Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
држава без пари не бива - затоа нашава собира пари на секој начин
ама пак не ја бива.
Ми беше змена колата „со пајак“од тротоар во Автокоманда.
Сосем правилно.
Бев да си ја земам,сум направил грешка и си платив.Полицаеццот на шалтер бараше нешто по тоа документите и ме праша а од полиција
пријава или така нешто.Јас знаев дека и од полиција следува казна
па затоа си ја понесов и книшката за казнени поени.Но мајчиниот цајкан.
(имам име и презиме) не напишал тогаш казна за прекршок,и не поднел,
затоа што знае дека ќе поминам со 25 казнени поени а нему му требат пари
туку потоа во станица и пуштил пријава и ми дојде по пошта,за на судија за кривична постапка-казна,за наведеното.
Дадов приговор,незнам што ќе биде,немам одговор.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
и ми дојде по пошта,за на судија за кривична постапка-казна,за наведеното.
За вакво дело се пишува прекршочна, а не кривична пријава.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
држава без пари не бива - затоа нашава собира пари на секој начин
ама пак не ја бива.
Ми беше змена колата „со пајак“од тротоар во Автокоманда.
Сосем правилно.
Бев да си ја земам,сум направил грешка и си платив.Полицаеццот на шалтер бараше нешто по тоа документите и ме праша а од полиција
пријава или така нешто.Јас знаев дека и од полиција следува казна
па затоа си ја понесов и книшката за казнени поени.Но мајчиниот цајкан.
(имам име и презиме) не напишал тогаш казна за прекршок,и не поднел,
затоа што знае дека ќе поминам со 25 казнени поени а нему му требат пари
туку потоа во станица и пуштил пријава и ми дојде по пошта,за на судија за кривична постапка-казна,за наведеното.
Дадов приговор,незнам што ќе биде,немам одговор.
Сосема не те разбирам,
Еве го Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/zakon za bezbednost na soobrakajot na patistata.pdf
Одстранување на возила е предвидено само член 63 од овој закон ( можеш да погледаш ), пајак е предвиден само ако визилото представува непосредна пречка или опасност за одвивање на сообраќајот
Во овој Закон за паркирање на тротоар е предвидено по член 66 став 1 алинеа 10. Погледај подоле во став 5 на истиот член за ова дело предвидена е глоба од 45 евра или 25 казнени поени, но не е предвидено одстранување на возило.
Види што ти пишува на пријавата, ако те казниле по член 66 не смеел пајакот да ти ја дигне колата,
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
пишува ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА
по член 66 став 1
на тротоар беше,и смета за пешаци се разбира,
и по член 63 пишува ќе биде острането на моја сметка
тоа е се во ред,
ама не ми дале шанса за прекршокот да внесам негативни поени,
туку ми праќат покана за прекршок.
 
По член 66 нема пајак има само казна. По член 63 има и пајак и казна
Ако на тротоарот кај што си бил паркиран имало уште 1, 6 метри за поминување на пешаци не можат да те казнат по член 63, бидејќи општината можела да одобри паркирање.
Јас би направил следно: тебе ти е одстрането возилото, налог за остранување дал полицаецот, но на налогот пишува член 66 став 1.
Но бидејќи ти е возилото одстарнето, јас би барал да те казнат по член 63, бидејќи возилото наводно претставувало непосредна опасност или пречка за одвивање на сообраќајот па затоа е одстрането. Што значи да треба да направат нова прекршочна пријава, односно да го сменат делото за кое те теретат Ако, од кога е сторено делото е поминато една година, прекршокот е застарен, па не можат да го сменат обвинението.
Најди некој правник, по роднини, комшии или на работа и консултирај се.
Прекршоците застаруваат за една година ако не е поднесена пријава. А за две години ако е поднесена пријава. Ако за две години од кога е сторено делото не успеале да да изречат казна и ја наплатат казната од било кои причина, казната застарува.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.507
Поени од реакции
11.469
JП 99,99% колите ги дига не затоа што представуваат непосредна пречка или опасност за одвивање на сообраќајот, како што пропишува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, туку за да ќари 2500 денари за едно дигнато возило.
Тие во едно деноноќии дигаат до 120 коли....
Дигаат ноќе... А ноќе е многу слаб сообраќајот.
За тој што ќе застане каде сака, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени казни. Тие казни не се мали и се парични. За едно кривично дело не смее да казнува двапати, ниту казната смее да е поголема од таа што е предвидена со закон
А погледни го овој случај...
Ако не платиш за паркирање во зонско, ќе ти ја дигнат колата со пајак.
Ајде објасни, каква непосредна пречка за одвивање на сообраќајот представува возило кое е паркирано на јавно паркиралиште ако сопственикот не платил за паркирање?
Ај да се разбереме.....
значи јас сум само за кревање на оние возила што сметаат на нормално одвивање на сообраќајот односно паркирани на сред улица.
ни под разно несум ЗА зонско паркирање чиста пљачка ти е тоа. па барем да ни беа осигурани возилата од кражби и ред др работи додека се таму паркирани (n)
и значи заклучокот е сега дека јас сум за кревање на оние коли што се оставаат на сред улица како што тоа се прави низ јаја паша и ленинова и да стварно се радувам за тоа што таму ги креваат :)
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Лоповите од "непрофитабилниот" градски паркинг се подновиле со Sym Symphony SR 50cc со куферчиња и кациги бели :D тоа ти е кога работиш "непрофитабилно"едвај да купиш скутери од скоро 2000 евра за носење канџи низ паркинзиве

Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
"без регулирано паркирање, не може повторно да си дојдат дома"
Сега кого прави оваа будала, сама себе или? Нели не ти следува загарантирано паркинг место. Изјавите им се погазуваат една со друга. Дефинитивно редот во паркирањето е во последен план, за станарите не ги интересира, само пари пари и пари се во прашање.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Хммм... кога се зборува за паркирање... радосен сум што живеам во Струмица, па макар што некогаш и колата од дома неможам да си ја извадам.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Дополнува дека уредот нема да издава фискална сметка, бидејќи согласно со законските прописи не се обврзани тоа да го прават?????????
Која е таа фирма која што нема обврска да издаде фискална сметка за услуга? Како тоа е ослободена од обврската што ја наложува фискалната политика? Ајде некој правник или економист нека го образложи ова !
 
Примедбата ти е сосема на место. Јас ќе ја дообјаснам со Латинската поговорка: Што е од почеток лошо, не може да се исправи со текот на времето.
Quod initio vitiosum est non potest tractu temporis convalescere.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom