Едно дете-предност или недостаток?

Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Пред две години можеби ќе речев дека е предност да се единец. Макар што и тогаш ќе се двоумев.

Сега знам дека на некој начин е предност. Имам некој на кој можам да му кажам апсолутно се, некој во кого имам целосна доверба и некој за кој знам дека ќе ми помогне во било кое време без никакви очекувања за возрат на таа услуга.

Разликата во години ни е мала ама мора да си признаам дека како и кај сите така и кај мене се јавила детска љубомора. Но, моите никогаш не покажале дека за едниот мислат повеќе отколку за другиот. Секогаш сме биле еднакви за се.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Што мислите,само едно дете во семејството е предност или недостаток, затоа што знаеме од една страна каква е финансиската состојба за повеќе деца ,а пак од друга страна се зборува дека најчесто едно дете во семејството значи дека тоа ќе биде разгалено, себично, скржаво итн....па кој е вашиот избор и вашето мислење.
Сепак зависи од начинот на која ке биде воспитано, претпоставувам. Јас имам една другарка која е единица и која си мисли дека родителите се треба да и удоволат, само затоа што е една. Не се лишува од никакви глупости, а сочуството и толеранцијата кон другите и се на нула. Не знае да дели, екстремно е себична. Ама сепак кажав само пример. Ова не мора да биде случај со сите деца кои се единици.
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Samo edno dete? Najgolem hendikep.
Razmislete za toa kakvi se Vasite drugari i prijateli koi se edinci i tie sto se poveke. Analizirajte i ke vidite deka ima razlika - vo se.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Недостаток!
Нека зборат шо сакаат, ама разумот меѓудругото дефинитивно ти добива еден специфичен сјај кога си единец.

Оther than that, си имаме сите траумички ;).
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Од една страна многу е поубаво да имаш две деца, некако ко поисполнет ти е животот, а додека неубавата страна е ако родителите не се доволно способни да им пружат повеќе можности за факултети и сл., а и за препишвењето на имотот ќе се јават многу караници:D:D:D
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Недостаток...

Барем на своја кожа си знам...
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
јас сум едно дете!и многу ми е глупо сега кога прочитав „недостаток‘‘!па и незнам баш дали е вистинскиот збор???
можеби не е ни предност,но недостаток?
јас сум единец!и не сум ниту себичен ниту размазен!за тоа не сум свесен само јас,туку уште многу луѓе ми го имаат кажано тоа!мислам дека тоа е ствар на воспитување!јас познавам многу луѓе кои не се единци а се размасени до бескрај!
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Од луѓето што ги знам и што се единци сум ептен разочаран,лигави,СЕБИЧНИ,размазени!
Може е до воспитувањето,може се знам со погрешни единци али јас таков впечаток имам добиено,значи според мене е недостаток!
Се расправам со брат ми се случува и да не му зборам неколку дена,но кога и да му затребам или да ми затреба знам дека ќе му се најдам или ќе ми се најде и тоа повеќе од добар пријател!
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
125
Поени од реакции
0
Куќата би изгледала преубаво да е полна со деца.
 
Член од
11 ноември 2007
Мислења
25
Поени од реакции
0
spored mene edno dete e nedostatok bidejki skoro site deca edinci se porazgaleni, sebicni a nekoi i ne mnogu komunikativni. bar ja taka si mislam
 
V

Viktoranius

Гостин
Јас мислам дека единец е недостаток. Би сакал да имам 2 деца, едно машко и едно женско.
Машкото ке ми тренире фудбал, а женското што сака нека тренире.:pos2::pos2::pos2:

Сега на озбилно...Многу сакам да имам пред се две деца, барем кога не успеав јас во некои работи нека успеат моите деца, без разлика дали ке се машки или женски.:smir:
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
па според мене е ГОЛЕМ недостаток.јас лично имам поголема сестра и сум многу многу поблиска со неа отколку со сите другарки и кога ми е тешко знам дека таа најмногу ке се потруди да ме развесели и да ми помогне.Многу би ми било потешко во животов ако бев сама,без неа
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
дефинитивно недостаток!
подобро е да си има братче или сестриче да може се да си дели со него....да си помагаат....
познавам повеќе единци и стварно гледам дека се поинакви од оние кои имаат брат или сестра...(ова релативно е значи не кај секој)
на пример се ептен разгалени, посебични, не знаат да делат со некого нешто..... сметам дека подобро е 2-3 деца , одколку 1...само...:(
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Едно дете е недостаток.Најчесто тие деца што се сами се рагалени,научени се да добиваат,и не знаат да делат работи.Многу е подобо ако имаш брат или сестра,ако сте неколку години разлика,па да можите заедно да го делите детството,да има од кој да побараш совет,да имаш некој близок на кој можиш да му кажиш било шо и да ти дај искрен совет.Секако има предност и да си едно дете но од друга страна.Кога е некој сам,родителите можат поќе да му овозможат,а кога се две деца тогаш средствата треба да се делат на пола итн.
 

Britney'85

I'm sad...love me!!!
Член од
19 декември 2007
Мислења
135
Поени од реакции
2
Neznam zosto smetate deka e nedostatok da nemas ni brat ni sestra.Jas sum sama (bez brat ili sestra) i mnogu mi e poubavo.I ne se soglasuvam so toa deka tie sto se sami se sebicni.Da imam (primer) dve kocki cokolado ke gi podelam so toj sto ke se najde do mene,imalo i slucai koga sum dala pari na drugarka da jade a jas sum ostanala gladna.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom