Крстозбори. Обожавам. :wub:
Мајка ми секој понеделник купува Дневник, а на моја радост со него доаѓа и ТЕА крстозбор. Прво го решавам судокуто, после скандинавките, и прилично добро ми оди. Не ѕиркам во решенијата, педерски ми е. Ако ѕирнам, не се осеќам исполнето после кога ќе ја решам

Од крстозбори имам научено еден куп турцизми, заборавени актери, италијански фудбалски стручњаци и села во струшко :Р
Исто ги сакам и белите крстозбори, интересно ми е сама да ги барам црните полиња, а чат-пат ги решавам оние “Трајко нема сопруга Менка која вози или тротинет или ролшуи, одреди што вози Митко.“
Најтиње ми се оние крстозборите кај што описите за поимите се од страна под редни броеви, нема акција во нив, додека да најдам кој поим кај да го напишам, ми поминал ентузијазмот

И осумнасочници не решавам, за мене нема ништо интересно да бараш збор во маса букви.
