште не можам да разберам како некој рандомец прв ги приметил сите овие работи. На страна што јас мислам дека не случајно ги знаел овие работи овој Гоце, ама тоа е веќе друга тема. Ама, ете и да приметил прв и да го “решил случајот“, полицијата не смее да дозволи друг од надвор да прибавува снимки од безбедносни камери и да им ги доставува, едноставно не е законски тоа. Бог да чува и да брани е државава жими се.
Абе ако размислиш логично и не е некоја атомска физика. Според телефонот на Вања го имале нејзиното движење, дур давал сигнал телефонот. Така да по тоа знаеле и од каде можат да земаат видеа. Е сеа, тоа се различни улички низ Дебар Маало. Ова сеа следново го зборам, по тоа што го слушнавме на суд од сведочењата. Во периодот на исчезнување тука на камерите што се кај зградата на Вања, поминале10-15 коли. Логички, ако ја нема на никоја камера, значи дека едина преостаната опција е да е во некоја од тие 10-15 коли. Е сеа, од тие коли не сите отишле по рутата по која е сигналот на Вања. Така да автоматски некои од нив испаѓаат. Оној Гоце кога сведочеше, кажа еден детал кој помина така неприметно, а тоа е дека они од снимките извадиле повеќе коли за кои се сомневале и дека можно е да е Вања во некоја од нив и ги предале на полицијата. Значи не бил стрикно само Цитроенот, иако тој им делувал најсомнителен. Прво ради спорото движење, поклопувањето со рутата на Вања, а ако се сеќавате кога испадна едно видео од Партизанска, каде таткото го покажува Цитроенот на полицијата мислам и зборат, Цитроенот и пикапот возат по булевар премногу споро, во најдесната лента, буквално се влечат.
Друг муабет е неспособноста на нашата полиција, а и срамот да дозволат цивил да им решава истраги. Она што го дознавме најново од таткото е дека не само он и Гоце, туку и други родители од каласот на Вања, наоѓале и им давале снимки. Веќе на сите ни е јасно дека направиле еден куп пропусти и грешки, нити па знаеле кај тераат. Знаеме дека Гоце го натерале да ги снима родителите, автоматски, рандом цивил им ја работи работата. Влечењето по улици, па на Водно, демек таму е Вања, запалила оган. Па радоста и еуфоријата со изјави "ве тепавме сто-нула". И на крај, најголемиот срам, кола пријавена за украдена/исчезната, на лице кое е пријавено за исчезнато, три дена им се возела низ Скопје, во строг центар, место покриено со милијарда камери, во период кога безбедноста беше крената на највисоко можно ниво, со полиција на улици на секој чекор, кола која што не е секојдневие по улициве скопски, значи лесно упадлива, и згора на се ова, со истата таа кола има два обиди за киднапирање во тие три дена, од кои вториот успешен и знаеме со каков крај. Тоа е се што треба да знаеме за тоа кави кадри се на круцијални позиции. Џандари набутани по кафичи, кладилници, казина у работно време, по 2 саати пијат кафиња и дремат, инспектори исто, набутани по кафичи, стандард влезени у филм дека се Ник Слотер, со кратки маици и кошули раскопчани, обавезно моторолата да се гледа, па седнуваат на маса, сите ги вадат мототролите на маса, па опасни, љути фаци некои прават, мислат којзнае како ги дожувуваат другите, а сите ги гледаат ко обични скомплексирани пачаври и со потсмев. Е овие ликови усвари се задолшени за безбедноста на народот, за решавање на проблеми и борба со криминал. И капак на се тоа, Обиџуко и оној обвинителон, кои се изнатропаа глупости по прес конференции. Да сме некоја нормална држава, со оглед на тоа што немаат цврсти, материјални докази за Палчо (освен некои видеа од Сејф сити, каде они тврдат дека се гледа Палчо, овие другиве дека не се гледа ништо јасно, се надевам после судењево ке ги објават да ги видиме), освен сведоченава на Кешишев и Манев, поради нивната неспособност, ваков монструм многу лесно можеше да се случи да биде ослободен на крај и да ни шета по улици.