Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вечерва бев на кај Дебар Маало и видов дека општиското ЈП лепело плакати, во кој се вели:
Предмет: Покана за одржување на средба
Во соработка и по барање на граѓаните на Општина Центар кои имаат живеалиште на територијата на Дебар Маало, а со цел разрешување на проблемот со паркирање на оваа најфреквентна и најгусто населена населба, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар - Скопје во соработка со Градоначалникот на Општина Центар се обраќа до граѓаните Покана за одрѓување на заедничка средба со цел запознавање и подобро информирање со ПРОЕКТОТ на уредување на паркирањето на јавните површини и тн.... и тн..
Таа „ средба “ е одржана на 06. 09. 2012.во 18 часот
Ме интересира дали некој бил на таа средба и ако бил како поминавте
На средбата во мојата месна заедница директорката не смееше да се појави...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Не е баш за оваа тема, но ќе напишам тука.
Секако, се работи за паркирањето. Денес бев сведок, онака на поминување, на кавга на налутен граѓанин со сообраќаен полицаец.
Имено, возилото му беше непрописно паркирано, на тркалото имаше блокатор, кој, за да биде изваден, на ЈП Паркиралишта Струмица треба на лице место да му се плати 1100 денари (за кои се добива фискална сметка).
ЈП Паркиралишта Струмица нема надлежност да блокира возила. Освен на паркинзи со кои стопанисува.
Во соработка со МВР го прават тоа на начин што полицаецот им наложува на вработените во ЈП да блокираат некое возило.
Од друга страна, МВР исто така нема законска можност да блокира возило, а за тоа дискутиравме тука, туку може единствено да го дислоцира доколку пречи во нормалното одвивање на сообраќајот.
Затоа, сметам дека МВР постапува незаконски во конкретната пракса која ја имаат во Струмица.
Фотографирав неколку такви примери по градот, и деновиве ќе напишам едно писменце до МВР за да побарам мислење од нив дали сметаат дека е тоа законски, согласно кој закон, и доколку не е по закон да престанат со таквата пракса.
Како граѓанин, секако имам право на тоа.
 
Браво
Ако сакаш можеме, фотографиите, писмото и нивниот одговор да ги пратиме во Стразбур.
Ти знаеш дека јас ги следам овие случувања не само кој нас туку и поширико, па ќе ти раскажам нешто бидејќи ова што се случува кај нас е „ увезено “ од Србија, најнапред во Хрватска па потоа и кај нас. Затоа јас ова го нарекувам „ југославише специјалитет “
Читав пред некое време, коментари во еден хрватски весник и еден читатетел раскажува како на некој странец во Загреб му ставиле лисици и раскажува како било.
И на тој коментар се јавува друг читател, исто Хрват, ама кој живее во Германија. И овој од Германија им вели, не кажувајте за ова, бидејќи ако разберат Германциве за ова никогаш нема да не примат....
Ама што да правиш... Иницијатива за ова и ( лисици и пајаци во Скопје ) до Уставен суд поднесов во мај 2011. Ама не го разледуваат...
За истава работа во Прилеп поднесов иницијатива... Уставниот суд одби да поведе постака Еве со кое образложение
Оспорените членови 27 и 31 од Одлуката, во себе не содржел казнување, според описот, како што предвидува Законот за безбедност на сообраќајот, од причина што можностите за блокирање на тркалата (блокатор на тркала) или преместување на возилото од паркиралиштето предвидени во оспорената Одлука, претставуваат мерки за оние корисници на јавните паркиралишта кои нема да се придржуваат до начинот и условите, јасно и прецизно утврдени од организаторот на паркирањето со цел овозможување непречено користење на јавните паркиралишта.

Тоа е Решение на Уставниот суд У. бр. 51/2011, објавено е и можеш да го погледаш на интернет страницата на Уставниот суд
Уставниот суд вели - тоа не биле казни туку „ мерки “. Искрено да ти кажам огорчен су на нив.

Во Скопје постои одлука на Советот на Градот според наместо одстранување со пајак е предвидено ставање лисици.

Ти се Правник...
За непрописно паркирање предвидени се парични казни.
За едно дело не може две казни и парична и лисици, не само кај нас туку, по ниту еден закон и во ниту една друга држава за едно дело, да се казнува двапати... губи смисол правото
Ама Уставен суд вели .... Што да речам.... Не знам како е во редовните судови, ти тоа го знаеш .... но од овие .... од нив ништо не може да се очекува
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Директорите на ЈП постигнаа многу голем успех.
Собранието усвои измени на Законот за комунални такси според кој висината на комуналната такса во иднина ќе биде од 10 - 20 % од „ услугата паркирање “
http://www.sobranie.mk/ext/materialdetails.aspx?Id=60c0c74f-93e2-42ce-a83e-5ac67154a09e
За ова директорите долго се бореа и сега се изборија
Со тоа директорите добија уште едно средство да „ стопанисуваат и поштено заработуваат “
Мене не ме изненаува упорноста на општинските лешинари да ги препуштат улиците на група директори за да тие ги пљачкаат граѓаните.

Пред некој ден имаше вест од Општина Центар дека советниците меѓусебно си ги краделе телефоните - тоа е нивно вистонско лице
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
167
Од кој датум почнува зимското сметање на наплата на зонскиве паркинзи ? Место до 23:00 да се наплаќа се наплаќа до 21:00
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Од кој датум почнува зимското сметање на наплата на зонскиве паркинзи ? Место до 23:00 да се наплаќа се наплаќа до 21:00
Никој тоа не го знае, кога ќе им текне на директорите. Минатата зима беше цела зима до 23 во Опшштина Аеродром, а во Центар до 21.
Тоа е... кога ќе им го препуштиш Градот на такви.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 01:35 ---
Во Дневник има напис, дека Граѓаните на Дебар Маало, пружаат отпор кон зонското. ЈП ги заплашува со пајаци
http://dnevnik.mk/?ItemID=D2BAA72104586142A72E42343FD6C9E2
Ги поздравуваме нашите Сограѓани - не се давајте!
Смрт за зони и пајак возила - Слобода за Дебар Маало
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес поднесов иницијатива до Уставниот суд.
Според новиот Закон за комунални дејности, општинските лешинари, издејствувале паркирањето на јавно паркиралиште
да биде комунална дејност.
Тоа го оспорив. Ако сакате погледајте ја иницијативава. Не е голема има само две страни.
 
Attachments

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сношите се потресов:
Шетав во правец на Градскиот парк по улица Ѓуро Ѓаковиќ и гледам двајца зонаши, едниот со моторче, на едно возило ставиле лисици и ја чекаат Жртвата да дојде и да ја опљачкаат. Прават муабет...меѓусебно збуруваа и се фалеа како и колку души опљачкале, како да се некој колеги па зборуваат за својата работа. Тоа беа градски зонаши
На враќање решив да се вратам по улица 29 Ноември, покрај слаткарницата „ Апче “, за да се напијам боза, кога таму општинските зонаши поставиле автомат за наплата во близина на слаткарницата и до автоматот стои еден зонаш и и објаснува на една девојка како работел автоматот
И ме фати една таква мачнина во душата.
И јас и сите вие знаеме кој е „ заслужен “ да овие банди криминалци завладеат со скопските улици. А не можам да ги прашам - зошто ни го направија ова?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Се обновуваат паркинзите во населба Острово

- читај: "почнува да се наплаќа паркирањето во населба Острово"

Вечерва бев на кај Дебар Маало и видов дека општиското ЈП лепело плакати, во кој се вели:
Предмет: Покана за одржување на средба
Во соработка и по барање на граѓаните на Општина Центар кои имаат живеалиште на територијата на Дебар Маало, а со цел разрешување на проблемот со паркирање на оваа најфреквентна и најгусто населена населба, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар - Скопје во соработка со Градоначалникот на Општина Центар се обраќа до граѓаните Покана за одрѓување на заедничка средба со цел запознавање и подобро информирање со ПРОЕКТОТ на уредување на паркирањето на јавните површини и тн.... и тн..
Таа „ средба “ е одржана на 06. 09. 2012.во 18 часот
Ме интересира дали некој бил на таа средба и ако бил како поминавте
На средбата во мојата месна заедница директорката не смееше да се појави...
Нешто покасно имаше вакви известувања (закачувани по колите) и од другата страна на Партизанска, позади ТЦ Буњаковец, кај Песталоци. Паркингот позади трговскиот доби кабина. Тој трговски и така е утепан, сеа нема бел ден да види.
Во Курир е објавена вест дека во Тетово почнале даставаат блокатори - лисици
http://kurir.mk/republika/opstini/83222-Blokatori-za-nepropisno-parkiranite-avtomobili-vo-Tetovo
Може ли некој да опише што се случува во Тетово?
naah, ова е само во медиуми. Си го сечам на оволкави парчиња [-покажува со раката, едно 15 cm-], ако зонско функционира во албански доминантна средина. Не би требало да се вознемирува мирното албанско население со вакви небулози, кои треба да важат само за каурите.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Не е баш за оваа тема, но ќе напишам тука.
Секако, се работи за паркирањето. Денес бев сведок, онака на поминување, на кавга на налутен граѓанин со сообраќаен полицаец.
Имено, возилото му беше непрописно паркирано, на тркалото имаше блокатор, кој, за да биде изваден, на ЈП Паркиралишта Струмица треба на лице место да му се плати 1100 денари (за кои се добива фискална сметка).
ЈП Паркиралишта Струмица нема надлежност да блокира возила. Освен на паркинзи со кои стопанисува.
Во соработка со МВР го прават тоа на начин што полицаецот им наложува на вработените во ЈП да блокираат некое возило.
Од друга страна, МВР исто така нема законска можност да блокира возило, а за тоа дискутиравме тука, туку може единствено да го дислоцира доколку пречи во нормалното одвивање на сообраќајот.
Затоа, сметам дека МВР постапува незаконски во конкретната пракса која ја имаат во Струмица.
Фотографирав неколку такви примери по градот, и деновиве ќе напишам едно писменце до МВР за да побарам мислење од нив дали сметаат дека е тоа законски, согласно кој закон, и доколку не е по закон да престанат со таквата пракса.
Како граѓанин, секако имам право на тоа.
Ај те молам ако добиеш и кога ќе добиеш одговор пиши тука, баш ме интересира што ќе ти одговорат.
Низ Тетово ко луди трчаат по колине, да ти е страв да паркираш на место каде до вчера си паркирал.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Би замолил некој од Тетово да се распраша дали наплатуваат по некоја одлука на Советот, за поднесам иницијатива до Уставен па потоа да го приклучам и случајот на Тетово во Стразбур.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom