Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891

Еве,на 3:30 за успомена и дуго сечање да си ја имате.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не го спомнав тоа јас, друг го спомна, јас само објаснив дека поновите генерации го изгубија тоа и за нив Чичко Стоилко ништо не значеше, колку и сега да сакаат да го пренапумпуваат со спомени.
Јебига има милион култни места кои згаснаа, ги споменав во претходниот пост, се тече, се се менува.
Мене нема да ми недостасува, посебно со фактот дека таму не јадев, плус се сомневам и во хигиената, ако го дислоцираат, ем тоа место ќе изгледа поубаво, ем похигиенски услови, ем и за вработените ќе биде подобро.
Како што гледам не сум ни јас само со тој став.
Не те спомнав нигде тебе.
Поентата ми беше дека тоа дали луѓето таму се договарале да се чекаат нема врска со тоа дали местото е култно или не. И не се впуштив во дискусија дали е исправно што се тргна или не, зошто тешко е да се одлучи меѓу прос и конс околу тоа.

И да, постовиве на @c i t r o ми изгледаат ко „Чичко Стоилко“ бизнисот да му го расипал, па сега слави зошто го тргнале :icon_mrgr:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.771
Поени од реакции
12.235
Добар број граѓани останаа без работа затоа што беа затворени најголем број трафики, сендвичари и дуќани, заради не знам какви причини. Основната причина за ЧС е
Киосците се збришани под образложение дека пречат при градежните зафати со кои ЕВН и ЕЛЕМ треба да добијат барокен лик.

Како што најави претходниот состав на Општина Центар, овие брендови наскоро ќе се заменат со 20 стилизирани сендвичарници со антички столбови во архитектонскиот стил кои ќе никнат на повеќе локации низ центарот на градот.
што е глупост. Да се дислоцираат само затоа што сметаат на една државна компанија и еден приватен странски монопол да се украсат. Но во ред, од ваква судбина како функционира градот, бегање нема па да се дислоцираат или да се наложи на сопственикот ГТЦ да ги реновира, уште некако разбирам. Да се сруши без да се дислоцира или реновира (мислам и за овие и за другите дуќани) е... Дополнителна тежина е план за градба на Офицерски Дом или Стар театар кои уште помалку значат некому. Што реално претставува Офицерски?
А дека било некој бренд за странците, што знам. Да не звучам како Д.К. но место на средби беше пред фонтаната, сегашното место помеѓу Жужу и Капијата на триумфот. Инаку голем број обележја, сврталишта или места на средби на скопјани одамна не постојат повеќе, можеби заради забот на времето, можеби затоа што младината поинаку функционира денес.
 
Последно уредено:
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Скопје го јаде Скопје. Колку и да ми е криво што е навистина така, морам да се сложам со реченицата.

Како настанале големите европски и светски метрополи, чии историски јадра и денес се простираат со километри во недоглед?

Едноставно – така што растеле во хоризонтала, односно новите градби се граделе покрајпостојните, на празните простори лоцирани во градската периферија. Поради тоа, во нив доденес ќе најдете кварт од средниот век, на кој се надоврзува кварт од времето на ренесансата, па на барокот, па потоа зона на градот од 19. век и современ дел од 20. век. Без разлика на тоа што и таму има многу случаи во кои поновите објекти биле инфилтрирани во постарите јадра – на местото на намерно урнатите постари згради, сепак може да се забележи барем некаква почит кон постојните градби, ако не поради културната или естетската, тогаш барем поради нивната економска вредност. Ова особено важи за периодот од 19. век па наваму, кога во современите напредни општества се појавува концептот на принципиелна и институционална почит и грижа кон градителското наследство.

Зошто Скопје не спаѓа во рангот на ваквите метрополи, наспроти тоа што во минатото било многу фалено како еден од најголемите и најубавите градови во овој дел на Европа?

Скопје не припаѓа во оваа група од една проста причина, затоа што во него новото не се градело покрај постојното, туку врз постојното, се разбира откако тоа претходнодо темел ќе се урнело. Затоа, историските фази на овој долговековен град не можете да ги согледате шетајќи од улица до улица и од кварт до кварт, туку копајќи длабоко во подземните археолошки слоеви, каде секоја негова постара историска фаза е погребана под темелите на поновата.

Зошто е тоа така?
Некој ќе рече дека за тоа се виновни земјотресите и војните. Но, древните објекти се многу подобро зачувани во другите соседни земји кои не биле помалку од нас подложни наземјотреси или војни, како на пример Грција, Италија и Турција. Причината лежи во еден друг фактор, многу подеструктивен и од војните и од природните катаклизми. Тоа е културниот дисконтинуитет, или принципот на непочитување на културното наследство. Конкретно кажано, животот и политиката во Македонија биле толку нестабилни и променливи што секоја деценија со неа владеел некој друг народ, друга династија и друг идеолошки систем, при што секој од нив се стремел да го негира затекнатото, уништувајќи ги сите негови материјални траги. Поради тоа и претходно изграденото се уривало или се оставало без грижа, само затоа што е туѓо односно припаѓа на некој туѓ народ, туѓа култура, туѓа вера и на некои туѓи цареви и кралеви.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.127
Поени од реакции
30.219
Добро, еве јас имам 23 години, се имаме чекано пред Фреш, ама исто толку често сме се чекале пред Чичко Стоилко. Јас уште одамна јавно истакнав дека незнам што е тоа политика и дека не се занимавам со неа. Но подобро ќе беше Чичко Стоилко како еден белег на Скопје да го реновираат и да останеше таму, одколку да ни ја ставеа портата која нема значење.
И не само Чичко Стоилко, туку и други градби кои имаат значење за нас и за постарите генерации можеа бар да ги реновираат, а не да ги рушат...... со смајлињата не искажав иронија, погрешно си сфатила, ти самата знаеш дека јас тебе како член те почитувам:)
Скопје би било јадно место ако една трафика-сендвичара му е обележје.
( ͡° ͜ʖ ͡°)
 

doorsi

Баџанак
Член од
26 мај 2014
Мислења
172
Поени од реакции
234
Отвори бизнис да ти го поебиме.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Доста им беше живот на тие сендвичари.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
јас.како граѓанин сакав да се затворат заради што квалитет нула. Услуга нула и кога ке се помножи со нула така им е . Ке ти даде сендвич како на куче, сите 4 беа исти.
Пред 3-4 дена стоено месото лепчето да непраиме муабет.
И подобро нека ги преместат на подобро место зошто така беа како трн на пат .
Сакаат на стара слава да печалат епа неможе тоа така . Од првиот газда до сега се имаат сменето газди персонал многу затоа Чао
 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Погаден сендвиџ од таму никогаш во животот не сум јадел, дури кога помислам ми се повраќа.
Rest in Peace Stoilko.
 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Се извинувам грешка во пишување. Сендвич е, знам.
СМЕШНО Е, НЕ ДА НЕ:pos:
 
G

garthok

Гостин
Реално ова што ни го уништуваат Скопје е претерано, треба малце ние како Скопјани, Македонци да реагираме и да им докажеме дека Скопје е само НАШЕ СКОПЈЕ!!!

Прегледај го приврзокот 95473
Баш ова што си постирал требаше првин да се руши, мислам си седнал некад на столициве у универзална? Прошлиот пат кога бев на оффест им врнеше на музичарите на бина. Башка салата е комплетен промашај без акустика изградена ради реда. Или пак за моб за кој што читав дека архитектот кога го видол финалниот резултат се самоубил (не знам колку е ова точно)
 
Ф

Флеш

Гостин
Баш ова што си постирал требаше првин да се руши, мислам си седнал некад на столициве у .иверзална? Прошлиот пат кога бев на оффест им врнеше на музичарите на бина. Башка салата е комплетен промашај без акустика изградена ради реда. Или пак за моб за кој што читав дека архитектот кога го видол финалниот резултат се самоубил (не знам колку е ова точно)
Ова кога ќе видиш сите објекти ти се полско веце со крпеници додаџено колку да издржат да постојат уште некое време,излишени со времето . Дојде време конечно да се средат,започнаа,протести да не се чепкало ... Дури за Универзална се жалеа да остане каква шо е,што е жалосно после децении,прв пат иницијатива за средување на проблемот,наеднаш реакции да не се чепка ... Фала Богу конечно мрдна од место да се средат местава ... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom