Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Пред неполн саат, таксист паркиран во Аеродром кај Палма. Му ставаат шепа дека не платил. Им приложува фискална сметка од продавница стара 5 минути. Што значи недајбоже да се свртиш отиде гзот. Аххх....
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.477
кога се десило ова жити се најмило???
секој ден бе брат : ) плус едно другарче работи во јаја паша и он ги гледа. значи обавезно секој ден има кревање таму...се сменија работите што посебно ме радува.
другаров вика стално у придружба со пајаците идел албанец џандар и ич не ги ебавал што се негови вика нема дискусија кревај и точка :D
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Неможам да сватам зошто се радуваш, ако може појасни.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.477
Неможам да сватам зошто се радуваш, ако може појасни.
затоа што до пред некое време такво нешто немаше, знаеја само на македонци да собираат коли и тоа коли кој само непрописно се паркирани без да сметаат на нормалното одвивање на сообраќајот. додека у јаја паша сметеале и сеуште сметаат паркираните коли за нормално одвивање на сообрачајот
се разбираме?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
затоа што до пред некое време такво нешто немаше, знаеја само на македонци да собираат коли и тоа коли кој само непрописно се паркирани без да сметаат на нормалното одвивање на сообраќајот. додека у јаја паша сметеале и сеуште сметаат паркираните коли за нормално одвивање на сообрачајот
се разбираме?
Утре ако почне власта да е*е македонци ќе ти е криво ако не е*е и албанци? Па наместо да се заложуваш никого да не е*е ти ќе се радуваш на албанците? Муабетов ти е на мене едното око, ама на комшијата двете...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Јас стварно не разбирам на што се радуваш... Зонашите се обични арамии, пљачкаши.
Тие дигаат најповеќе коли во близина на депото, не што се тука Македонци или Албанци, туку што им е поблиску за да направат повеќе тури.
Тие гледаат нормата да си ја исполнат, а нормата е до 120 возила за 24 часа.
Најмногу коли дигаат околу Клиничкиот центар, то се улиците Козара и 50 Дивизија, Околу објектот на Народната банка, Новата железничка станица, Потегот од Македонската радио телевизија, Економски факултет, Бит - пазар, еве сега ти викаш и Јаја- паша и низ Центар. Ретко кога Капиштец и Аеродром
Тие никогаш нема да отидат да дигаат коли во Бутел, Радишани, Драчево, не што мразат или сакат овој или оној, туку затоа што им е далеку и неможат да ги направат планираните тури
Тоа се нивните дестинации, а затоа не мисли за нив нешто друго освен дека се обични арамии...
--- надополнето: 26 јули 2012 во 22:24 ---

Браво...
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
И ОПШТИНА САРАЈ ВОВЕДЕ ЗОНСKИ СИСТЕМ НА НАПЛАТА

За паркирање на Матка - 30 денари од час

Скопјаните што викендов биле во посета на Матка останале шокирани кога здогледале новопоставени знаци за зонско паркирање. И тоа 30 денари од час ако сакаат автомобилот да го остават на паркингот пред кањонот. Посетителите се изненадени од ваквата одлука, затоа што тамошниот паркинг не е ни уреден по сите стандарди, дел е поплочен, дел е во прашина, а плус станува збор за излетничко место каде што граѓаните се задржуваат со часови. Воедно и споменик на природата, заштитено подрачје со ретки пештери и цркви.

Четири часа прошетка - 120 денари

- Ова нема смисла. За еден час паркирање земаат 30 денари. Јас дојдов овде да се рекреирам. Можеби и ќе се задржам не еден, туку четири часа, за што ќе треба да одвојам 120 денари. Дали ова е законски? Дојден сум овде да уживам, а не да мислам дека времето тече и дека наместо за пијачка или за јадење, треба да дадам за паркинг- се жали скопјанецот Борис Тодоровски кој викендов ја посетил Матка.

Од јавното претпријатие „Градски паркинг“ беа изненадени од информацијата дека овој паркинг се наплаќа.

- Ние не го стопанисуваме тој паркинг. Не е наш. Тоа најверојатно е Општина Сарај. Обратете се таму за да ви објаснат - одговори Владимир Kроневски, раководител на секторот за паркиралишта во рамките на Градскиот паркинг. Тој додаде дека за воведување ваков вид на наплата, потребно е локалната власт да има согласност од секторот за сообраќај на Град Скопје.

Општинските власти од Сарај не негираа дека го стопанисуваат паркингот и наплаќаат. Нивното објаснување е дека обезбедуваат средства за одржување на хигиената во делот на Матка. Одлуката ја донел Советот на последната седница.

- Ние претходно имавме договор со јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ да испратат свои работници за да ја одржуваат чистотата. До тоа не дојде, па моравме работата да ја преземеме во свои раце. Сепак, се работи за природна реткост која треба да се заштити и да се чува - објасни Бекир Муамети, шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати.

Постапката е законска

Муамети тврди дека целата постапка за донесување на ваквата одлука е законска. Вели дека имаат општинско претпријатие, кое освен за одржување на чистотата, каналите и водоводните системи има и проширена дејност, а таа е одржување на паркинзите и на јавните површини.

И директорот на претпријатието „Сарај“, Ќамил Kовачи е дециден дека нема никакви законски пречки да го стопанисува овој паркинг. И од Градот потврдија дека с` е законски.

- Ова претпријатие според статутот може да ја извршува и оваа дејност. И Општина Центар исто така веќе стопанисува одредени паркинзи. Не се работи за магистрална улица за да добиваме согласност од Секторот за сообраќај на Град Скопје - смета Kовачи.

Градските власти вчера не појаснија дали постапката на Сарај да го стопанисува овој простор е во согласност со законите и правилниците на Градот.

Директорот Kовачи информираше дека дел од паркингот е уреден и има капацитет за околу 50 возила. Планираат да го доуредат и останатиот дел.

Од кабинетот на градоначалникот, пак, објаснија дека имаат намера да постават рампа во делот кај автобуската станица на линијата со број „60“ за да не можат да одат возила до браната Матка.

- Има луѓе кои сакаат да пешачат. Не е во ред да поминуваат и автомобили. Пред с` тоа не е еколошки - потенцираше шефот на кабинетот, Муамети.
Анела Петрова

ајдеееееееееееее... со среќаааааааа
 
S

Stef Bachatero

Гостин

Точакот и до матка.Ем слабееш ем девојчиња повеќе :)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Точакот и до матка.Ем слабееш ем девојчиња повеќе :)
Кај сум слаб... развиен ко колец за патлижани уште тоа ми треба... - девојчиња моментално нетреба (глеам ти мн активен по девојчињава и тоа у последно време некако се по интензивно)

и од бутел до матка ако појдам со точак ке стигнам покасно....

накај септемви можда...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Минатата недела бев во Скопска чаршија имав нешто работа таму...И влегувам на зонскиот паркинг позади Мавровка и си барам место и нормално да платам преку СМС, кога гледам нема место ниту едно, све полно, а зонски паркинг...И гледам влагаат коли во еден подземен паркинг и еден човек застанат пред влезот им покажува со рака, а таму внатре уште двајца во подрумот... :D И стојам јас тука, се чудам кај да се паркирам и излегува еден од внатре од подземниот паркинг и ми вика девојче дај клучевите јас ќе паркирам, ти иди слободно кај сакаш...Му викам - до чаршија на кратко ќе идам...Вика - ако слободно, после симни се доле по колата...
И си излегов од кола на сред таа џунгла, му дадов клучевите и си отидов да си бркам работа...:D Се вратив после пола саат, идам доле, полутемница, коли паркирани врие, од кои половината со затемнети стакла и направено едно како за наплата, како пулт имровизирано и на една масичка може имаше едно 50 клучеви од коли...И кога ме видоа, одма едниот отиде да ми ја донесе колата, а кај другиов платив (иначе 40 ден беше за пола саат), ама и шовершајбна избришана и све...:D Ни фискална ништо не ми дадоа, ни потврда...Колата наместена за излегување и едниов ме прашува - дали сте задоволни од услугата? Викам- да, да фала ви многу...Вика - се трудиме да даваме услуга на ниво, светски... :D
После тоа дури идев накај работа си се смеев...Дефинитивно после мост е дива лига во Скопјево...

Е сеа за во Јаја Паша викате крева пајак, ама дали во Чаир крева и во Бутел 2...? :)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Јас стварно не разбирам на што се радуваш... Зонашите се обични арамии, пљачкаши.
Тие дигаат најповеќе коли во близина на депото, не што се тука Македонци или Албанци, туку што им е поблиску за да направат повеќе тури.
Тие гледаат нормата да си ја исполнат, а нормата е до 120 возила за 24 часа.
Најмногу коли дигаат околу Клиничкиот центар, то се улиците Козара и 50 Дивизија, Околу објектот на Народната банка, Новата железничка станица, Потегот од Македонската радио телевизија, Економски факултет, Бит - пазар, еве сега ти викаш и Јаја- паша и низ Центар. Ретко кога Капиштец и Аеродром
Тие никогаш нема да отидат да дигаат коли во Бутел, Радишани, Драчево, не што мразат или сакат овој или оној, туку затоа што им е далеку и неможат да ги направат планираните тури
Тоа се нивните дестинации, а затоа не мисли за нив нешто друго освен дека се обични арамии...
--- надополнето: 26 јули 2012 во 22:24 ---

Браво...
Не те разбирам, ни тебе, ни Костур. Човекот убаво вели, непрописно паркирани кои сметаат на одвивање на сообраќајот.
Не сум поборник на плаќање паркинг, но возила паркирани на улица а на нивна сметка невидена гужва тоа не е баш нормално. Без разлика дали паркираните плаќаат или не.
Од друга страна, изјавата на Костур Муабетов ти е на мене едното око, ама на комшијата двете ... не е муабетот чиво е окото, туку неговиот сопственик смета на илјадници жители кои таму циркулираат (а притоа совесно ги чуваат своите очи), па нека го вадат кога свесно греши зошто не.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За паркингот карши Рамстор се искарале, општинските и градските зонаши кој ќе наплатува јавува Вест.
Денеска разбрав и од граѓаните кои живеат таму, меѓусебно си ги ваделе таблите.
Прочитајте и насмејте се:
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=9AE3EC2448BF684DB3C98F72F26C2A6D
Во Дневник има напис за зонското во Сарај. Под тој напис има и коментар кој јас го напишав:
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=090A821C669A52449E191DEF38A14CE2
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.477
Утре ако почне власта да е*е македонци ќе ти е криво ако не е*е и албанци? Па наместо да се заложуваш никого да не е*е ти ќе се радуваш на албанците? Муабетов ти е на мене едното око, ама на комшијата двете...
не бе брат така викаш затоа што ти генерално си против кревањето на коли додека јас несум :)
секој заслужува да му биде крената колата доколку смета на нормално одвивање на сообраќај...значи мора да се има некој ред, што ке биде ако секој си застане каде сака? тоа за тебе е ок? епа ако за тебе е за мене не е, ти текнува :) истото е на Ленинова од причина што некој со добра кола сака да се курчи и да паркира пред кафич и оди ти од таму помини, размини се :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
не бе брат така викаш затоа што ти генерално си против кревањето на коли додека јас несум
секој заслужува да му биде крената колата доколку смета на нормално одвивање на сообраќај...значи мора да се има некој ред, што ке биде ако секој си застане каде сака? тоа за тебе е ок?
JП 99,99% колите ги дига не затоа што представуваат непосредна пречка или опасност за одвивање на сообраќајот, како што пропишува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, туку за да ќари 2500 денари за едно дигнато возило.
Тие во едно деноноќии дигаат до 120 коли....
Дигаат ноќе... А ноќе е многу слаб сообраќајот.
За тој што ќе застане каде сака, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени казни. Тие казни не се мали и се парични. За едно кривично дело не смее да казнува двапати, ниту казната смее да е поголема од таа што е предвидена со закон
А погледни го овој случај...
Ако не платиш за паркирање во зонско, ќе ти ја дигнат колата со пајак.
Ајде објасни, каква непосредна пречка за одвивање на сообраќајот представува возило кое е паркирано на јавно паркиралиште ако сопственикот не платил за паркирање?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom