Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.141
Поени од реакции
11.770
Време беше да ја испратиме старата ДК во вечните форумски почивалишта. Премногу испишани страници со секакви мислења, муабети и фаќање сеири.

Во новава Драга Кајгана, нема да толерираме ништо од горе наведеното. Оригинално, замислата е таа да биде вашиот виртуелен дневник, ваше место каде можете да си кажете се што сакате, да се испукате, да се жалите, да истурате фрустрации, да споделувате среќни моменти, успеси, падови, разочарувања, љубови. Без притоа било кој да ви реплицира, да ве надополнува, да ви фаќа кусур за напишаното.

Повелете, драги мои кајганџии! Навалете со пишување постови од срце!
 
Последно уредено:

Saber Rider

Модератор
Член од
27 ноември 2007
Мислења
26.919
Поени од реакции
46.888
Се надевам само старата ДК нема да биде избришана, ќе отиде во архива, за да можам да си ги читам постовите како од старите теми од овој тип :icon_mrgr:

Зборот дневник во насловот, ме потсети на филмов кој го гледав вечерва. Го фатив крајот од Робинон Крусо, кој го гледам по милијардити пат :icon_mrgr: Значи не можам, секогаш вакви филмови, прават да имам некое посебно чувство на душава. Празнина дека никогаш нема да искусам такво искуство, и идеи за некои авантури кои барем малце ќе ја залечат таа празнина. Нови идеи, нови мотиви за живот :cool:
Си гледав со мајка ми заедно. Се натпреварувавме кој памети повеќе сцени од филмот. Ја утепав :гик:
Јас не гледам нови филмови, од 2000 наваму немам 5 филма изгледано, ама затоа постарите филмови ги владеам :icon_mrgr:
Петко го утепаа на крај, аххх фрајдеј...

Темава да ја одбележам со денешните спортски активности. Секојдневното трчање, го надпололнив со 2 истрчани километри, па без пауза следуваше 2 часа играње баскет, пауза 15 минути и одење 16 километри за 3 саати без пауза :icon_mrgr:
Нормално во целава оваа приказна место најдоа крофните од Хром :нинџ: Откако ги откривме, сто пати јадев крофни, а ги испробав и пиците и ѓевреците. Нот бед :свиркам:

п.с. од задња 57-ца трештеше мојот хит од последниве месеци.
Да ја отворам темава со него :D

п.п.с. јас сум и втор на кајги! Пржинци со one-two победа :icon_mrgr:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.150
Поени од реакции
181.232
Аааа фреш старт, ме густа :) Здраво нова ДК, здраво нов кластеру од Кајгана Western Digital Caviar Blue 500 GB хард дискот, се надевам дека ние форумџиите ќе имаме многу среќни моменти тука кај тебе. Сега ќе ставам линк до старата тема во постот на бубамарата :coffee:
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
842
Поени од реакции
1.775
Драга мирисаш на ново, на чисто...не за долго не се радуј за џабе.
Ја шо праам? Шо ти е гајле?
Те трујам тебе драга моја многу ми е убо...
I was made for this....
Еве ти еден оргазам уживај и ти со мене...
2014-07-06 18.56.27.png

Ај идам да трчам морам да бидам згоден за тебе...

ПС. Не треба да иде Волта, Џонтра Волта?? :D
 
Последно уредено:
Член од
25 јуни 2013
Мислења
500
Поени од реакции
199
драга кајгано, охх ми се плаче кога ми текне дека сега 1ва година веке нема да бидам со школските уфф многу ми е жал :(
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
5.117
Поени од реакции
5.981
Драга како она ко ќе се истрижеш, СЕФТЕ!
И сеа со новава фризура поќе да даваш...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
11.427
Поени од реакции
10.290
Стара или нова сеедно, ДК си е ДК.

Само сакав да ти кажам дека деновиве планирам да одам во село на недела-две да се одвикнам од ова мрцинскиов живот, скитај до 2-3 дојди дома седи на компјутер до 4-5 и спиј до пладне:facepalm:
Плус и дедо ми сам живее во село па супер ќе му дојде друштво мислам, ваљда нема да го замарам човекот :icon_mrgr:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.608
Поени од реакции
2.614
АЕеее тапа
Одма почна носталгија да ме фаќа
 
Член од
23 август 2010
Мислења
30.471
Поени од реакции
70.543
А ја па се ставив специјално на ФБ за да прашам зошто е затворена темата ДК, оти знам напишав пост пред пола саат и гледам наеднаш затворена. :confused: Али не требаше да прашувам, гледам у нови теми дека има нешто за Ди Кеј во ново издание. :D

Добредојде нова Кајгано :cool:

Иначе у голема дилема бев дали да прифатам да работам месец, месец и пол кај еден комшија во фирма, онака привремено пошто му требал човек и на крај се одлучив да не го сторам тоа. Едноставно мислам дека ќе ја заебам августовската сесија со работава, оти знам дека после работа сигурно нема да ми се учи, а и познавајќи си го методот на учење знам дека нема теорија да постигнам и работа и учење, бидејќи учам стрикно навечер, од 11-12 па се до раните утрински часови. Малце ми е глупо ради моите, може мислат дека сум мрза или слично, али јас мислам дека го направив вистинскиот потег што го ставив факулетот на прво место. Се надевам нема да ја заебам следнава сесија со цел да докажам дека сум направил правилен избор. Јебеш га, ќе имам брдо работа во останатиот дел од животот, месец и пол ништо не ми мења. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom