Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

Член од
12 мај 2014
Мислења
236
Поени од реакции
422
Правилен си, ипак тоа што изгледа како пред 300-400 години е помодерно од тоа што се градело пред 50тина, а за продуктивност па муабет да не правиме...
Башка што ни го откри синдромот „се разбирам и за се сум стручен“.
И у право си бе другар, кажи им таму у централа се да рушат. Кај вреди за вакви говеда шо така ги учел системот барок да се прави ? Ма нека рушат се, у гомна да се давиме.

П.С. прекини да ги гледаш работите низ црвено-плава призма и сфати дека не се сите за едните или за другите ;)
Се гледа колку е продуктивен ГТЦ кога во зимно време убива и ждири од сите страни, па луѓе намерно влегуваат во продавници да се стоплат. И пред се е утнат во многу работи. Денес во Париз никој не оди да гледа стакленици, туку оди да ги гледа чудата на архитектурата направени уште пред 500 години.

Кога мене би ме прашувал јас сите куќи, станови и останато би ги градел во автентичен македонски стил. Што им фали на куќите во Крушево, Охрид, Велес? Ете во Англија се се гради по традицијата, Грција исто така, Франција исто така, Шпанија исто така и многу други земји. Кај нас новите куќи на што личат?
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Смешни сте со тоа колку ми платиле . Ај признај тебе колку ти платиле опозицијата да јадеш трици против? Видиш колку ти е бош муабетот? Не мора никој да ми плати нешто за да имам сопствено мислење.
никаде не јадев трици, провери ги моите постови, али твојот ептен ко од некој штаб да илегол, па морав да те прашам дали е тоа вистина?
него, велиш “ви изградиле“.............. од чии пари тоа? од нивни џеб? или се тоа пари од населението?
 
Член од
18 април 2008
Мислења
876
Поени од реакции
213
неможам ни да опишам колку ми е криво за стоилко... иако не одев често но сепак знаев да отидам еднаш месечно да се потсетам на старите времиња кога бев мал и кога со татко ми секогаш кога доаѓавме ни беше прва дестинација без разлика колку и да беше зафанат и секогаш ми остануваше барем пола сендвич и секогаш потоа го дававме на некој бездомник, потоа ми стана навика и никогаш немам изедено повеке од пола сендвич... но мемориите ми се послатки и поубави од секој сендвич на планетава... не можам ни да ги довршам мислите од солзи во очите па ќе речам само збогум чичо стоилко,збогум тато и фала за прекрасните спомени
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Јас не живеам во Бејрут. Живеам во Европа и се чувствувам како Европјанин. Бувњаци и кебапчилници не ме интересираат. На вас евтините фаци најдобар аргумент ви е тоа ’одете лепете плакати’. И, да лепам што те тебе интересира?[DOUBLEPOST=1403015114][/DOUBLEPOST]
E si me iznasmeal... kompleksi, kompleksi... Ti ne zivees vo Bejrut, sekako, ti zivees ocigledno vo LaLa Land... :pos:Kazi neka ve naucat barem da glumite nacitanost i nekoj IQ pogolem od brojot na cevlite, vaka kje ve karaat vo stab, ne ve biva ni za virtuelna kavga :pos:
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
И на пра-дедо ми му е мука што ги срушиле борделите од време на СХС али јбг..Озбилно 34 страни напишавте за 3-4 дотраени трафики.Ко прво незнам со кој памет у строг центар се дозволило вакви зданија да опстојуваат 50 години.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Реално ова што ни го уништуваат Скопје е претерано, треба малце ние како Скопјани, Македонци да реагираме и да им докажеме дека Скопје е само НАШЕ СКОПЈЕ!!!

Наше Скопје!!!.jpg
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.343
Поени од реакции
46.496
Отиде праисторискиот легендарен food-court на ГТЦ . Остана реата од ужегнат зејтин која ќе ги прогонува и поколенијата после нас.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.163
Астронаут, ај ќе речам ги тргнаа сендвичарите што по мене има и подобро решение, но лесно е да се биде категоричен за туѓите судбини. Ама за ГТЦ муабетот врска ти нема. Треба да знаеш од архитектонски аспект дека ГТЦ ги шие сите досегашни трговски центри првично по тоа што е од отворен тип, особено фактот дека е доста поширок од сите други пост-транзициски-отворени трговски центи као Буњаковец кој е според мене шлагот на неиспланираниот простор и секој кој бара некоја продавница во него, апсолутно се губи на толку мал простор. Башка да не збориме делот кој гледа на партизанска кој е тотално промашен затоа што вратите на сите продавници кога ќе ги отвориш целосно ја блокираат линијата на движење. Во гтц тоа го нема. Освен што се ствара гужва од несовесни граѓани кои им текнало во орди да си направат муабет на сред „крстопат“. другото си функционира беспрекорно. Реновација можда да, ама целосно менување на ликот и со тоа обезличување и менување на целосната практичност на стариот ГТЦ, тоа е веќе производ на умови кои тераат инает, без притоа да се ја мучнат малку црпката. Затворен тип? Ете ти го рамстор, ете го и Шити мол што викаш ти демек срање бил... Да не зборам колку такви затворени трговски изникнуваат од година во година... зарем потребно е и овој да го направат таков?
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
А бе имаше ли покултно место од коцка на плоштад? Разбирам оти ве тепа носталгија затоа што си имате спомени поврзани со местово, си имам и јас, ама сендвичариве според мене требаше да бидат иселени уште пред неколку години кога сите трафики низ градот ги снема. Или барем да беа реновирани и средени, да се организираа сопствениците и да играа на картата ова е дел од историјата на нашиот град. Ама на кој да му текне.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.546
Се гледа колку е продуктивен ГТЦ кога во зимно време убива и ждири од сите страни, па луѓе намерно влегуваат во продавници да се стоплат.?
Нели е болдираното поентата на постоењето на било кој трговски центар?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.163
А бе имаше ли покултно место од коцка на плоштад? Разбирам оти ве тепа носталгија затоа што си имате спомени поврзани со местово, си имам и јас, ама сендвичариве според мене требаше да бидат иселени уште пред неколку години кога сите трафики низ градот ги снема. Или барем да беа реновирани и средени, да се организираа сопствениците и да играа на картата ова е дел од историјата на нашиот град. Ама на кој да му текне.
Болдот и подвлеченото, ова е пак подобро решение од првичното донесено. Лесно е да се одземе нешто што едвај на жабри дишеше во последните 5 години.
Имаше и решение они сами тоа да го направат (газдите), но тука не би навлегувал кој, што како. Ако може Вегера да направи „подружница“ на секој мочан милиметар, ако никнуваат мучачоси, пицерии од по 70 денари, ако имаш Мекиците на Стража само за Драчевчанци да праат пауза коа идат за Сити мол, зашто да не им се даде место на овие 3 сендвичари...
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
А бе имаше ли покултно место од коцка на плоштад? Разбирам оти ве тепа носталгија затоа што си имате спомени поврзани со местово, си имам и јас, ама сендвичариве според мене требаше да бидат иселени уште пред неколку години кога сите трафики низ градот ги снема. Или барем да беа реновирани и средени, да се организираа сопствениците и да играа на картата ова е дел од историјата на нашиот град. Ама на кој да му текне.
По сликиве ако добро се приметува, планот е да се врати заедно со новава фонтана.
Нели е болдираното поентата на постоењето на било кој трговски центар?
Јок, у трговски се оди по лов на зајци и еребици :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom