Ола кеј,
Прееска станав кај еден саат и после некое време се решив да глеам филм на тв.Пуштив лабаво сител 3 и гледав филм кај што главниот лик цело време се буди на 2 февруар без разлика што и да направи.Мислам дека човекот за време на филмот научи да плива, да резба ледени скулптури, да ги спасува сите што треба да умрат тој ден , да знае кој што ќе му каже и така натака.Издржав само 1 саат и мислам дека главата више ќе ми пукнеше од очен притисок поради мизеријата од филм.Таква е уствари и нашата ситуација у државава.Се будиш секој ден исто и ништо не ти се мења се додека не си отидеш од тука.Се испокарав и со мајка ми , без факултет си бил идиот и што ти ја знам.Гледам овие со пет факултета и три докторати ружи им цветаат(чест на исклучоци кои стварно си ги заслужиле дипломите и си ги чукаат главите ради тие што им се може па имаат).И така сеа влагам на еден маратон на серија додека не сфатам што ќе правам во животов и како да барам излез зошто реално не ми се учи и ваљда сум идиотчина или не знам веќе што да мислам.Има инфлација на дипломи , секој втор има по три ко сликички од албум онаа главнана светкавана што ја имаш па се фалиш со нејзе и ја даваш за 5 обични.А уствари благе везе нема, ти ако вредиш и си паметен нема да ти треба диплома.Ама има и контрадикција на ова ако си паметен ќе си завршиш и факултет и нема да правиш се друго освен да учиш.Не знам стварно веќе у тежок ќорсокак сум , само ради тоа што не знам што сакам да постигнам во животот за да седнам и да си го испотам гзот за да стигнам до тоа.