Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Смрт.. Незнам колку би значел овој цитат законски, ама ако има некакво значение задолжително да го примениш во нареден поднесок ! ! !
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вечер јавува дека ЈП Паркинзи на Општина Центар за 50 илјади евра набавила смарт картички за своите 15 автомати. Испорачател наводно била некоја фирма Биг инвестмен груп, која единствено се јавила на огласот. Има ли некој представа колку смарт картички можат да се набават за толку пари.
Мене ова ми мириса на нешто друго....
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=16D03154A0EACB408142C1C121DF9F62

Дневник јавува за Зонско во Дебар маало
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D70993E0A6893B4DA531FCCDBEE102A3

Во Утрински вест дека кај ЈП паркинзи на Општина Центар може кој сака да се јави и да повика пајак - возило
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A8084ACCB4361447BD179194DE3BC95C
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.478
Вечер јавува дека ЈП Паркинзи на Општина Центар за 50 илјади евра набавила смарт картички за своите 15 автомати. Испорачател наводно била некоја фирма Биг инвестмен груп, која единствено се јавила на огласот. Има ли некој представа колку смарт картички можат да се набават за толку пари.
Мене ова ми мириса на нешто друго....
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=16D03154A0EACB408142C1C121DF9F62
и гарант фирмата е основана истиот ден кога се пуштил огласот :)
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Абе тие смарт картички не би требало да се поразлични од банкарските со чип, а мислам дека 300 денари беше. А дека само една фирма се има јавено сомнително.Еве нешто што пребарував за тоа име.

Централен регистар вика дека не постои таква фирма. Освен ако не е странска
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Oд септембри ЈП на Центар ќе наплатува со автомати јавува Утрински
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0C36EC7EABBC2F4E9D3DFA46C77383EE
како што е пракса кај нас неколкуте години уназад да копираме се што чини и нечини од комшилукот, а да при тоа не се води никаква грижа и да се нема обзир кон граѓаните- мене ВЕЌЕ ми мириса дека наскоро и ова од бугарите ќе најде примена и во Скопје

Од 1 септември за паркирање во строг центар ќе наплатуваат по 150 лв. годишно за - „сината“ зона.
По 100 лв. е годишната пропусница за поширокиот центар, кој спаѓа во тнр „зелена“ зона.

За втора кола лицата кои живеат во центарот плаќаат 450 лева за „сината“ зона и 300 лева за „зелената“. Има и месечна такса, којашто е за "сина зона" е 15 лв., а за "зелена" - 10 лв.

ЗАТОА И ИЗЛЕГЛЕ НА ПРОТЕСТИ(y)
http://www.dnes.bg/sofia/2012/08/16/protestite-sreshtu-parkiraneto-se-politizirat-smiata-fandykova.166290
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Одамна се плаќа во центар околу 6000 ден. кај зелено пазарче за станари со коли. Ова е цена со попуст, за второ возило е +3000 ден. за една година.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На 37 - Седница на Собранието на РМ, како 14 точка на дневниот ред е ставено предлог за измени на Законот за комунални дејности
http://sobranie.mk/ext/materialdetails.aspx?Id=906291fe-00c0-4aa9-b2fe-d8a757173e3d
Според овој предлог во член 5 како нова точка 17 е предвидено како копмунална дејност да биде:
17)Изградба и користење на јавниот простор за паркирање и на објектите кои се наоѓаат на тој простор.
Нека ни е со среќа. Сега општинските лешинари ќе можат да стопанисуваат и поштено заработуваат законски.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не знам дали забелешувате - ништо нема во весниците за зонско речиси три недели.
Инаку стално директорите на зонско ќе најдеа начин нешто да се пишува за нивното „ стапанисување и поштено заработување, правење ред и одстранување на хаосот “
Не знам сигурно, но мислам дека тоа се должи на овој мој коментар напишан во Утрински:
Смрт за зони и пајак возила, 09.08.2012 01:21:57
Oва е срамно и гнасно... Јас ова ќе го пратам во Стразбур.. Кој направил прекршок да го казнува некаква директорка која „ стопанисува и поштено заработува “, „ правејќи ред и одстранувајќи го хаосот “ Република Македонија е Правна држава.. има Устав има Закони... Во Законот за кривична постапка член 3 став 2 гласи: Кривичната санкција на сторителот на кривичното дело може со одлука да му ја изрече само надлежен суд во постапка спроведена според овој закон. Како не им е срам ... Има ли во Општина Центар барем еден правник. Слушнале ли тие за Habeas corpus
Инаку целиот напис и сите коментари можат да се прочитаат овде
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A8084ACCB4361447BD179194DE3BC95C
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Смрт... имаш една кардинална грешка во коментарот:
Не е тоа кривично дело, туку прекршок, за кој не е надлежен суд, туку орган на Управата, а тоа е, во конкретниот случај МВР...
Потоа, во втор степен по жалба суди Управниот суд...
 
Да, ама...
И за прекршок за кој е предвидено казнување по овластување ( мандатна казна ) е гарантирана второстепена судска заштита. И ова важи само за прекршок кој е однапред предвиден со закон
А директорката нема никакво овластување, таа го тоа прави за да заработи. А нема ни таков прекршок...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дневник пишува за автоматите на Општина Центар:
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=57D13EC317B3F8439AA8CB14F816BBEA

Знаете што слушнав, но немам потврда за таа информација
Пајаците на Општина Центар, не биле нивни, туку биле земени под кирија. Така да некој приватњак ги зема речиси сите пари.
Веројатно е така и за овие автомати
Ако некој знае нешто повеќе нека јави...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Следната среда Уставниот суд ќе разгледува Одлука за зонското во Куманово
Да видиме дали ќе има нешто ново
http://www.constitutionalcourt.mk/domino/WEBSUD.nsf

9. Член 23, 26 и 29 од Одлуката за јавни паркиралишта од значење на општина Куманово бр.07-5027/7 донесена од Советот на општина Куманово на 29 април 2010 година („Службен гласник на општина Куманово бр.8/2010).
(Реферат У.бр.57/2012)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Да знаете дека зонското паркирање во блокот од Илинденска од Владата до Фонтана, кон стадион е полуфункционално, односно, вработените се' уште не можат да казнуваат и не служат за ништо освен за заплашување. Ако паркирате на место кај што не може да влезе пајак, не може да ви пишат казна ниту, нели, да ви ја дигнат колата, а немаат ни блокатори на тркала. Теоретски може да викнат полиција и тие да ви пишат казна, но не им доаѓа никогаш и во суштина служат да земаат плата и да се зафркаваат со луѓето. Плаќањето се' уште е превара, ставени се таблите, си наплаќа, ама ништо друго не функционира. Џабе не тераа како станари да вадиме потврди кога се паркира кој стигне и креваат раменици велејќи "ние не може да пишеме казна, од пајак службата се зафатени". Така што, кога веќе се пикаат луѓе, да си знаете дека сега за сега можете да си паркирате по уличките и никој ништо не ви може.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom