Ноќеска сонував еден многу луд а истовремено и убав сон.
Се возев во капсулата на Мајорот Том и ја слушав неговата песна, ама го немаше ни Дејвид Боуви ниту пак видов кој уствари е Мајорот Том. Само јас во безтежинска состојба и гласот на еден другар. And I'm floating in a most peculiar way, and the stars look very different today. Не ги гледав ѕвездите.
И јако беше се додека во еден момент не се слушна гласот од контролната кула Ground Control to Major Tom... Your circuit's dead, there's something wrong... Can you hear me, Major Tom?
Ништо, не се ни трудевме да ги добиеме назад, само летавме, а во позадина непрекинато си свиреше Space Oddity, се додека во еден момент силна светлина не почна да влегува во капсулата и само го слушнав гласот на другар ми - и сега ќе се распрснеме на милијарда делови - во истиот момент се изгуби све само останав јас да лежам во безтежинска состојба во све бело околу мене. Се слушнав како реков - па јако било вака бе. Tell my wife I love her very much... she knows. (сеуште не знае, пошто ја нема, ама ќе дознае коа ќе се појави).
Ми беше криво само што не видов дали Planet Earth is blue (аnd there's nothing I can do).
Се разбудив и не бев ни малце вознемирен дека влегов во белата светлина, ми се мочаше и реков овој Дејвид Боуви е будала бе ама јака песна, станав да идам у вц и таму сијалицата прегорена... и мочав у темница.
Се вратив у кревет и морав да ја испоштувам песната уште еднаш. Ме интересира дали така умираат астронаутите, дали чувствуваат болка коа ќе им експлодира бродот, дали воопшто им експлодирува бродот или остануваат да плутаат во вселената се додека не умрат од глад. Јас сакам да верувам дека остануваат такви какви што се, ко Сандра Булок у Гравити, вечно да ја гледаат сината планета Земја... and there`s nothing I can do. ***->Moondust will cover you<-***
https://www.youtube.com/watch?v=iYYRH4apXDo
Гуглам сеа, david bowie 25 september и ми дава, на денешен ден во 95та искочил албумот 1.Outside каде ја има песната Hallo Spaceboy која се однесува на Мајорот Том.
***->Hello spaceboy, you're sleepy now, your silhouette is so stationary, you're released but your custody calls<-***
https://www.youtube.com/watch?v=heal8E-3Hh8