Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Грди трафики кои одсекад ми биле одвратни и умирисани.Можеби значеле нешто за повозрасната генерација,ама не е тоа причина да седат уште 50 години.

Интересно е што секад на растојание од две до три години заборавав дека сум купил сендвиЏ од таму па пак се лажев да купам мислејќи дека е нешто посебен поради таа традиција што ја имала сендвичарата (мислев некоја рецептура на плескавица или мајонез останата во наследство) арно ама ништо посебно:unsure:
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Многу ганда храна, го грдат градот, местото не им е тамо. Само се расфрлуваше храна и губре на сте места. Фала богу веќе ќе се затворат. Не значи дека ако пред 50 години било убаво и популарно дека и денес е исто така и мора да седи.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Иако уште при самата најава за дисплоцирање/демонтирање давав силна подршка за ова место да се срамни со земја, а на страна сендвичите што се чиста катастрофа... сега кога ги гледам сликиве каде се бришат сендвичариве од историјата на Скопје потикна кај мене чувство на каење и искрено тага... еве една солза само што ми прокапна од оково.

Можеше и дефинитивно мораше да се најде алтернативно решение, не можеш туку така нешто да уништиш, тоа место си има своја историја своја генеза... ќе се најдеше чаре, ќе се редизајнираа објектите, тоа џукелите успиј, тоа циганите што смрдат и просат протерај можеше да заличи тоа место на нешто, вака покажуваме дека сме жртви од синдромот на самоуништување.
Кога ќе огладнев, а во моментот сум се нашол во Центар објектот што е до Чичко Стоилко беше првата моја дестинација, во принцип не експериментирав земав хот-дог/хамбургер и секогаш кога ќе ја прашав тетката уште колку време им останало само со нем поглед ќе ми возвратеше...
На жега од 40 степени тие дрчните за пари неофашисти неокапиталисти маму им ебам ја оставаа женава да дамлосува на топлото ѓубрињава не се потрудија едно вентилаторче да набават, пичка им ли материна јебем им племе сендвичарско транзиционо профитерско!
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
И Кале нека го рушат, Рекорд нека престане да работи и нека се избришат сите останати спомени, вредни локации, објекти и места кои се важни за граѓаните на град Скопје, како и воопшто за самиот град. Повеќе ништо нема да ме изненади. Ова е Дизниленд.
Јас секогаш сум бил прв за модернизација и развивање на културата на малку поинаков начин од досегашниот кај нас.
Меѓутоа, ова што моментално се изведува и случува во Скопје морам да признаам дека е претеризам и кич создаден во главата на поединци кои сакаат да перат пари и да ги полнат своите џебови на сметка на нацијата. Ова не е модернизација, ова е враќање во времето на дедо Ное.
Панорамски тркала? 4 брода (Арки)? Па дали се еб*но нормални бе?
Све во општина Центар е барок. Во кој век живееме бе? 17-ти? 18-ти?

Зградата на Комерцијална Банка во Центар е единствениот модерен објект...све останато е барок...
Па јас би ги замолил нека ја направат барок и нејзе зашто стварно е глупо така да стои како да не припаѓа таму...

Бристол? Дали некој гледа што се случува кај Бристол? Нема да коментирам многу околу тоа, затоа што тоа е најретардираната работа која можеа да ја изведат во Скопјево. И кога ќе ми каже некој „Што се жалат? Убаво им е во Центар, ги модернизираа...“.
Епа ти драг господине што живееш низ селата или во елитните скопски населби, доаѓаш на 5 минути колку да седнеш на кафе во Центар или да се журкаш во некоја дискотека. Ти немаш појма колку луѓето се гушат таму и немаат чист воздух. Сите паркови околу зградите ги скастрија бе, а да не зборам за тоа што треба само да кружиш во Центар за да стигнеш до саканата дестинација, затоа што место нема од кај да пројдеш. Смрдени запушени канализации, усмрдени патишта....КАТАСТРОФА!
Скопје се претвори во една поинтлес средина од аспект на таканаречената „модернизација“.

Стоилко беше врвот на ова идиотско „реновирање“ на Скопје. Што забога им требаше да ги уриваат сендвичарите? Гадно било јадењето? Не јаделе луѓето таму? Грозно било?
Е како бе јас кога ќе поминам од таму, стално имаше луѓе што јадат?
Што се тие луѓе? Животни? Како нив не им е гроза да јадат од таму? Како јас јадев од таму и се си беше супер? Можеби не е сега квалитет до даска, ама за да се најадеш ако си вистински гладен беше одлично.
Него знам јас што е проблемот. ЕВН треба да се прави во барок...затоа што тоа е поважно. ТОа носи пари во џебовите на големите наши „политичари“, а не Стоилко.
А најголемиот проблем на оваа земја е што надојдоа такви лигави генерации што ако им капне малце од мајонезот на ракавот од блузата ќе почнат да хистеришаат и да се „туфкаат“ ко шмизли. Да не зборам ако некое компирче од нивното хамбургерче не се допржило до крај....
Тогаш ќе биде „Леле не јадам веќе таму, леле одвратно е, леле утре мравки ќе најдам во сендвичот, живи им се компирите“ -.-
Од такви цепидлачења сум алергичен.
И демек на други места зејтинот го менувале додека пржеле помфрит....хахаххааха!

Зашто се заборавате бе луѓе дека секој не е во можност да јаде од Жужу и Вили? Па мајко му стара да имаме малку осет.
Ако јас земам поголема плата, не ми дава за право да зборувам како секој треба да јаде во Жужу затоа што јас јадам од таму!
Лесно е да трошиш парички од мама и тато кои ти ги даваат, ама повели земи работи и давај секој ден по 150 денари за да се најадеш во Вили или Жужу.
Ќе испадне дека треба да работиш само за јадење.
Па дури и да си премногу финансиски јак, срамота и греота е така лесно да се расфрлаш со пари и да не ја цениш нивната вредност.
Еве јас лично земав тостови во една од сендвичарите кај Стоилко. Истиот тој тост беше 3 пати подобар од оној загорениот во Жужу.
100 денари за 2 тостови, а во Жужу 100 и кусур беше за еден ако не се лажам и пак беше по катастрофа.
Омилен ми е хамбургерот во Жужу и многу јако ми прават, знам да си земам од таму повремено, но ако ми се јаде помалку, сигурно нема да давам 150 за да јадам таму...си земав хамбургер од сендвичарите кај Стоилко, по пристојна цена и задоволителен квалитет.

Воедно, лошата работа е што ако јадам кај Стоилко, не можам да направам Check In, затоа што ќе излезе дека јадам на улица и сите ќе ми се смеат на фејсбук и ќе мислат дека сум сиромав. А во Жужу нема врска што се седи надвор, битно се знае дека јадеш скап хамбургер.

Работава е само колку да се збори дека е гадно. Ако еден рекол дека е гадно, сите ќе викаат дека е гадно.
Зошто? Зошто сме „теле“ нација! Ако еден тргне на црвено во град, сите тргаат ете затоа!
Додека вие се карате како не чинело јадењето во сендвичарите кај Стоилко, 20 луѓе останаа без работа и не се во можност да си ги прехранат своите семејства. На сите им е гајле кога се работи за некој друг. Не за џабе рекле „Под туѓ г*з и 100 стапа се малку“.
Сега повелете и најадете се хамбургер во Центар за 70 денари, па макар и без помфрит.
Се понашаме и се расфрламе со пари ко да живееме со 2000 евра плата, а реалноста е всушност доста низок минимален стандард со просечна плата од 10.000 денари, а не од 18.500 денари како што велат искусните „научници“ и „статистичари“ во Македонија.
Некој воопшто нема пари за да касне од Жужу, и сега замислете како изгледа кога му го затворија местото од каде што може да се најаде дури и за 50 денари во Центар...

Битно ќе си имаме електромобили за прошетка низ Скопје, капии, бродови, панорамски тркала , куполи, споменици, градски плажи, фонтани итн.
Затоа ќе си имаме и високи сметки, скапа храна, скапо гориво, скапо образование, болници полни со бактерии и бубашваби (воопшто и катастрофално здравство), улежана администрација која не работи ништо, како и секако минимални плати далеку позади европските стандарди.

Срамота!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Не ми е јасно зашто сите кукате дека ги срушиле бутките кога беа диви и кога за нивно рушење се збори сигурно 10 години ако не и повеќе.


Зашто газдите на тие сендвичари не се потрудија да ги релоцираат истите некаде? Ако добро памтам, имаше до пред Х време слободен простор кај сегашен Жужу бургер, до него кај што беше тобакото па и карши сендвичарите просторот им беше слободен од кога се затвори бурекџилницата.
Него сега ќе се жалат како државата им направила ова или она.

Мене едино ми е жал за вработените таму, за сендвичариве ама ич не ми е гајле пошто е апсолутен безобразлук и права македонштина.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Него нејќете да знаете колку е киријата на Жужу малото на влезот/излезот од ГТЦ. Ако некој погоди му го отстапувам модераторското место :rolleyes:
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Него нејќете да знаете колку е киријата на Жужу малото на влезот/излезот од ГТЦ. Ако некој погоди му го отстапувам модераторското место :rolleyes:

300 денари?

:)
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
167
Се е старо, се нека срушат. Сите старци над 70 години нека ги потепаат, го грдат градот како може така. Ваква модерна нација како нашата мора да има метропола од мермер бе, мора марка да се носи, мора да сија се околу нас. Камени мост, глупости, клошарска работа со камења, мислам на кој може да му се свиѓа такво нешто. Стави си бе мост со барокче, лед диоди, музика. Нема везе историјата, ако не им чинат хамбургерите уништете ги сендвичарите, кој ги ебе што датираат со децении уназад кога сегашните кич силувачи на Скопје не биле ни у план, тоа не ги спречува планот на Скопје да го сјебат.
Жал ми е за се мои драги сограѓани,
Скопје срам ми е што сум свесен и жив во твојот најлош период од модерната историја... извини.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Луѓе гледам некои налепници по градов дека Нино повторно е отворено или ќе се отвара.

Јас тргнав по налепници кои беа истакнати од старата локација на Нино,и имаше стрелки се до наплатниот центар на ЕВН т.е спроти влезот на комерцијална банка.Тука завршува се.Дали знае некој дали е отворено повторно Нино или допрва ќе се отвара.

Многу ми фали!Пред некој ден јадев во Жужу.Ми се згади упм.Најлошо до сега.Веќе не им одам таму,па добро би било ако го отворат Нино
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Луѓе гледам некои налепници по градов дека Нино повторно е отворено или ќе се отвара.

Јас тргнав по налепници кои беа истакнати од старата локација на Нино,и имаше стрелки се до наплатниот центар на ЕВН т.е спроти влезот на комерцијална банка.Тука завршува се.Дали знае некој дали е отворено повторно Нино или допрва ќе се отвара.

Многу ми фали!Пред некој ден јадев во Жужу.Ми се згади упм.Најлошо до сега.Веќе не им одам таму,па добро би било ако го отворат Нино
Отворено е другар баш преку ден поминав таму.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Јас видов табла од Нино вчера во пролазот кон ГТЦ од страна на кеј. Ама сендвичарата не ја видов.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Јас видов табла од Нино вчера во пролазот кон ГТЦ од страна на кеј. Ама сендвичарата не ја видов.
Најдено вчера.Се наоѓа во гтц позади,спроти глобал менувачницата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom