Ги обожавам. Омилени ми се осумнасочниците
Посебно е супер кога решавам на некој досаден час во школо кога нема што да се прави. Ми се случило во 1 часот по полноќ од трафика да купувам крстозбори за да има со што да се занимавам кога ќе се вратам.
Ете дури и на нет ги праќаат по mail, го очекувам пакетот на почетокот од месецот.
Еве нешто едукативно:
Видови крстозборки
Ова се основните видови крстозборки. Во енигматските списанија можат да се најдат и слични варијанти.
Скандинавките се најрешаваните крстозбори кај нас. Практични се за решавање бидејќи описите се поставени во самата крстозборка, па не мора да ги барате во нумерираната листа.
Речиси секогаш има и фотографија на некоја позната личност чие име и презиме се содржи некаде во крстозборката. Ако не можете да ја препознаете личноста од фотографијата да ја откриете во текот на решавањето.
Италјанките (бели) крстозборки се разликуваат од скандинавките по тоа што темните полиња треба самите да ги откриете во текот на решавањето.
На работ од крстозборот стои број кој означува колку вкупно такви темни полиња постојат во редицата/колоната.
Главниот белег на
симетричните крстозбори е се разбира нивната симетрија. Обично симетријата е во однос на дијагоналите, но има и крстозборки кои имаат хоризонтална / вертикална симетрија.
За да се задржи симетричниот изглед описите се наоѓаат подредени по броеви.
Осумнасочникот претставува поле од букви во кое во една од осумте насоки се кријат зборовите од листата. Откако ќе ги најдете сите зборови, останатите неупотребени букви формираат повторно некој збор.
Волшебните ликови се крстозбори со мали димензии, и карактеристично е тоа што секој збор се појавува два пати, еднаш вертикално и еднаш хоризонтално.
Извор