Ние плаќаме за паркирање, ни ставаат лисици, не дигаат со пајак - а за општинарите од Општина Центар - ПОВЛАСТИЦИ
Погледнете, прочитајте и уверете се дека општинарите немаат ниту образ ниту срам:
14 Мај 2012 година „Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ број 5 стр. 10
Врз основа на член 11 од Законот за јавните претпријатија /„Службен весник на РМ„ бр. 38/96; 09/97; 6/02; 40/03; 49/06 и 22/07; 83/09 и 97/2010/, и член 26 став 1 точка 12 од Статутот на Општина Центар-Скопје, Советот на Општина Центар-Скопје на 77-та седница одржана на ден 10.05.2012 година, донесе
О Д Л У К А
за давање согласност на Одлука за утврдување на цена на
повластена паркинг карта за физички лица вработени во Оштина
Центар-Скопје за јавното паркиралиште Општина Центар бр.07-717/4 од 27.04.2012 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие
Член 1
Општина Центар-Скопје, ДАВА СОГЛАСНОСТ на Одлука за утврдување на цена на повластена паркинг карта за физички лица вработени во Оштина Центар-Скопје за јавното паркиралиште Општина Центар бр.07-717/4 од 27.04.2012 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие
Член 2
Одлуката да се достави до Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи„ на Општина Центар – Скопје.
Член 3
Оваа Одлука влегува во сила од денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Центар – Скопје„.
Бр. 07-3625/10 ПРЕТСЕДАТЕЛ
10.05.2012 г. на Советот на Општина Центар-Скопје
С к о п ј е Владимир Здравев,с.р.