Не е со другариве да гледаш филм. Едниот секогаш нагласува Ако немат ебење во филмов не го глеам, другиов се дере Скости се море тука и чути да го гледаме филмов, и што е најтрагично ги преспива сите филмови и на крајот се буди со "да ти ебам глупиот филм убо шо не го гледав".
Така и вчера, не одеше вечерта затоа што филм кој во насловот има Sex, немал ебење во него, па се префрливме на Спорт клуб да гледаме Спортинг со не знам кој, и тогаш ми текна дека секогаш кога ќе отворам билтен, особено кај португалско, секој ебан викенд ми се чини како да играат Рио Аве - Сетубал и Есторил - Брага, и истиот случај ми е за Гент - Генк и Јагодина - Војводина. И си велам, ко мал мислев, како и сите други деца, дека еднаш ќе одам во вселената, или па ќе станам археолог (гледав некоја емисија на тв), дека кога ќе пораснам, ќе се дружам со сомнителни уметници кои ќе ми даваат курс по декорирање цвеќиња негде во Јужна Америка, а наместо сето тоа еве ме овде во ова секојдневие каде несакајќи и не по моја вина, главата ми е полна со неважни информации.
Единствено прибежиште од секојдневието во Охрид ми се разговорите со една постара библиотекарка која пред некој ден ми рече Џими единствено во животов ми е страв дека нема да стигнам да ги прочитам сите убави книги. Не знам, и реков, мене пак ми е страв дека животов ќе го потрошам во читање.
Откако го изгледавме филмот и заврши Спортинг, едниов другар станува и ми вика - Џими преска ме болеше левава нога, сега ко станав, деснава ме болит. - Изгледа болката се пренесвит од колено на колено, му велам и прскам во смеа, и се смеам погласно од обично, а и имам заприметено кај повеќето луѓе дека своите шеги секогаш си ги вреднуваат повеќе. И онака
@Меган не се смее на мои шеги, па морам за двајца.
Понекогаш имам очајна потреба да не бидам скромен.