Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги!

Му благодарам на 21 век за удобностите на мојата кујна кои ми дадоа прилика со пола рака да припремам храна за моето семејство, да си направам кафенце и да уживам во денот. Не сакам што сум легната на перниче од облачиња, што дремам на тераса со поглед кон бетон место да уживам во мирисите на моите цвеќиња, нивната убавина и секојдневието исполнето со многу разговори и смеа со моите клиенти, не сакам да сум „болна“ ама ете, прв пат во мојот 3ипол децениски живот користам боледување.

Постов 2 дена го пишувам, изгледа сепак е оправдано боледувањето. Прибрав на крај таблет, од телефон тешко иде. Чајче пијам, грицкам бадеми и читам на киндле нешто, ама паметот ми е во пеперутчето. Сабајлево ја собра баба и насилно, божем ја имав киднапирано. Ми направи сцена пред луѓево што монтираа аларм, сва среќа дечкото од фирмава го познава супруг, иначе ќе го кркав. Одлучив да не премолчам па сега дремам сама во кујна додека во дневна се води жестока расправија на телефон. Ќе помине, ама ќе се невира некое време и ќе биде тажен без неа дома. А што ми беше убаво наутро да се шетаме на кеј со куцле, да јадеме гевреци и да пиеме чајче, да планираме ручек и да спремаме десерт за тато кога ќе си дојде од работа... Можеби да преќутев... Ама така само ќе се одложеше муабетот за некој друг пат. Утрово се договоривме да направиме мрзлива палачинка, јер со пола рака толку може. Ах бре детенце, зошто мора да растеш вака насилно без да си виновно за ништо?! Не знам зошто возрасните упорно лечат фрустрации преку децата за нивните неуспеси и немоќ. Се надевам дека копјата нема да се искршат врз неа и дека ќе успеат да се договорат пред да дојде роденденот, имавме толку многу планови... Мило дете!

Епа да смучкам јас мрзлива, можеби ќе успеам да измамам насмевка
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Постоело нешто што се викало sovietwave. И тоа е една од најубавите работи што ги имам откриено во последно време.



Познати ми се некои од песниве, не дека не, некои од нив како да ми евоцираат спомени веројатно од кога сум бил многу многу мал. Одлична комбинација од спомени и чилање.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
Се што треба да знаете за прогресот на државава може да го сфатите преку Фудбалскиот куп на Македонија.

Имено, првото финале во Македонскиот фудбалски куп во незавсина Република Македонија се одржува во сезоната 1992/1993, а во него Вардар и Пелистер играт пред 20 илјади гледачи на Градскиот стадион во Скопје.

Последното одржано финале во овој куп беше во сезоната 2018/2019, а во него се сретнаа Академија Пандев и Македонија ЃП на "Арената Тоше Проески" пред три илјади гледачи.

20000/3000 = 6.66

Заклучок: Ситуацијата во државата во 2019 е за 6.66 пати полоша од ситуацијата во државата во 1993.

Ѓаволски добро.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Викенд.....се будам без аларм....сепак порано, по навика. Пијам кафе на раат во дневна, со малку подотворена врата од тераса и слушам како врне.
Така пријатно чуство, не ми се излегува од врата....богами и не мрдам нигде. Како што врне и е тмурно, времево плаче за да се дремне во тек на ден. Може да се изгледа и некој добар филм.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
ДК,
4 пати беа на одмор, у нормални години по 6 пати, ама за да го надоградат лаптопот стар 6 години (и купен тогаш околу 20к) со ссд и рам и да ги кошта 3500 денари „ќе ги фатело ѓаол и пол, исто како да купиш нов лаптоп“.
ЕВРЕИ, ЕВРЕИ НАСЕКАДЕ
Да не праиме муабет дека у последен момент им текнува, кога залихата на скоро сè асално е слаба.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не сум некој верник ама религијата (освен кога се злоупотребува во име на насилство) ја сметам главно за убава работа. Им дава надеж во тешките моменти на многу луѓе и често пати е кочница луѓето да се испотепаат меѓу себе. Така да воопшто не ми пречи ако некој верува во нешто ниту па ќе му солам памет на некој во што да верува.

Ама ми пречи кога тоа ќе премине во претерување и помодарство. Кога тоа нападно се истакнува и каде треба и каде не треба. Споделување икони, пишување амин на слики на фб, честитање на секој можен празник (дури и кога е ден на некој светец за кој никој не чул), па и крстење кога се поминува покрај црква.

Од кај ми текна да пишувам за ова сега? Два-три дена гледам дека на ФБ се споделува слика од некое свештено лице и се пишува во коментар или на статус „Достоен“. Прво игнорирав, ама пуста љубопитност ме натера да се информирам во што е работата. Пошто не знам што им значи тоа „достоен“ прво помислив да не починал човекот. Прогуглав малку, читам човекот бил нешто како одговорен во манастир, сега заминал некаде и не се знаело дали ќе се врати. За мене тотално небитна вест за која не гледам зошто некој би се потресувал. Ама упорно се продолжи со сликите и коментарите. Една слика - 100 лајкови и 50 коментари „достоен“. Дури и од млади луѓе. Некои па за поголем ефект пишале на пример „достоен, достоен, достоен“.

Не, никој не може да ме убеди дека ова е нешто сосема нормално. Не го знам човекот, може стварно е добар и помогнал на многу луѓе. Ме радува ако е така. Ама не може некој да ме убеди дека ова се прави од големи религиски побуди. Не, се прави за да се биде дел од „стадото“ и да се докажува јавно кој колкав верник е. Да се биде во тренд демек. А вака кога гледам од страна не сум сигурен дали ова повеќе ми е смешно или језиво.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
Љубител сум на серии, филмови и остала кинематографија америчка али боже мој овие 4-5 години како ми е скиснато. Симнав некни едно сериче Altered carbon ( cabron со шпански акцент) и ај као демек нешто сајфај, холограми теч и остала багра. Ми штракнува Нетфликс на екран и одма ме удри потсвесно дека ќе очекувам црнец геј со лезбејка црна пријателка како и трансџендер брат со полубрат азијат со проблеми кон власта. Перипетии, заплети и БАМ на крај од прва сезона геј црнецот го залапува азијатот, пријателката црна со партнерката Michone посвојуваат дете и нормално белецот е диктаторот на футуристичкото општество. И така разорачан од оваа WOKE култура, земав ја избришав другата сезона и симнав Friends.
anyway
Пред некоја недела одев охрид и поминав горе на баиро, од двете страни на патот ставиле паравани да не фрлаат рамчевци ѓубре на патот. Cancel culture му направиле на нашите, другар :pos:. Напоредно со то ми излезе и тепањево шо се деси, на recommended ми излегува refko шегаџијата шо се сереше в шолја горе качен на куќа и шо излезе со тигрести гаќи на бензиска на то врнежо ко беше августо:pos: Шо вика еден другар, џабе вика ги форсира, од џуптин чоек не бива.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Да забележам дека во мои 30+ години, ова е првата година во која немам одиграно ниту еден натпревар (фудбал или баскет) на локалното игралиште, на кое сигурно сум оставил најголем дел од животот. Малку корона, малку другариве веќе се оженија и заборавија на маалото, дел се отселија, стандардни причини.
На тоа игралиште сум играл фудбал против 10-тина различни генерации, при што во последниве години сме имале противници на кои можам да им бидам татко. Низ оградата на стадионот на мојот локален нисколигаш (вечен третолигаш кој последниве 6-7 години живурка во општинска лига) сум изгледал над 500 натпревари од секаков карактер. Петлиња, пионери, кадети, младинци, трета лига, општинска лига, баражи за општинска лига, куп, пријателски, машки фудбал, женски фудбал. Со еден другар ги памтиме сите сцени кои сме ги просведочиле за кои книга од 10 тома, нема да биде доволна за да ги раскажеме. Памтиме играчи од пред 20 години, небитни фаци од третолигашкиот фудбал. Сме „израснале“ еден куп генерации полни со надежни фудбалери за кои фудбалскиот свет никогаш не чул, ниту пак ќе чуе. Замисли, другар ми кажува за некој негов колега, кога ми го спомна надимакот, ми текна дека некаде во 2002 или 2003 година, како позајмен играч од младинци на Вардар, настапи (можеби и единствен настап) за мојот локален клуб против ФК Скопје, во квалификации за куп. Небитен лик, кој ставил крај на кариера на 20 години, работи во кладилница, не го знаат подалеку од Припор. Во таа година, постоеше „хајп“ дека голем талент ќе игра за нас. Публика дојдена од цела Кисела Вода за да го гледа. Натпреварот фудбалска класика. Скопје тепаше со 1-4, иако ние бевме подобри, но многу поважно, промашивме пенал и еден од нашите играчи ја рогна кофата со вода (од нејзе се разладуваа играчите) и го направи татко ми жива вода. Добивме 2-3 црвени картони, имаше удар со маја гери, клоца во јајца, бокс во фаца, тепачка со Автокомандоси на трибини.
Од секогаш сме се палеле кога дресот го носел некој локален талент. И откако нашиот локален тим го изгуби локалниот шмек, немајќи ниту еден фудбалер од населбата, барем сме среќни дека годинава имаме солиден тим за да се помине општинската лига и да се вратиме во трета лига. Ако воопшто има нисколигашки фудбал годинава. Постот е напишан за да се издвои едно дете од населба кое денес, на пријателски натпревар, настапи против нашиот локален клуб, носејќи го дресот на противникот. Ех, да бев скаут... Детето не има плескано во фудбал низ маало, иако има 15-16 години. Веројатно нема никаква фудбалска школа, чист природен талент, пргавост, брзина, за жал му недостасува само агилност, што во трета лига би било пресудно за неговиот развој. Влезе во игра во второ полувреме, направи штоп на гради каков што ни мисирине од прва лига немаат и ја закопа топката во нашата мрежа. The local star is born. Ги собра аплаузите од 20-тина деца од населба. Татко му гордо гледа од трибини, а по натпреварот сите го пречекаа и му честитаа. Локална ѕвезда за која веројатно форумов ќе чуе само ако го пофалам јас по темиве, може да прерасне во одличен третолигашки играч, а со малку среќа би дошол и до некој ранг погоре. Тешко оди напредокот, кога доаѓаш од сиромашно семејство и почнуваш со полупрофесионален фудбал на негова возраст. Убаво би било тимот да се врати таму каде што припаѓа, а детево да го носи нашиот дресот, играјќи за клубот со години, како што некогаш имавме неколку играчи кои со деценија беа дел од клубот. Гледаме пријателски натпревар со другаров и си размислуваме кога бил последен пат кога сме гледале возбудлив третолигашки меч со сите финеси од селските лиги?! Одамна не сме биле силни, ниту конкурентни, да се надеваме дека времињата конечно ќе се променат.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
никако не можам да разберам луѓе што отвораат очи и центарот за зборење им е веќе пуштен на најјако.
Понеделник...Пушташ радио да се расониш накај работа и девојче објаснува за сите метафизички аспекти на викендов без ддв без воздух да земе. Гарант ќутела сирота цел викенд...
Менуваш станица, реклами за врати и прозорци по најниски цени! Па кој нормален плаќа да му тече реклама на радио во 8 сабајле?
После ми текна дека уште ми се тазе речениците и сцените од Fight Club (го гледав веројатно 10ти пат) и имам IP conflict...
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги,

Спиев 16 часа, од дома седење настинав и ме фати спавача болест. Изгинав! Ама утре одам на контрола и барам дозвола на писмено да подработувам по малку, бар да седам у цвеќара секако нема сама да сум па нема да биде теретот на мене.

И вечен непребол ќе ми биде што годинава нема да си напраам ајварче. Тетка ми понуди да ми направела, па да не ја мачам и реков не го јадеме тете веќе, не треба. За догодина ќе му ја мислам. Кога ќе извадам гипс ако има уште пиперчиња ќе испечам за у замрзнувач да можам пинџурчиња да си правам за мезе. Какво винце ми стигна вчера измислено за мезе. И сиренцето ќе стигне неделава од Гари, па ќе си активирам пекач за леб и ќе си праиме седенки пак.

Мажуле одмори поштено викендов, не му дозволив да чисти па ја викнав жената вонредно да дојде, а ние се спакувавме и на Велешко на пикник, прв пат купивме готвена храна бидејќи тргнавме у 5 за 12 и ич не ме бендиса, бррр... Ама го сефтосавме корпулето за пикник, се сликнавме за инстаграмите, ни ја дадоа и пеперутката со нас да ја земеме, ама да ја вратиме до вечер. Ич не ми се свиѓа што мора да моли да си го земе сопственото дете на викенд или спиење. Ваљда социјалното ќе се одлучи неделава кој има повеќе право над тоа дете, дали таткото или бабата, мислам шта речи. А таа милата, пресреќна, најмила на свет. Кога ја враќавме срце ми пукна, Тато кога ќе може да дојдам да спијам кај вас?!

Доста ми беше, почнав да осеќам мака со пишувањево со пола рака, ама па досадно ми е да дремам само така. Изгледав сто филма, серии, емисии за готвење, тв не е исклучен а никад не било така досега. Ајде ќе пројде се ќе се врати во нормала!
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
леле солзи ми потекоа на постот на @Saber Rider
заради такви ликови како вас фудбалот е она што е, жално што нема такви нови генерации се е на кладилница фрлено и на странски ѕвезди
продолжете и дај боже до 100 години да си исчекате :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.793
Кајганке :love:

Дејството на приказнава се случува во 2020 година, во Агенција за вработување.
Службеничката прашува „Што сте по струка?“
- „По струка сум Албанец“ - дава рафален одговор, при тоа џвака мастика, сочно и гласно да можат да го слушнат 2 шалтера подолу.
По струка бил Албанец Кајганке, замисли:vozbud:

И вчера Фатмир Бесими дава легендарна изјава дека главен извршен директор на Google бил Индиец :facepalm:Па кога можел индиецот зошто да не и овај стручниов наш сограѓанин од заштитената раса.

Луд јебе збуњеног.
Не сме ние нити за ЕУ, нити за НАТО, не сме ние за никаде. Ние сме колективно да се пријавиме во НАСА како експериментален проект за лансирање на живи суштества за населување на Плутон, што подалеку, тоа подобро. Ние сме само за со карта во еден правец и никако поинаку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom