Не. Минатото е крој на мојот лик во почетокот на развивањето па се досега. Минатото е крој на личноста која сум бил,додека не сум станал онаа што сум. Понекогаш ќе сакав да се вратам на деновите кога велев гу-гу,или кога ќе дојдеше некој на гости кај мајка ми и таа ќе кажеше ајде сега отпеј песна а јас срамежливо ќе потрчав кај мајка ми и ќе се галев,божем да види колку сум воспитан,а уствари тој беше акт на срамежливоста од кој не знаев како да се извлечам. Ми недостигаат многу моменти со неа,со двата дедовци,со двете баби. Ми недостигаат советите кои ми ги даваа за моето срце да остане такво какво што беше,но сето тоа исчезна,а јас без совети почнав да учам од моите грешки,додека моето срце не се гледа ништо освен едно кило "фластер"
И покрај тоа што сето тоа ми недостига,еден ден и јас ќе бидам минато,и некој ќе се научи да живее без мене. Тоа било судено да биде така и тоа било мојата судбина. Не велам дека се потпирам токму на тоа дека судбината ќе ме одведе кај што сум бидејќи судбината излегува преку тоа што правам,ама знам дека секоја глупост што ја направив во минатото,и секое добро и секој чекор,и секој збор...се што сум направил во минатото влијаело врз тоа што станав денес. Така да не жалам за минатото,бидејќи така требало да се случи и ни сега,ни никогаш нема тоа да можам да го сменам :helou: