Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тие објекти не беа „на диво“, туку беа од времен карактер. Односно, прашање на време беше кога ќе се тргнат од таму. И нормално, веднаш протести, веднаш плукање...
Ова како е да позајмиш некому нешто, а кога ќе треба да ти го врати да се лути, да се кара...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.266
Поени од реакции
84.364
Тие објекти не беа „на диво“, туку беа од времен карактер. Односно, прашање на време беше кога ќе се тргнат од таму. И нормално, веднаш протести, веднаш плукање...
Ова како е да позајмиш некому нешто, а кога ќе треба да ти го врати да се лути, да се кара...
Така е. како што си е законот и редот, така нека биде.
Немој случајно нешто да напраиме надвор од законите и редот. Ова си е правна држава.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.402
Поени од реакции
16.601
Тие објекти не беа „на диво“, туку беа од времен карактер. Односно, прашање на време беше кога ќе се тргнат од таму. И нормално, веднаш протести, веднаш плукање...
Ова како е да позајмиш некому нешто, а кога ќе треба да ти го врати да се лути, да се кара...
Патем, се сеќавам кога многу одамна, ги дислоцираа времените објекти пред Војна болница...замисли , се огласи и Народниот Бранител... а некој да узурпира туѓа приватна куќа (имаше такви случаи) никаде го нема, ќе им каже бркај работа со адвокати и судови
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Убаво е да се напомене колку е селективна правдата, посебно за кога се работи за дислоцирање на објекти од времен карактер. Не дека ги бранам нешто Стоилко и сличните ним „загрозени“, но има еден мал милион кои останаа нечепнати. Само нека се помине кај градската автобуска станица, плоштадот кој со години наликува на вашар и смрди на загорен зејтин.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Така е. како што си е законот и редот, така нека биде.
Немој случајно нешто да напраиме надвор од законите и редот. Ова си е правна држава.
А колку години тие работеле како времени? Јас не сум агитатор за отстранување, ниту ми пречеа, но она што е времен објект јасно е дека не може да остане вечно.

И јас не правев споредба со други локации. За сите го мислам истото. На плоштад мислам дека нема времени објекти, туку само импровизирани тезги или нешто слично, кои не знам дали имаат дозвола за работа.
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
1.016
Поени од реакции
874
И Кале нека го рушат, Рекорд нека престане да работи и нека се избришат сите останати спомени, вредни локации, објекти и места кои се важни за граѓаните на град Скопје, како и воопшто за самиот град. Повеќе ништо нема да ме изненади. Ова е Дизниленд.
Јас секогаш сум бил прв за модернизација и развивање на културата на малку поинаков начин од досегашниот кај нас.
Меѓутоа, ова што моментално се изведува и случува во Скопје морам да признаам дека е претеризам и кич создаден во главата на поединци кои сакаат да перат пари и да ги полнат своите џебови на сметка на нацијата. Ова не е модернизација, ова е враќање во времето на дедо Ное.
Панорамски тркала? 4 брода (Арки)? Па дали се еб*но нормални бе?
Све во општина Центар е барок. Во кој век живееме бе? 17-ти? 18-ти?

Зградата на Комерцијална Банка во Центар е единствениот модерен објект...све останато е барок...
Па јас би ги замолил нека ја направат барок и нејзе зашто стварно е глупо така да стои како да не припаѓа таму...

Бристол? Дали некој гледа што се случува кај Бристол? Нема да коментирам многу околу тоа, затоа што тоа е најретардираната работа која можеа да ја изведат во Скопјево. И кога ќе ми каже некој „Што се жалат? Убаво им е во Центар, ги модернизираа...“.
Епа ти драг господине што живееш низ селата или во елитните скопски населби, доаѓаш на 5 минути колку да седнеш на кафе во Центар или да се журкаш во некоја дискотека. Ти немаш појма колку луѓето се гушат таму и немаат чист воздух. Сите паркови околу зградите ги скастрија бе, а да не зборам за тоа што треба само да кружиш во Центар за да стигнеш до саканата дестинација, затоа што место нема од кај да пројдеш. Смрдени запушени канализации, усмрдени патишта....КАТАСТРОФА!
Скопје се претвори во една поинтлес средина од аспект на таканаречената „модернизација“.

Стоилко беше врвот на ова идиотско „реновирање“ на Скопје. Што забога им требаше да ги уриваат сендвичарите? Гадно било јадењето? Не јаделе луѓето таму? Грозно било?
Е како бе јас кога ќе поминам од таму, стално имаше луѓе што јадат?
Што се тие луѓе? Животни? Како нив не им е гроза да јадат од таму? Како јас јадев од таму и се си беше супер? Можеби не е сега квалитет до даска, ама за да се најадеш ако си вистински гладен беше одлично.
Него знам јас што е проблемот. ЕВН треба да се прави во барок...затоа што тоа е поважно. ТОа носи пари во џебовите на големите наши „политичари“, а не Стоилко.
А најголемиот проблем на оваа земја е што надојдоа такви лигави генерации што ако им капне малце од мајонезот на ракавот од блузата ќе почнат да хистеришаат и да се „туфкаат“ ко шмизли. Да не зборам ако некое компирче од нивното хамбургерче не се допржило до крај....
Тогаш ќе биде „Леле не јадам веќе таму, леле одвратно е, леле утре мравки ќе најдам во сендвичот, живи им се компирите“ -.-
Од такви цепидлачења сум алергичен.
И демек на други места зејтинот го менувале додека пржеле помфрит....хахаххааха!

Зашто се заборавате бе луѓе дека секој не е во можност да јаде од Жужу и Вили? Па мајко му стара да имаме малку осет.
Ако јас земам поголема плата, не ми дава за право да зборувам како секој треба да јаде во Жужу затоа што јас јадам од таму!
Лесно е да трошиш парички од мама и тато кои ти ги даваат, ама повели земи работи и давај секој ден по 150 денари за да се најадеш во Вили или Жужу.
Ќе испадне дека треба да работиш само за јадење.
Па дури и да си премногу финансиски јак, срамота и греота е така лесно да се расфрлаш со пари и да не ја цениш нивната вредност.
Еве јас лично земав тостови во една од сендвичарите кај Стоилко. Истиот тој тост беше 3 пати подобар од оној загорениот во Жужу.
100 денари за 2 тостови, а во Жужу 100 и кусур беше за еден ако не се лажам и пак беше по катастрофа.
Омилен ми е хамбургерот во Жужу и многу јако ми прават, знам да си земам од таму повремено, но ако ми се јаде помалку, сигурно нема да давам 150 за да јадам таму...си земав хамбургер од сендвичарите кај Стоилко, по пристојна цена и задоволителен квалитет.

Воедно, лошата работа е што ако јадам кај Стоилко, не можам да направам Check In, затоа што ќе излезе дека јадам на улица и сите ќе ми се смеат на фејсбук и ќе мислат дека сум сиромав. А во Жужу нема врска што се седи надвор, битно се знае дека јадеш скап хамбургер.

Работава е само колку да се збори дека е гадно. Ако еден рекол дека е гадно, сите ќе викаат дека е гадно.
Зошто? Зошто сме „теле“ нација! Ако еден тргне на црвено во град, сите тргаат ете затоа!
Додека вие се карате како не чинело јадењето во сендвичарите кај Стоилко, 20 луѓе останаа без работа и не се во можност да си ги прехранат своите семејства. На сите им е гајле кога се работи за некој друг. Не за џабе рекле „Под туѓ г*з и 100 стапа се малку“.
Сега повелете и најадете се хамбургер во Центар за 70 денари, па макар и без помфрит.
Се понашаме и се расфрламе со пари ко да живееме со 2000 евра плата, а реалноста е всушност доста низок минимален стандард со просечна плата од 10.000 денари, а не од 18.500 денари како што велат искусните „научници“ и „статистичари“ во Македонија.
Некој воопшто нема пари за да касне од Жужу, и сега замислете како изгледа кога му го затворија местото од каде што може да се најаде дури и за 50 денари во Центар...

Битно ќе си имаме електромобили за прошетка низ Скопје, капии, бродови, панорамски тркала , куполи, споменици, градски плажи, фонтани итн.
Затоа ќе си имаме и високи сметки, скапа храна, скапо гориво, скапо образование, болници полни со бактерии и бубашваби (воопшто и катастрофално здравство), улежана администрација која не работи ништо, како и секако минимални плати далеку позади европските стандарди.

Срамота!
ЛЕГЕНДА :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom